Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Што ќе му правиш на толкава количина месо, ќе се расипе?
--- надополнето: 2 февруари 2012 во 13:56 ---

Колку и да имаш брз метаболизам ако јадеш обилно ќе почнеш да качуваш килажа (ова од искуство ти го зборам). Најпрвин гледај да конзумираш 2гр протеин на КГ телесна тежина т.е. во твој случај околу 110грама протеини дневно (од храна како пилешко, рибјо, млечни производи,јајца...) ЈАДИ ОБИЛНО. Друго јади храна која што е збиена со калории (јаткасти плодови, суво овошје, банани, полномасно млеко...) Трето земи гејнер со добар процент на протеин и комплексни ЈХ во него. Четврто тренирај 3-4 пати дневно во теретана (обавезно бенч, чучањ и мртво дигање нека ти покаже некој како правилно се изведуваат за да не се повредиш). Пето спиј барем 8 часа дневно. Ако ги следиш овие смерници гарантирано ќе качиш килажа.

Се добро,но каков Гејнер да земам?
Препорака?
 
Шо мислите за справава? Далинавистина ќе има добри резултати? Ја има некој пробано? Што повеќе ми препорачувате, ова справа или обична штица, поточно ова ? Или пак некоја сосема друга справа за стомачни?

Благодарам. :)
 
Дома имам нешто слично на справата што ја имаш ставено,значи не баш иста али тука негде и да ти кажам ич не сум задоволен.
Јас мислам дека даската(втората опција) е многу поефикасна,барем за мене
 
Дали би пораснал мускулут повеќе со веј протеин или пак со гејнер? Дали е точно тоа деак со гејнерот ставас маса но во стомакот(за на вага) ?
 
Гејнерот е протеин (whey во главно) со декстроза/малтродекстрин.
А декстрозата помага во подигање на нивото на инсулинот и пренесување на хранливите материи во мускулот, особено ако пиеш креатин.
Доколку пиеш само whey по тренингот без декстроза, поголемиот дел ќе биде искористен за енергија која му е потребна на телото по исцрпувачкиот тренинг, одколку за храна на мускулот.
И ова е наједноставното објаснување.
За тоа колку ќе расте мускулот пресудни се многу фактори, а тоа, начинот на вежбање, дневниот одмор помеѓу мускулните групи и колку дена трае, исхраната (фактор број еден) итн итн.
 
Дома имам нешто слично на справата што ја имаш ставено,значи не баш иста али тука негде и да ти кажам ич не сум задоволен.
Јас мислам дека даската(втората опција) е многу поефикасна,барем за мене

А која е даска е најдобра за почетници, дали ова шо ја ставив или некоја друга? Малце глупо прашањево, ама ич ич не се разбирам јас за вакви работи. :)
 
Види на таа што ти викам дека е подобра(втората опција) како почетник немора да се пушташ до доле,за да не се преоптеретиш.Фина е даската а би требало и поефтина варијанта да е од таа првата
 
Не, прашањето ми беше, која даска (значи обична даска, не зборувам за таа првата), е најдобра за почетници. Ова е пример 2100ден, ова е мислам поскапа малце, сигурно има уште неколку вакви различни даски...

Не верувам да има некоја голема разлика, но да си прашам јас. :icon_lol:
 
На секој би требало различно да влијае секоја даска.Али ти како почетник земи си ја оваа од 2100 и пумпај.Сигурно ке има разултати
 
Доколку пиеш само whey по тренингот без декстроза, поголемиот дел ќе биде искористен за енергија која му е потребна на телото по исцрпувачкиот тренинг, одколку за храна на мускулот.

Мислам дека добар компромис е да се земе веј протеин а јаглехидратната компонента да се додава по потреба ио така да всушност имаме некој вид на домашно направен гејнер. Пример по тренинг веј со декстроза, во останати случаи може веј со банана, веј со овесни снегулки, веј со млеко и сл. На тој начин доаѓа доста поефтино пресметано на "гр протеин/денари", а и овозможува поголема слобода во комбинирање според потребите.
 
Не правам лоша реклама, ама според моја гледна точка гејнерите се само безпотребно фрлање на пари за шеќер и веј концентрат (најефтината форма)

И да, потполно се согласувам, воедно и го применувам системот на "домашно направен" гејнер.
 
и според мене ова е најдобрата "шема" , а парите за гејнер ја би ги дал за 10 канти чист високо квалитетен протеин!
--- надополнето: 3 февруари 2012 во 16:33 ---
Шо мислите за справава? Далинавистина ќе има добри резултати? Ја има некој пробано? Што повеќе ми препорачувате, ова справа или обична штица, поточно ова ? Или пак некоја сосема друга справа за стомачни?

Благодарам. :)

значи немојте да фрлате за ова пари, дајте ми ги мене тие пари ја ке ви изрежам abs ripper P90X , значи само таа програма за стомачни следете ја за месец дена нема шанси да нема резултати, со живот гарантирам... не фрлајте пари за справи за стомачни -.-

facepalm.jpg
 
1726009-shut_up_and_take_my_money_super.jpg

:)

Тука сме на форумов за да си помогниме за нешто, не мораш да се правиш паметен. Твојот пост ама баш никако не ми помогна. Кажи, шо треба како треба за програмава?

Овие се тие вежби или има уште нешто шо требит да знам за во врска со програмава? Можеби има и некоја посебна исхрана или...? Колку дена во неделата треба да се прави итн итн?

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom