Момци да дадам мое актвино учество на форумот како вежбач, а воедно потребна ми е Ваша препорака, ама би сакал од некој кој го има применувано на себе и мисле дека дало резултати.
Значи со мали прекини прекини вежбам некаде околу 3-4 години. Сакам во наредниот период да се посветам повеќе на вежбањето. Околу вежбите, програмата за вежбање мислам дека е ок.
Би сакал да дадам поголем акцент на исхраната. Иако и во моментот внимавам што, кога и колку јадам, би ми било од помош доколку некој се занимавал малку подетално и има изработено листа на оброци денвно, неделно со временски распоред (на пр.1 ден: наутро по станување јаглехидрати 100 гр(мусли, ориз компир исл.) после 2-3 часа овошје, зеленчук, 2-3 час доза протеин 25-30 гр, па повторно 2-3 часа главен оброг пилешко, туна 30-35 гр протеин, 50 гр јаглех. исл. 2 ден: ............................................................., 3 ден: ................................). Знам дека постои разлика од организам до организам, возраста, начинот на вежбање, но добро би било да имам општ преглед на исхраната. Инаку во моментот вежбам за покачување на мускулната маса, ама не би сакал по секоја цена да ставам маса, би сакал да биде чиста мусклуна маса.
Друга работа, колку што можам да забележам по форумите постои разлика околу тоа што да се јаде пред а што после тренинг, пред самиот трениг 1-2 час, да се внесуваат само јаглехидрати, а после трениг само протеини, некои прават комбинација, како би било најдобро за организмот.
Однапред фала и очекувам дека некој ќе даде сугестија!