Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
толкава теретана а една бенч клупа епа стварно не иде, јас сакам да почнам таму ама од овакви работи се нервирам

Мала е теретаната, нема врска. Имаа еден дуќан екстра, го заменија за поголем, божем место за тегнење повеќе требаше. Гравитронот прашина собира, машината за стомачни што фаќаше два квадрата и беше 90 посто од времето расипана дури летово ја тргнаа. Decline клупата делот за нозете се клати, ќе се прокурчи некој со голема тежина без спотер и ИСИС ќе си играат после. Меѓу другото-искривена шипка веќе година дена селотејп што имаа ставено да не се користи се претргнаа, справи за кардио што не работат, нечиста (!) опрема.

Се на се многу лошо менаџирање на теретаната, ама ако можеш да го скокнеш тој факт и не е така црно. Ако си во можност најубаво е да одиш сабајле, многу се chill типците што се таму тој период или докај 5 саат, после гужва се прави од испотени мишки.
 
Па тие веќе сите професионалци се со огромни стомаци последица на користењето на некои супстанци. Dennis има дефинитивно најдобрите нозе, види само vastus medialis - от му и го спореди со оној на Dexter, Phil и Rhoden.
9941-dennis-wolf-197_final.jpg

http://www.musculardevelopment.com/...ries-posted-mr-olympia-2015.html#.Vf3a8dLtmko

Wolf е со совршена кондиција и излегува во најдобра форма на сцената.
Forearms? Calves? Superiorna mu e genetikata na Phil vo tie delovi iskreno, a i stage presence-ot.

Ali strashen grb ima Wolf, nema shto :D
 
Што се подразбира под тренинг за сила?
T8iOoJX.jpg

Популарни програми фокусирани на сила одат со 3х5/5х5 sets/reps на основните вежби. Пример Starting Strength и Stronglifts 5x5. Имаш и од вендлер по концепт 5/3/1 ама таа е за Intermediate па нагоре.
 
72 кила,отприлика 17%BF ,184 cm,некое време одев у теретана али прекинав мај.Моментално се обидувам да внесувам помеѓу 1600-1800 калории дневно(со правилна исхрана и кардио) и целта ми е да имам 13-14%BF.Сега прашањето ми е дали морам да имам weight training за да не губам мускулна маса во процесот.
 
Ќе минимизираш губиток со оптимален внес на протеини (2+гр по кг) и секако со тренинг. За калории од TDEE минус 300-500, со повеќе мускулна маса се губи бајаги.
 
Имам 17 години висок сум 180цм и имам 65 килограми. Веќе неколку дена одам во теретана па ако сака некој поискусен да ме посоветува како и што да вежбам за да имам поголема мускулна маса, и дали знае некој дали е можно одењето во теретана да ми направи проблеми со растот бидејќи играм кошарка а сакам ако е можно да пораснам уште 5/6 цм.
 
Зошто е пишано милион пати до сега, ќе ти дадам tl;dr.

Диета, вежби-https://www.reddit.com/r/Fitness/wiki/faq и https://www.reddit.com/r/gainit/wiki/index. Ако имаш екстра прашања по читањето на овие две, пиши тука.

Втор дел-"дали знае некој дали е можно одењето во теретана да ми направи проблеми со растот".

Незгодна тема е ова, никој неможе да рече да/не. Обично муабетот иде- не прави чучњеви ќе го заебеш растот или немој да вежбаш со голема тежина ќе го заебеш растот. Од лично искуство растот не ми беше успорен, него си тераше како во претходните две-три години, со тоа што незнам дали би пораснал повеќе/побрзо ако не сум одел во теретана. Дали ако сум знаел дека ќе пораснам уште 5 сантима би одложил теретана? Можеби. Пред теретана бев тип со релативно малце самодоверба, за кога веќе почнав да се "полнам" животот ми стане поинтересен, значителен дел од поголемата самодоверба=поголем респект од околината (женски/машки/професори likewise). Едно е во огледало да видиш тип што плива во маица, друго е кога ти рипа цицката и ракавите се убаво стегнати окулу раката. Кај тебе поголемата килажа ќе ти помогне и на терен, вака те бутаат кај сакаат.

Ако планираш да се занимаваш со кошарка професионално и/или реално имаш можности да успееш на тоа поле размисли, инаку лично би се фокусирал на ставање маса.
 
https://www.youtube.com/watch?t=15&v=74S7Hupwbw4 еве видео на таа тема ама незнам колку е точно... мислење?
 
Би сакал да се бавам професионално со кошарка но не сум сигурен дали ќе успеам во тоа имам тренирано, но морав да се откажам. Сепак наредната година ќе бидам студент па незнам дали би можел некаде да тренирам.
 
Пробај си се и во кошарка и во теретана, бидејќи немаш гајле за растење.
Мит е се тоа. Теретана нема никако да ти го успори или ограничи растот.
Не е возможно да се „набиеш“, така да понизок од сега нема да станеш.А за тоа дали ќе станеш повисок, да не заборавиме дека главен фактор за висината е генетиката.

Во теорија, со вежбање би требало и повеќе тестостерон да ти се лачи, што дополнително би помогнало во растот. Ама сепак тоа би го земал со резерва, бидејќи немам валидни референци, само второкласни статии.

Сега за сега единствено треба да се пазиш и правилно да ги изведуваш вежбите за да избегнеш повреда. За друго гајле да немаш.
 
Знае некој добра и ефикасна програма за масивни рамења и зголемување на мускулна маса(за слаби лица)

Имам 20 год и моментално сум тежок 63кг а пред да почнам со теретана бев околу 60кг. Одам веќе 2 месеца скоро по ред но нема кој знае некој си напредок(само 3кг имам качено)

Вискок сум скоро околу 175-180см.

Фала многу.
 
Ја сменив теретаната пред некој ден, сега одам во една кај што има и сауна. Ме интересира колку е паметно после добар тежински тренинг или после кардио тренинг да си поседам малку в сауна, дали има некакви здравствени проблеми да изморено тело пуштиш в сауна?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom