Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Имам тегови(плочки и шипки) за продавање 4 плочки од 5кг и 4 по 2.5кг се кој е заинтересиран нека ми пише порака :)
 
Истовремено се закачивме на ова myfitnespall и гледам истите прашања ги тераме и бараме одговори.

Јас како што сфатив досега еве 9 ден автоматски ги калкулира бројот на калории односно ги собира на неделна база и според тоа ти дава инфо колку треба да внесеш дента за да оствариш резултат каков што си зацртал во goal's. На мујфитнес ти ги дава нет калории значи откако ќе внесеш и вежби и колку остануваш на крај на денот.
Појма неам може и не те сфатив што точно праша.
Кај мене функционира во 7 дена сум 3 кг минус.
абе не разбирам многу англиски и тешко ми е да го подесам
секој ден треба да пишуваш што јадеш или ....
браво бе за 7 дена 3кг екстра е тоа како успеа
што јадеш
 
да прашам нешто
дали се различни калкулаториве на оваа страна ми кажува You have a BMR of 2111.45.
а на myfitnespal ставив аппликација на телефонот и од ко направив акаунт ми го даде ова
Прегледај го приврзокот 62716
е сега не разбирам на првиов калкулатор ми се калории со не пресметан дефицит а на аппликацијава со пресметан дефицит јас така го разбирам дека треба да одам во минус од 660калории
ај некој нека ми каже да не се двоумам
веќе прерачунат дефицит е тоа 1450, ама не би ти препорачувал а јадеш толку малце
1600 е мин. според мене, ќе вежбаш поише и ќе ослабеш
не се брзај да ослабеш
 
Истовремено се закачивме на ова myfitnespall и гледам истите прашања ги тераме и бараме одговори.

Јас како што сфатив досега еве 9 ден автоматски ги калкулира бројот на калории односно ги собира на неделна база и според тоа ти дава инфо колку треба да внесеш денеета за да оствариш резултат каков што си зацртал во goal's. На мујфитнес ти ги дава нет калории значи откако ќе внесеш и вежби и колку остануваш на крај на денот.
Појма неам може и не те сфатив што точно праша.
Кај мене функционира во 7 дена сум 3 кг минус.

Премногу брзо губиш тежина што не е добро освен ако не си 100кг па имаш доста сало за топење. Јас еве за 3 недели симнав 2,5 кг со тоа што перформансите т.е. силата што ја имам во теретана ми е сеуште иста
 
абе не разбирам многу англиски и тешко ми е да го подесам
секој ден треба да пишуваш што јадеш или ....
браво бе за 7 дена 3кг екстра е тоа како успеа
што јадеш

Па да во основа секој ден внесуваш што јадеш и одлични се мерките има многу производи веќе ставени од балканскиве простори и од Македонија.
Јадам како што те советував тебе пред некое време доручек одиме банана+овес+јогурт до ручек може некое овошј плус, ручек протеин пилешко/туна/ салата одиме со тренинг после веј протеин и тоа е тоа.
Јас сум на околу 2100 калории на ден ама и интензивно вежбам - strength and conditioning.
--- надополнето: 25 април 2013 во 13:13 ---
Премногу брзо губиш тежина што не е добро освен ако не си 100кг па имаш доста сало за топење. Јас еве за 3 недели симнав 2,5 кг со тоа што перформансите т.е. силата што ја имам во теретана ми е сеуште иста

За жал не сум 100 туку отидов над 100 така што има бајаги за топење. Иначе нормално дека задржуваш сила ако се чистиш правилно не губиш мускул браво.
 
Не ми се слабее више а не ми се иде на булк.
Некој запознаен со recomposing, т.е. да држам maintenance калории и да вежбам, дали ќе топам масти и качувам маса (и 2те споро) во исто време?
 
Не ми се слабее више а не ми се иде на булк.
i_hug_that_feel.png

Инаку проблемот е што тешко дека ќе го погодиш одржвуањето точно зошто варира од ден во ден, особено сега летово, ќе се излезе, велосипед, по некоја активност плус може да изварираат калориите од ден во ден и за по 7-800калории, ќе треба за секој ден посебно да пресметуваш што е малце напорно
 
Oд око мислев, знам дека е напорно.
Еве претходнава недела мислев дека сум на булк или барем одржавање - завршив 200 грама полесен >.>
 
Дечко, слушај сеа! Проблемот ти е во тетивата што го поврзува мускулот со коската. Прво, си правел повеќе повторувања отколку што реално можеш (и почесто си вежбал отколку што реално можеш)
Второ најверојатно имаш лоша позиција на зглобот при извршувањето на вежбата. („лоша„ за тебе, не е „лоша„ ако посебно го нагласува ш тој дел во вежбањето, али тоа е advanced, сепак мислам дека ти си утнал нешо)
Трето можно е да имаш слаба подлактица (и пошто вежбата е тешка, телото ти компензира од лакти, особено ако имаш лоша положба на лактите!)
Тука гаѓам сеа пошто не можам да знам со гаранција, али што и да е, прво мора да најдеш што го предизвикало и да го смениш, пошто цело време ќе ти се јавува и џабе ти е лечење..

Сега ти поминува за 5 минути болката пошто е почетен стадиум и имаш само мало оштетување. Али ако продолжиш со исто темпо, ти гарантирам дека ќе доведе до потешка повреда.
Ако не прекинеш со вежбање и не направиш одмор најмалку 2 до 3 недели целосен и не се враќаш постепено назад до нивото што си бил каде што ти се појавила болкат, можно е целосно кинење а со тоа setback од 6 месеци и повеќе.
Значи, ОДМА паузирај со вежбање. Консултирај се со доктор кој претходно лечел ова (не оди кај било кој доктор...ако се доктори, сум слушал многу глупи совети за ова). Не може никој да биеде сигурен од нет што имаш ти, али мислам дека е ова што ти го кажувам..

Можам да ти кажам мене што ми помогна:

1 одмор
2 лед на местото (5 минути, неколку пати на ден)
3 разни истегнувања на сите околни мускули
4 одмор

Одморот е најбитен. Секогаш кога ќе почувствуваш болка на местото, вратен си на почеток и цело време го одлагаш лечењето. (Затоа кај некои дечки ова трае со месеци, заради дисциплината - не можат да прекинат со вежбање)

Али за обично вежбање на вратило, не треба да трпиш болки вакви..

И пошо тука некој се најде паметен и искоментира као дека било „до шипките„ ... везе нема дечкото, ова нарушување може да се јави на СЕКОЈА вежба а и не мора да е вежба, може да е и било која активност што се повторува (повеќе од што можеем да издржиме)
И нешо битно: на кој не му е омилена вежба вратило, не го бива за нишо :)) Така имаат речено скоро сите ѕверови низ историјата, така да размислете со мозочето пред да кажувате глупости за „вежбање на шипки„
фала,паузирав едно 3 недели од вратило сега се фатив пак и ме болат зглобовите на рацете посебно на левата рака само на pull ups и неможам да ги правам ,а додека кога вежбам chin ups ,со дланките накај мене свртени немам болки никакви па ке продолжам така да вежбам сеа за сеа додека не осетам подобрување некое .
 
Oд око мислев, знам дека е напорно.
Еве претходнава недела мислев дека сум на булк или барем одржавање - завршив 200 грама полесен >.>

200 грама? Ме заебаваш?

Прво, сум разочаран и од тебе и другар ти од начинот на кој го имате сфатено тој лимит на калории.

Демек ако денес внесеш помалце калории одошто ти се потребни - ќе топиш масти, а утре ако внесеш повеќе одошто ти се потребни ќе градиш мускулна маса ?

Телото не функционира на тој начин. Прво му требаат добри недела до две да се навикне на новиот режим за да почне да "реагира" на истиот.

Значи ако ти денес внесеш помалце, утре повеќе и тоа го правиш константно тогаш најверојатно правиш она што ти го велиш одржавање.

Калориите што не си ги внел денес, ги внесуваш утре и во принцип не му даваш на телото да одлучи дали да почне да “чува“ резерви или пак да почне да слабее.

А на прашањето дали можеш да топиш масти и градиш мускул во исто време, пак постојат некои теории кој викаат дека е возможно.

За пример Intermittent Fasting диетата многумина велат дека ако се прави коректно можеш да ја оствариш целта од топење масти и градење мускул во исто време. Мое мислење неможам да дадам за истата се додека не го испробам тој начин на исхрана. Но, ако имаш вишок време и нерви... go for it.
 
Aбе не е поентата шо се 200 грама :D (и нормално дека не гледам за еден ден, не сум толку извеан, реков на една недела сумација сум завршил 200 у минус место барем толку плус шо мислев дека ќе биде, ме сфаќаш? вкупно пола кило помалце него шо мислев се измерив, у рок од 7 дена)
А за нерегуларниов пост, сум чул, ама не го сфаќам многу многу како и де.
Имаш некој линк за "intermittent fasting simplified/for dummies" нешо такво?
Практично не знам како би го применил.
 
Некој хинт како да финиширам со чистење, остана малце сало над стомачни само и никако да го тргнам а нејќам да ја затегнам диетава пошо мускулно ќе платам :) Мислам дека се движам околу 15-12% масти, линијата на средина излезе а на допир ги осеќам стомачните

Двапати кардио на ден ќе заврши работа?
 
Дан рикнам со овие :icon_lol:
Има во аптека? Рецепт?
на своја рука ги зимаш, пази се, не се ситници овие
ја врска неам искуство али мој совет е да не си играш да земаш вакви на своја рака пошо ја лично од ефедрин (псеудоефедрин поточно) од апчиња за настинка/затнат нос, имам истрипано ептен, напади на паника и фобии
не реагира секоја хемикалија позитивно на сечие тело
 
Затоа и му пишав дека ефедринот ако има некој проблем особено со срцето да не го зема.
Кленот и салбутамол ги имам користено нема да има гајле, ќе му се тресат рацете и грчеви се јавуваат али тогаш калиум и магнезиум ќе си земи од аптека и гајле нема.
 
Си чул не си дочул, не си играј со калиумот, него калциум и магнезиум е тоа што треба за грчеви
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom