Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Вака сега имам 15 години и имам проблеми со килажата имам 60кг а висок сум 185цм може ли да земам да пијам протеини,гејнери или кретин нешто за да покачам на килажа
Јади бе, каков гејнер, каков кретин :) ако јадиш три, сега јади четири, ако јадиш четири сега пет. И мери се секој ден на вага. Зимата 3500-4000 калории внесував секој ден од храна само, со голема активност, тебе со 60 кг 2500-3000 таман ти се, ако вежбаш секој ден.
 
Последно уредено:
Ако мислиш дека само со исхрана ќе качиш 10+ кг, се лажеш. Освен ако не се затвориш 3 месеци дома. Купи си гејнер, дозирај како што пишува, пиј го констатно и ќе качиш. Затоа и се скапи, пошо ти го убрзуваат процесот. И квалитетни. Освен оние Стеф што ги произведува во подрум. Штета го нема веќе Монстерот во пбц, тој гејнер ќе ти завршеше ептен работа за супер цена. Овој ти е добар http://pbc.mk/proizvodi/gejneri/gainerator-detail

Па и јас мислам веќе да земам гејнер пошто видов дека со исхрана не бива а ја практикувам долго време така како што кажуваат добар ли е овој гејнер
http://pbc.mk/proizvodi/gejneri/hardcore-mass-phase-10lb-4540gr-detail
или овој можеби
http://pbc.mk/proizvodi/gejneri/max-mass-3xl-6-kg-detail
 
Првиот.[DOUBLEPOST=1436279352][/DOUBLEPOST]
https://www.youtube.com/watch?v=wvepURTm3Yg
ај пробај со овој шејк насабајле,практикувај неколку дена па кажи резултати.
Не бе ова замарање е секој ден, нека си иде на гејнер ако има пари
 
А за вториот пошо е 6 кг ама гледам дека е за професионални бодибилдери можеби заради тоа неможам да го пијам, мислев вториот да го земам бидејќи е повише ама чим е првиот подобар тој ќе го земам најверојатно
 
Не бе ова замарање е секој ден, нека си иде на гејнер ако има пари

Какво замарање, 5 минути работа... Едино проблем е што има поише масти него гејнер ама од оваа позиција што било само маса да стави.
 
Ако мислиш дека само со исхрана ќе качиш 10+ кг, се лажеш. Освен ако не се затвориш 3 месеци дома. Купи си гејнер, дозирај како што пишува, пиј го констатно и ќе качиш. Затоа и се скапи, пошо ти го убрзуваат процесот. И квалитетни. Освен оние Стеф што ги произведува во подрум. Штета го нема веќе Монстерот во пбц, тој гејнер ќе ти завршеше ептен работа за супер цена. Овој ти е добар http://pbc.mk/proizvodi/gejneri/gainerator-detail
Imas iskustvo so toj gejner? I dali e dobar? Za bratmi prasuvam?
 
Коа сме кај шејкови, некоја идеја за (интегрален) ориз?

На активнава тема на гејнери и шејкови.

Денес пробав нешто, ориз + млеко во блендер. Има вкус на сутлијаш, ама можеби ќе треба малце да се достави млеко/вода за потечно да биде. Цимет исто добро ќе дојде.

Имено, 200 грама интегрален ориз + некои си 650 мл млеко даваат густина на смеса за палачинки и нутрициона вредност 1100kcal|20+15P/26F/179C|~50денари, струја not included.

Него, едно прашање. Дали оние концентрирани течни капки ванила/рум/јагода што се користат во торти некој ги има користено во шејкови?
 
А зошто на пример ти требаат додатно бои и глупости во исхраната?
Ви пишав и погоре, овесните снегулки во блендер со пола лажица какао или пак со протеин се одлични и по вкус и по мирис.
Нема потреба да се додаваат додатни бои и вештачки вкусови.
 
Кога јадев само ориз брзо ми пукна филмот, само на поглед ме сечеше и морав да го јадам со нешто за да уживам во јадењето. Само што месо/брокула/грашок/морков нема шанси да бапнам у блендер заедно со млеко. Едноставно не ми иде.

Не дека со тоа боите ќе биде подобро од здравстен аспект ама кога е зорт, зорт е.

Уствари на крај краишта исти курац, а здрав, а нездрав важно да ти бил интересен животот, друго ништо.
 
Imas iskustvo so toj gejner? I dali e dobar? Za bratmi prasuvam?
Не, имам искуство со Монстерот и Геин Болик 6000. Еден човек со кој што зборев ми рече дека бил многу подобар од овие два, некоја посебна формула. Затоа е и скап толку.
 
Ц ц ц, 2-3 капки екстракт од ванила било штетно. :facepalm:
Јас не знам зошто цепидлачите толку, секако ќе умрете. Три пати да вдишите воздух додека поминувате на пешачки, е сто пати поштетно отколку 2-3 капки ванила во шејкот.

Околу калориите, уживањето и накачувањето килажа, еве од мене еден предлог:

Frikom Twice сладолед, паковање од 1700 грама, 100 денари.

- 2720 калории
- 47.6 гр. протеини
- 377.4 гр. јаглехидрати

Доколку дневно внесувате екстра 1000 калории, за една недела ќе накачите околу 1 килограм.
 
Кога јадев само ориз брзо ми пукна филмот, само на поглед ме сечеше и морав да го јадам со нешто за да уживам во јадењето. Само што месо/брокула/грашок/морков нема шанси да бапнам у блендер заедно со млеко. Едноставно не ми иде.

Не дека со тоа боите ќе биде подобро од здравстен аспект ама кога е зорт, зорт е.

Уствари на крај краишта исти курац, а здрав, а нездрав важно да ти бил интересен животот, друго ништо.
Ти дадов онака предлог, инаку твое си е што ќе ставаш. Ниту јас не се хранам здраво иако ти давам совет тебе.
Ц ц ц, 2-3 капки екстракт од ванила било штетно. :facepalm:
Јас не знам зошто цепидлачите толку, секако ќе умрете. Три пати да вдишите воздух додека поминувате на пешачки, е сто пати поштетно отколку 2-3 капки ванила во шејкот.

Околу калориите, уживањето и накачувањето килажа, еве од мене еден предлог:

Frikom Twice сладолед, паковање од 1700 грама, 100 денари.

- 2720 калории
- 47.6 гр. протеини
- 377.4 гр. јаглехидрати

Доколку дневно внесувате екстра 1000 калории, за една недела ќе накачите околу 1 килограм.
Никој не спомна дека ќе умри ако ги става тие 2-3 капки екстракт, не филозофирај и ти сега.
А ако толку сонувате да ставите плус 10кг за месец дена, може и по една торта на ден да си јадете крај краева.
Не е само да се стават килограмите, битно е и што ќе стави. А на дечкото погоре треба да му биде кристално јасно дека и со стероиди не е можно да стави чисти 10кг за месец дена, прашање е и за година колку ќе успее.
 
Детето е 60 кила, со 185 сантиметри висина. Промаја да го фати, ќе го оддува ко лист. И те како му е потребна килажа за почеток. Веројатно не е дотолку дудук, па да очекува 10 кила мускул месечно, штознам...
 
Па со оглед на тоа што цели филозофии и муабети се разврзаа за еден обичен гејнер, на тупење и барање да стани Лазар Ангелов ми изгледа работава.
1015 страни има уназад само во оваа тема, уште толку во темите за Исхрана и суплементи, али никој не ги отвора да прочита некоја страна.
Пишано му е и таму како може да се поправат со „чиста храна“, али така доаѓа малку поскапо. Ако сака само килограми на вага, тогаш е уште поедноставно. 2-3 литри газиран сок на ден, благо, брза храна, па ако сака и маратонец нека биде ќе се поправи.
Во глобала не гледам ниту корисни постови во последно време, се нешто бош муабети се вртат во празно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom