Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Што мислите за HALO-то во комбинација со whey, monohidrat, плус некој витамини?
Веќе има монохидрат во анаболик хало, само како и секогаш Маслтек се прави многу паметен и не сака да наведе колку. Ништо чудо да е 0,1грам.
 
anabolic halo(го искористува слободнио тестосерон) сигурноо :) глупост невидена како и секој друг производ на мт...монхидрат веј и глутамин, златна работа..
 
Работата е што е за џабе пари, 1200 па се двоумам. Тоа во него што има е сигурно во минорни количини. Ако некој има пробано користено и слично добредојдено е мислењето негово.
 
има акции на мт. ама размисли зашто од 2600 се по 1200 :vozbud:
 
И мене ме чеша ама не на стомакот туку кај ребрата само незнам од што ми е тоа(иначе што имам забележано од двете страни на ребрата сува ми е кожата)...Не сум бил дебел па за брзо време да ослабнам и да ми се појават стрии...Сум го имал тоа малку сало отсекогаш али како што кажав малку..Сега ако може некој да ми каже дали е тоа некоја почетна фаза пред појава на стрии или што ми е сува кожата можно е да ме чеша???
 
Дали практикувањето на други спортски активности(играње фудбал) ке придонесе повеќе за правењето убаво градено тело или ке ме уназади?
 
не може да те уназади.. ке ти дојде како кардио :) лично играм баскет неколку пати неделно
 
здраво потребна ми е помош
вака, држам килажа (варира) 78/79kg висок 175/6, сакам да прашам како да ги ослабнам бутовите? сепак , во споредба горното тело имам сало да,не толку приметливо но сепак бутовите ептен ме вадат. неможам дури ни соодветни фармерки да си најдам :( , секаква помош е добре дојдена, и да прашам колку има влијание возењето точак , и трчањето,неколку спортисти ми имаат кажано дека само ќе ги зголемам така, а некој пат напротив ке ги ослабнам. благодарам многу!
- пишете бе нешо,макар и да ме излажете
 
- пишете бе нешо,макар и да ме излажете
Неможе да ослабнеш само во бутновите туку може цел. Стави се на диета (исхрана, тренинг, кардио) дојди до 10-15% масно ткиво па ќе видиш како ни бутови ни стомак ни никаде нема да се познава сало. На тоа додади доволна количина мускул во теретана и ќе изгледаш супер.
 
фала ти , јас веќе еден месец имам направено сопствен режим околку исхраната , што веќе имам исфрлено (благо,сокови,пржено,сувомеснато(некогаш на сабјале со сендвич користам,но ретко), леб на сабајле едно парче до две, за ручек половина навечер житарици, и просто сум изненаден од фактот дека за само околу 20/25 дена ослабнав 5 kg,во истото вклучив и многу пиење вода , правење склекови пред спиење и одма наутро, сепак планирам да се зачленам во теретана од 1ви , па да видиме како ќе оди , а подоцна кога ке се стопли времето исто така и малце пливање. па резултатите ,што мора да напоменам дека започнав со 83 kg , на висина од 175cm
 
На 175цм висина идеално треба да имаш 66 кг. Зборувам за нормален човек не за билдер. Контролирај ги калориите, јади чисто, вежбај колку што можеш особено кардио ако не те толку интересираат мускули и резултатите ќе дојдат.
 
на 187 колку треба да се има идеално ;)?

пс: Дур сме тука ...почнав вчера со тие 8мин абс и денес после саат време од вежбање (значи втор ден ги правам) ме корне стомак ненормално , неможам да дишам -.-

За колку време со секојдневно вежбање по 2 пати би имало (мааааааааааааааааааааали резултати бар) :)
 
76 килограми, инаку зависи што сакаш да постигнеш. Стомачните се прават воглавно во кујна, така да ако имаш сало врз нив макар и умерено сепак нема многу да се познаваат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom