Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Кај мене важи со поголеми тежини. Значи имам пробано и со повеќе повторувања и со комбинации на други мускулни групи и со удирање од различни агли но сепак најдобри резултати имав кога вежбав со 6-10 повторувања 6-9 серии под услов да имаш здрави зглобови и да немаш тендинитис, значи помал број серии, големи тежини и давање на максмумот не само колку да ги промандаш вежбите :D
Правев преку еден тренинг супер серии, на почетокот имав одлични резултати, ми се зголемија рацете многу за кратко време, али во последно време пак стагнирав и нема напредок се исто па исто. Инаку не да давам максимум по 2 дена едвај чаша можам да кренам после тренинг на рацете.
Лупам тежини максимум што можам, и ги терав со по 7-8 повторувања. Рацете ги вежбам скоро и како другите мускулни групи до отказ.
 
Рацете не растат кога се премногу форсирани.Од два пати неделно повеке не ги вежбајте.Друга работа е бројот на вежби\серии. Одкога почнав да правам "само" 3 вежби по 4 серии 12-10-8-6 повторувања за бицепс и трицепс раката пошна да расте од 39.5. на 42 см.. Исто такја бицепс трицепс везбам заедно во исти ден
 
Просто, едноставно, точно.
Најдобри резултати се добиваат посебно кога се вежбаат, препорачливо според мене е тренинг раце да биде после тренинг нозе каде ќе можеш да ги одмориш рацете од претходно вежбање, грб, рамо, гради.
 
Јадење, гејнер, вежбање е сега секој ден што имам тренинг во кој има трчење тоа е нормлано, морално е да се присуствува :) Некој совет плус за побрзо качување на килажа
 
Јадење, гејнер, вежбање е сега секој ден што имам тренинг во кој има трчење тоа е нормлано, морално е да се присуствува :) Некој совет плус за побрзо качување на килажа
Просто како грав, пресметај си ги калориите кои ги трошиш + 500 згора и ете ти. Ти сеуште повеќе трошиш од што внесуваш. Инаку ефтин извор на многу калории кикиритки. Ако сакаш уште побрзо да качуваш килажа и салце удри плус калории пример 1000че и имаш секој 4-5 дена плус пола килце салце грубо кажано :)
 
Просто како грав, пресметај си ги калориите кои ги трошиш + 500 згора и ете ти. Ти сеуште повеќе трошиш од што внесуваш. Инаку ефтин извор на многу калории кикиритки. Ако сакаш уште побрзо да качуваш килажа и салце удри плус калории пример 1000че и имаш секој 4-5 дена плус пола килце салце грубо кажано
Во 3 дози гејнер има 3000 калории, плус јадењето цел ден не верувам дека трошам повеќе од тоа.А и тренинзите оние навечер што има во нив трчање, еден ден се поинтензивни пред утакмица се со помал интезинтет.Од кај да знам колку трошам
 
Направи горе доле груба пресметка на храната калориски колку тежи во текот на денот и додади ги овие 3000 од гејнерот ќе удриш математика.
Деновите кога имаш тренинзи забележи какво темпо, колку време и слично и за тоа ќе најдеш отприлика колку би потрошил калории.
На крај собери ги калориите од исхраната и гејнерот па од нив одземи ги калориите на базалниот метаболизам (оние што се трошат без никаква физичка активност) и оние што ги трошиш на тренинг и ќе видиш дали си минус или плус.
 
Во 3 дози гејнер има 3000 калории, плус јадењето цел ден не верувам дека трошам повеќе од тоа.А и тренинзите оние навечер што има во нив трчање, еден ден се поинтензивни пред утакмица се со помал интезинтет.Од кај да знам колку трошам
Кој гејнер земаш?
 
http://cutting-edge-fitness.com/blog/find-pvl-mutant-mass-products-here е овој.Ајде уште некој совет плус, ако сакаш :D
По 12 дозерки ставаш скроз полни секој ден од ова :eek: Гејнеров недела дена ќе ти трае вака. Инаку побарај на интернет имаш калкулатор на калории кои ти се потребни за одржување на телесна тежина преметано со дневните активности што ги имаш.
 
Сигурно е 100 пати одговорено ова на темава, ама кај да барам сега...

Кога е ден за одмор, да се зема протеин, амино и глутамин? И ако да, кога? Бидејќи протеинот се зема после, а аминото пред и после вежбање ...
 
По 12 дозерки ставаш скроз полни секој ден од ова :eek: Гејнеров недела дена ќе ти трае вака. Инаку побарај на интернет имаш калкулатор на калории кои ти се потребни за одржување на телесна тежина преметано со дневните активности што ги имаш.
Не бе какви 12 дозерки што ти е, по 3 дозерки. :D
 
Не бе какви 12 дозерки што ти е, по 3 дозерки. :D
ама дечко ај разјаснисе малце поубо, таму погоре напиша дека 3000 калории зимаш од гејнер, а sajSiGa добро те праша дали 12 деозерки зимаш пошто 12 дозерки ти се потребни од гејнерот за да ги напраиш тие твои 3000 калории,со 3 дозерки којзнае дали имаш 500 калории
 
Цццц, па тоа значи дека веќе 2 недели грешка го користам.Го земав од другар, тој го купил и не го користил и не ми објасни дека треба така, а и не ми го даде во оригиналното пакување па не прочитав убаво, срамота

п.с Ај напишете ми како правилно да го користам
 
И на самото пакување пишува во колку грама што се' содржи гејнерот. Али ајде, ако добро памтам во 4 дозерки мутант мас има 260 грама прашак кој содржи 1060 калории 52 грама протеин итн. Зависи каква маса сакаш да ставиш, дали чисто на килажа само да рипнеш или квалитетна мускулна. Зашто ако планираш 3000 калории само од гејнеров да внесуваш ќе направиш Боки 13 форма наместо CR7 форма :D Затоа наубаво да искалкулираш колку калории сакаш да внесуваш или консултирај се тука па после израчунај колку треба да пиеш.
Како и да решиш јас би те советувал да не пиеш помалце од две дозерки наеднаш, тоа ќе ти дојде околу 500 калории и 26 грама протеинче. Moжеш и по 3 дозерки, 4 наеднаш мислам дека е многу.

Зашто си пишал дека го немаш во оригинално пакување еве што содржи гејнеров

http://www.iammutant.com/images/nutfacts_mutantmass_chocolate.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom