Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Не е нормално да се внесува по природен пат како храната + може да предизвика некои компликации, затоа пишав вештачки. :rolleyes:

Истите протеини што ги пијат вежбачиве се користат и во медицината.
Пример некој доживел тешка сообраќајка и привремено не може да џвака пошто вилицата му е скршена. Докторот ќе му препише да пие протеини.

Не тресете глупости...
 
Очигледно не сфати што ми беше мислата, ама нема врска... :)
 
Може некој да ми каже од каде да почнам со вежби и исхрана, само за оформување на мускулите. Имам 18 год, висина околу 175 цм и тежина 56 кг.
Знам дека сум доста слаб (сите тоа ми го викаат :D), проблемот мислам дека ми е неправилниот начин на исхрана. Незнам колку посто протеини, јаглехидрати и сл. работи треба да внесувам. Едноставно јадам што ми е убаво и точка.
А за вежбите, мислам дека тоа нема да ми биде проблем (youtube... (y)). Само ме буни една работа... едни викаат вежбај преку 1 ден, други секој ден, трети, еден ден граги, друг ден бицепс, трицепс... Незнам што би било нај правилно за почетник.

П.С. Вештачки протеини и слични работи - не. Само природна храна.

http://forum.kajgana.com/threads/ЧЕСТО-ПОСТАВУВАНИ-ПРАШАЊА-faq.64565/
еве линк прочитај тука имаш објаснато основите за исхраната која ти е потребна.
Тренинг програма, зависи дали во теретана, домашни услови или стрит воркаут :)
Пиши подетално што планираш да вежбаш и што нема да ти е јасно околу исхраната откако ќе го прочиташ тоа што го пишува на линкот погоре.
 
Ја користи бе некој странава?

Се внесува се што си вежбаш и се добива EXP, ко игра е нешто и левели има :D И за мотивација добра е.
 
http://forum.kajgana.com/threads/ЧЕСТО-ПОСТАВУВАНИ-ПРАШАЊА-faq.64565/
еве линк прочитај тука имаш објаснато основите за исхраната која ти е потребна.
Тренинг програма, зависи дали во теретана, домашни услови или стрит воркаут :)
Пиши подетално што планираш да вежбаш и што нема да ти е јасно околу исхраната откако ќе го прочиташ тоа што го пишува на линкот погоре.

Прочитав за исхраната. Доста добро е објаснето, нема потреба од прашања.:)
Иначе планирам во домашни услови да вежбам. Сакам бицепс, трицепс и градите да ги оформам (ама убаво :D)
 
Прочитав за исхраната. Доста добро е објаснето, нема потреба од прашања.:)
Иначе планирам во домашни услови да вежбам. Сакам бицепс, трицепс и градите да ги оформам (ама убаво :D)

Се во свое време, нема ништо преку ноќ да запамтиш. Гледај да вежбаш се, симетријата е најдобра. Среди ја исхраната, вежбај и запази на одморот, спиење и тн и полека се ќе си дојде :)
 
стомачниве мн ми се деформисани,не ми се у ред, и тоа башка од левата страна иам 4 од десна 3 и сите ми се со различна големина, сум прашал еден фитнес инструктор ,додуша и на него исти му беа нерамномерни и со различна големина и ми рече дека тоа си е до човекот,генетски дека неможе сите исти да се.. па сеа некој поискусен дали ова е вистина и што да праам?
 
Дали некој ја има пробано програмава?
Се враќам на основни-компоунд вежби, до пред 1 месец вежбав Туркај-Влечи-Нозе, сега сакам да пробам Горно-Долно тело да видам како ќе биде, планирам да ја правам програмава максимум 3 месеци бидејќи со толкав волумен тешко кој ќе издрже повеќе без повреда или оптоварување на телото.
 
Дечки дали во Скопје има на друго место продавница од Гладијатори освен таа кај грчка амбасада (колку што знам ја затворија). Има некој попуст али во битола не работеа па деновиве одам за скопје ми требаат некои работи да земам ако ги има и таму
http://www.gladijatori.com/gr-pro-sport-стегачи-за-зглоб-(фитили),-hos-hfa-777,-gr-pro_p738.html
 
Дали правите и back и front squats или се задржувате исклучиво на "задни" и дали повеќе страдаат колената со едните или другите? И дали се потребни големи тежини или и со мали (20-30 кг) може тој дел да се обликува солидно?
Според овие истражувања,
http://www.precisionnutrition.com/research-review-front-or-back-squats каде мерат ангажираност на одделни мускули и притисок врз зглобовите
вели предните чучњеви се во предност за предните и странични мускули со помали тежини, како и помал притисок врз колената.
 
Се продава орбитрек некористен, ако има заинтересиран приватна.
пс: Знам дека не му е место на мислењево тука
 
Ајде луѓе малце асистенција.

Добив ваква шипка што се прицврстува на вратата за вежбање. Еве подетално од сите ствари шо дојдоа со неа.

DSC03739.JPG DSC03743.JPG DSC03747.JPG

Е сега не знам баш како да ја монтирам. Еве ги инструкциите.

DSC03741.JPG DSC03742.JPG

Значи овие маливе, црни гумички треба да бидат заштрафени со штрафовите. Поклон ми е за роденден од другарите и од кај што ја земале им кажале дека не треба ништо да се буши, само да се прицврсти. Проблемот е што ако треба да се буши не би можел пошто не е мој станот и не смеам да правам дупки у вратата. Па дали може некој да ми каже тачно како се праи ова?
 
Ајде луѓе малце асистенција.

Добив ваква шипка што се прицврстува на вратата за вежбање. Еве подетално од сите ствари шо дојдоа со неа.

Прегледај го приврзокот 72142 Прегледај го приврзокот 72145 Прегледај го приврзокот 72146

Е сега не знам баш како да ја монтирам. Еве ги инструкциите.

Прегледај го приврзокот 72143 Прегледај го приврзокот 72144

Значи овие маливе, црни гумички треба да бидат заштрафени со штрафовите. Поклон ми е за роденден од другарите и од кај што ја земале им кажале дека не треба ништо да се буши, само да се прицврсти. Проблемот е што ако треба да се буши не би можел пошто не е мој станот и не смеам да правам дупки у вратата. Па дали може некој да ми каже тачно како се праи ова?

Врти го средишниот дел, така шипката се стеснува/издолжува и можеш да ја прицврстиш без дупчење.
 
Врти го средишниот дел, така шипката се стеснува/издолжува и можеш да ја прицврстиш без дупчење.
Пробав така али превише нестабилно е, не верувам дека ќе издржи кревање на неа... лесно можам да се нокаутирам на земја...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom