Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Ме интересира колку калории добива стекот екстра ако го пржиш во тавче? Пошто 90% така го спремам и го бришам со салфетка откако ќе биде готов.
И друга ствар, сите во салата ставаме масло и никој не замерува а ако пржиш во масло не чини?
Не е фората со калориите од зејтинот, фората шо кога зејтинот се пржи станува од “релативно-добри“ масти во “многу лоши“ масти.
Зејтин не пржен е поздрав во салата него зејтин пржен :)
EVOO во салата - најдобро :)
 
Дали кога сте на дефиниција (-500 кк) е нормално да паѓате на сила (значително помали килажи при изведуванјето на вежбите) ?
Гради од 70 на 55-60 кг
Рамена од 50- 35 кг
 
Дали кога сте на дефиниција (-500 кк) е нормално да паѓате на сила (значително помали килажи при изведуванјето на везбите) ?
Гради од 70 на 55-60 кг
Рамена од 50- 35 кг

Најнормална појава. Но тоа не е сила, туку енергија, а енергијата доаѓа од храната која ја внесуваме, па нормално е кога внесуваме помалку одколку што ни е потребно да губиме енергија.
 
Значи не е страшно, предпоставувам дека и со таков намален интензитет ќе има ефект од тренинзите?!?
 
Значи не е страшно, предпоставувам дека и со таков намален интензитет ќе има ефект од тренинзите?!?
Каков ефект планираш?
Чим си на дефиницја, ќе трошиш калории. Таков ефект се добива со било каква килажа.
Нема да качиш мускул или сила у никој случај.
 
Ako prodolzam da pagam celo vreme dodeka sum na definicija, koga ke pocnam na masa ke treba so prazna sipka da vezbam :P
 
Пред околу еден месец почнав да трчам на стадион, редовно следејки ја програмата 10k Runner, сега сум некаде на пола стасан. Се хранам редовно и здраво (барем така мислам) . Избегнувам масти, благо и солено, јадам само `ржен и пченичен леб. За месец дена ослабев 6 килограми со трчање, склекови, стомачни и дигање тежина, максимум 40 кила. Не можам поради некои причини да посетувам теретана и плус опериран сум од кила и секое дигање на тежина за мене е на некој начин болно.
Работата ми налага поголем дел од денот да бидам пред компјутер, но не е тоа проблем бидејки имам голема мотивација за спорт.
Сакам да ве прашам, од каде можам од Скопје да купам тегови од 6 до 8 кила, онака за дефиниција и да се одржавам во форма и колку пари би биле два такви?
И ако знае некој да ми каже какви вежби да практикувам со оглед дека сум опериран од кила и сеќавам болка при дигање на поголема тежина. И секоја препорака за суплемент би била добредојдена.
Висок сум 180, тежок 79кг. Бев 85кг пред еден месец.
 
Ја пратам темава често меѓутоа не пишувам, но сега барам совет од поискусните.
Во последните 20 дена ослабев 5 кила од 98 на 93 при што сум висок 190 цм... Единствено користев посредена исхрана од претходно, помалку леб, благо ич , газирани -негазирани сокови сведени на минимум , меѓутоа сега сакам да ослабнам до негде 88 кила , при што сакам предлог од вас која поздрава храна да ја користам напоредно работејќи со кардио вежби се со цел од 93-88 тоа што ќе го намалам да биде сало.
И да , дали важи тоа дека идеалната тежина за мажите е колку тешки толку високи како на пр. 190 цм= 90 кг?
 
Тегови имаш во сите спортски продавници низ Скопјево, а одприлика цените се движат околу 120-150 денари за килограм ако не се лажам.

За суплементи, чим се занимаваш со тежински тренинг, ти препорачувам да земеш протеин или (течни) амино киселини (едно те исто) па потоа ќе те советуваме како да ги користиш, иако не е голема филозофија.

Чим имаш проблеми од минатото, и директно се одзиваат кога работиш со тежини, биди претпазлив и не форсирај.
"Изгурај" 10-14 солидни повторувања на вежбите кои ги работиш и не обрнувај внимание на килажата. За поедноставно да знаеш дека работиш правилно, гледај кога ќе ги правиш последните две повторувања од серијата, мускулот да доаѓа до отказ и да те тера да престанеш.

Ја пратам темава често меѓутоа не пишувам, но сега барам совет од поискусните.
Во последните 20 дена ослабев 5 кила од 98 на 93 при што сум висок 190 цм... Единствено користев посредена исхрана од претходно, помалку леб, благо ич , газирани -негазирани сокови сведени на минимум , меѓутоа сега сакам да ослабнам до негде 88 кила , при што сакам предлог од вас која поздрава храна да ја користам напоредно работејќи со кардио вежби се со цел од 93-88 тоа што ќе го намалам да биде сало.
И да , дали важи тоа дека идеалната тежина за мажите е колку тешки толку високи како на пр. 190 цм= 90 кг?

Идеалната тежина е онаа со која си ти задоволен. Како изгледаш кога стоиш пред огладалото и дали си задоволен со себе си нема никаква врска со тежината на вага.

За исхраната - си ја утнал темата.
Прочитај во оваа тема за се што те интересира, и ако имаш нешто нејасно слободно пиши таму.
 
Дали кога сте на дефиниција (-500 кк) е нормално да паѓате на сила (значително помали килажи при изведуванјето на вежбите) ?
Гради од 70 на 55-60 кг
Рамена од 50- 35 кг
Па земи некој стимулатор пред вежбање, барем некоја форма на креатин и нема да паднеш на килажи, а ќе ти овозможи да ги зачуваш мускулите додека топиш масти.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom