Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Целта ми е издржливост да можам што повеќе за тело си иам тегови па ме интересира за издржливост секој ден да праам или?

Неможам сигурен одговор да ти дадам за ова, зашто јас вежбам сосема друго нешто за друга цел. Тие што вежбаат издржливост нека дадат одговор :)
 
Пропаѓања дома?

Јас имам направено разбој самиот дома али не е покретен туку во дворот ми е од цевки забиени се во земја, исто и вратило си заварив сам дома плус два еднорчни. Вратилото го направив појако за да можам да ги поставувам на него вреќите боксерски. Ако имаш апарат за заварување, брусилица и бурмашина, малку креативност и да одвоиш некој денар овие работи се едноставни за изработка.
 
Интересно видео. Што мислите за ова што го збори? Има вистина во тоа или ни продава муда за бубрези?! Инаку, овој е главен батка во MUTANT. Mutant Whey и Mutant Mass што ги пиете, тој ви ги прави.
 
Интересно видео. Што мислите за ова што го збори? Има вистина во тоа или ни продава муда за бубрези?! Инаку, овој е главен батка во MUTANT. Mutant Whey и Mutant Mass што ги пиете, тој ви ги прави.

Рич Пиана е атлета спонзорирана од компанијата на MUTANT, а не нивен директор.

И што и да вели, треба да се земе во предвид фактот дека тој користи анаболни стероиди, за кој и самиот признава и неговата рутина функционира и е докажана само кај него, за кое истото и самиот тој го вели.
 
Интересно видео. Што мислите за ова што го збори? Има вистина во тоа или ни продава муда за бубрези?! Инаку, овој е главен батка во MUTANT. Mutant Whey и Mutant Mass што ги пиете, тој ви ги прави.

Да не се лажеме рацете никогаш нема да му изгледаа така без синтолот кој го има во нив а и она што ти го кажа Myers. Плус секој ден да тренираш раце? Па да може ако си на се она што и тој, но како природен вежбач не, барем не на подлог период.
 
Една од најнепотребните појави во бодибилдингов ми е употребата на синтол. Ок за професионалците што излегуваат на сцена веројатно е употреблив за да прикријат некои диспропорции и асиметрии, евентуално доколку е повреда на мускул во прашање да прикријат, да напумпаат и сл. Но тоа е само привремено и за на сцена, за естетика при натпревар, што не сум сигурен колку е дозволен, а веројатно доколку се претера лесно приметлив е и контра ефект ќе предизвика и негативни поени. Ова ќе кажат тие што се позапознаени со синтолот и неговата употреба.
Но, сум гледал видеа од обични батки што шприцаат синтол за никаква корист, да снимат некое видео на јутјуб, да шетаат по плажа и сл. Нема да им направи мускул, нема да ги набилда, нема да ги направи појаки. Само ќе ги напумпа привремено неприродно и нереално, често има и незгоди опасни по живот при употреба на синтол. Веројатно опседнатоста некогаш нема граници :)
 
Дечки да ве замолам нешто .. Дали ке може некој да ми направи програма на исхрана за цела недела за дефиниција.. на пример:Понеделник во толку часот то то и то.. вторник... и тн фала однапред !
 
Дечки да ве замолам нешто .. Дали ке може некој да ми направи програма на исхрана за цела недела за дефиниција.. на пример:Понеделник во толку часот то то и то.. вторник... и тн фала однапред !

Прво, ако бараш совет во врска со исхраната тогаш стори го тоа во другата тема.

Второ, не верувам дека некој од овде ќе може да ти помогне со твојот проблем поради неколку причини, од кои 1. Немаме познавање од твојата финансиска состојба, односно колку можеш да си дозволиш да трошиш за исхраната.
2. Немаме познавање од твоето досегашно искуство со теретаната, или вежбањето воопшто; ниту пак ги знаеме твоите податоци кои ќе помогнат грубо да се состави дневниот калориски внес - висина, тежина, години.
3. Ретко кој ќе се нафати да ти состави целодневна исхрана за твоите потреби.

Значи, што можеш да направиш е прво да земеш и прочиташ неколку страни од темата за исхрана, па да пробаш сам да склопиш некоја диета, и ние колку што можеме од приложеното да ти помогнеме.
 
Како да го пијам Dextrex Juice ? Би требало 30 мин еднаш пред тренинг заедно со креатинот и веднаш после тренинг со креатин + протеин, така ?
 
За пари никој не пиша и не ми се проблем... За добра и здрава исхрана нема врска тоа што го напиша погоре,за дефиниција треба да се зголеми внесот на протеин, да се намали внесот на јх , и да се распореди правилно исхраната, не знам зошто филозофираш толку иначе успеав да си составам сам програма и пресметано колку протеини внес јх и тн, ја пратив програмата кај фитнес тренер ми рече дека во глубала е супер ..
 
Па кој к*рац бараш некој да ти состави ????
 
Ми треба помош после една година во мирување од бодибилдинг се решив да почнам денес, отидов во теретана се запишав како што треба но едвај можев да дигнам до 10 килограми незнам што може да биде тоа проблем лани дигав по 50-80 килограми во теретана а сега некако многу сум ослабнат па се прашувам дали е од тоа што не сум јадел затоа што пред да вежбам не јадев цел ден.
И ако може совети од искусните кој вежбат повеќе од 2-3 години како до дефиниција нешто многу сало пуштив оваа година а имам и сало од страните многу инаку немам голем стомак.
Би сакал да се вратам во форма.
 
Како да го пијам Dextrex Juice ? Би требало 30 мин еднаш пред тренинг заедно со креатинот и веднаш после тренинг со креатин + протеин, така ?
Насабајле на гладно со креатинот и по тренингот со креатин, а после 10 дена само со креатинот наутро на гладно, инаку добро осмислен продукт само дозата на магнезиум е мизерна, колку го зема?
 
Дечки во врска со ластик за растегнување.. што има врска ако е од 3.5 кг, 4.5 кг , 8 кг...? зошто се тие кг ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom