Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
едно прашање до тие што вежбат
14 години имам и дали може да започнам во теретана имам доволна висина 185 . и уште нешто дали кај нас во Македонија има Некаде Casein Proteins и колку пари се дали е штетно да се пијат ?

Можеш полека да започнеш со запознавање на спортов, без користење на преголеми килажи.
И патем, зошто уште сега прашуваш за casein?
 
Дечки ај може сум напорен ама дај предложете некое добро протеинче, утре и така треба да одам Скопје па успат да си купам :)
 
Да ве прашам нешто околу креатинот, значи земав Micro-Creatin па незнам дали треба секој ден да се пие или само кога вежбаш(пошто јас вежбам преку ден, значи понеделник, среда, петок и така...) пишува дека првата недела треба четири пати да го пиеш- сабаље, пред и после тренинг и навечер, па после одкако ти заврши неделата нормално да си го пиеш само пред и после тренинг, значи поентата ми е - Дали треба секој ден да го пијам без оглед на тоа дали вежбам секој ден или не?
 
Секој ден. Во денови кога не вежбаш доволно ти е една доза наутро пред појадок.
 
Секој ден. Во денови кога не вежбаш доволно ти е една доза наутро пред појадок.
Нема врска тоа што плус земам и гејнер така? Пошо и гејнер земав и него го пијам после тренинг и навечер, и него исто така незнам дали секој ден да го пијам. Фала.
 
Дечки ај може сум напорен ама дај предложете некое добро протеинче, утре и така треба да одам Скопје па успат да си купам :)

100% Whey Gold Standard (Optimum Nutrition)

Прашање: Дали некој знае колку калории во просек троши телото со минимална активност?
 
Би можел ли да додадам уште еден тренинг за гради,пример во петок,еве ја програмата по која вежбам.

Вторник
Гради
Трицепс

Четврток
Грб
Бицепс

Сабота
Рамо, Трапез
Стомак
Нозе
--------

гледам од вторник до вторник имат 6-7 дена растојание дали е добро толкав одмор или да воведам уште еден тренинг неделно? какви би биле резултатите?
 
Реално само ти можеш да си одредиш според тоа како се чуствуваш дали е доволно одмор или не, ако опоравокот после тренинг е добар и не чуствуваш воспаление и болка во мускулите кои претходно ги имаш вежбано можеш слободно да уфрлиш уште некој тренинг.
Конкретно јас работам по систем:
пон-рамо+трицепс; off; сре-грб+трапез; off; пет-нозе; саб-гради+бицепс; off
 
Можеш полека да започнеш со запознавање на спортов, без користење на преголеми килажи.
И патем, зошто уште сега прашуваш за casein?

може некој подетално да ми објасни за касеинот ? употреба цена зошто помага?
 
Реално само ти можеш да си одредиш според тоа како се чуствуваш дали е доволно одмор или не, ако опоравокот после тренинг е добар и не чуствуваш воспаление и болка во мускулите кои претходно ги имаш вежбано можеш слободно да уфрлиш уште некој тренинг.
Конкретно јас работам по систем:
пон-рамо+трицепс; off; сре-грб+трапез; off; пет-нозе; саб-гради+бицепс; off

одма после тренинг не(истиот ден), ама после тренингот 1-2-3(од ден на ден се помалку и помалку) дена чуствувам воспаление во градите, а гледам има баѓи резултат вака :)
 
може некој подетално да ми објасни за касеинот ? употреба цена зошто помага?

Вид на протеин кој останува подолго во организмот и ги храни мускулите на подолг период.
Ако whey-от се апсорбира за 20-40 минути, и веднаш дејствува во обнова на мускулните влакна, касениот му треба подолго време, односно дејствува во подолг временски период.

Според мене (не куцајте капс лок одма после ова) и пилешки гради или туна ќе заврши иста работа, 1 час пред спиење. Што значи не е многу потребен касеинот освен ако можете да си го дозволите, а и ве мрзи да внесете храна во тој период пред спиење.
 
може некој подетално да ми објасни за касеинот ? употреба цена зошто помага?
Касеинот е протеин екстрактиран од млеко и за разлика од whey протеинот - споро се разградува, што го прави идеален за пред спиење бидејки му требаат само 45 минути да почна делува - а дејството трае и до 7-8 саата, што помага во намалување на катаболизмот при ноќта.
 
може некој подетално да ми објасни за касеинот ? употреба цена зошто помага?

Казеинот е составен дел од млекото (80% казен, 20% веј). Тој е протеин кој многу поспоро се апсорбира во крвната циркулација и тоа во рок од 6-8 часа накратко кажано.

Вејот како протеин се апсорбира многу бргу во крвотокот по неково конзумирање. Тој е најбрзиот протеин познат до сега и достигнува пик во апсорбција во крвната плазма за околу 90минути. Вејот има и поголема концентрација на Леуцин (аминокиселина која директно ја активира патеката за градба на мускули) одколку казеинот и поради тоа има поголема улога во градење на мускули.

Казеинот од друга страна по конзумиацја формира специфична форма на гел во цревата и поради тоа одложено се апсорбира и неговите аминокиселини во плазмата се ослободуваат постепено и побавно за 6-8 часа. Се смета дека казеинот има подобра антикатаболична улога (против разградба на муслулите) бидејќи мускулите постојано имаат на достапност оредено количество амино киселини од казеинот.

Гледано на подолг временски период од 8 часа утврдено е дека еднакви дози на веј и казеин предизвикуваат исто количество на мускулна синтеза само што вејот тоа го прави побргу и за поркатко време од 1-2часа, а казеинот во рок од 6-8часа.

Ако се одлучиш за казеин што е супериорен во однос на вејот за пред спиење тогаш гледај да во составот има calcium caseinat бидејќи тој доведува до ослободување на инсулин додека calcium micellar caseine ја нема оваа способност.
 
Како да го зголемам бицепсот имам дома 8 кг+2кг тегови склекови правам ама поише склекот удира на трицепс ,кажете нешто
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom