Близнаците на Менгеле

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Иако е околу 6 децении прекасно за Третиот Рајх, сепак нацистичкиот доктор Јозеф Менгеле најверојатно успеал во својот генетски инженеринг и создал град на близнаци во Бразил, тврдат историчарите.

Човекот кој имал задача да создаде ариевска раса за Хитлер, меѓу другото требал да открие и како таа раса побрзо да се размножува, односно сите затруднувања да завршуваат со близнаци.

Според аргентинските историчари тој успеал во ова второто.

Во книгата Mengele: the Angel of Death in South America, авторот Хорхе Камараса тврди дека ја открил мистеријата зошто секоја петта бременост во едно мало бразилско гратче завршувала со близнаци, од кои најголемиот дел се со руса коса и сини очи. Инаку, светскиот просек е еден пар близнаци на 80 бремености.

Откако Менгеле избегал од Аргентина на почетокот на 60-те, тој се преселил во германската енклава Колониас Унидас, во Парагвај, од каде во 1963-ра започнал со редовните патувања во Бразил.

Во разговорите со мештаните на Кандидо Годои, Камараса открил дека Менгеле постојано го посетувал градот во почетокот на 60-те, прво преставувајќи се како ветеринар за подоцна да почне да им нуди медицински третмани на жените од градот.

За разлика од остатокот од светот, жителите на Кандидо Годои имаат позитивни сеќавања за Менгеле. Откако успеал да им ја излечи стоката од најразлични болести, Менгеле им објаснил на селаните дека може да изврши вештачко оплодување на стоката но и на луѓето во градот.

"Она на што сите се сеќаваат во своите сведочења е дека непознатиот доктор задолжително им земал крв," изјавил аргентинскиот историчар.

Иако никој не е сигурен кога точно Менгеле пристигнал, првите близнаци во градот биле родени во 1963-та, годината кога прв пат излегле и извештаите за неговото присуство.

Извор + нешто повеќе


Доста интересно, пред се, останува да почекаме истото да се потврди. Несомнено е колку медицината напреднала во тој период... но врз сметка на што...
 
Никој нема право да си игра БОГ, без разлика дали тоа е добро или лошо за човештвото.
 
Колку што сме учеле по историја, (која не ми е јака страна, ако згрешам не вриштете, фаља:wink:), овој Менгеле бил жив шутрак... Штета што вакви подмолни политички интереси, (светско завладејување на Германија и чистата Ариевска раса) се причина за ова навистина големо достигнување, односно, дознавање на кодексот за правење близнаци :) . Но, според мене е навистина нехумано и бедно, да се оди против она што е природно, па да се клонираат луѓето. И онака и овака - нема ништо совршено, па не би била ни потенцијалната Ариевска раса. Несовшеноста е баш симпатична.
 
Ја ко што знам чоеков дур бил у Аушвиц ги шиел тоа евреите за да направи близнаци, онака со сила:pos:

Колку само го обожавам чоеков, Slayer дури и песна имаат направено за него!
 
Баш за типов денес зборевме на час по историја. Во тој градот каде што вршел генетски истражувања просекот на бебиња близнаци биле на секое петто, за разлика од други места каде што било на секое осумдесето. И сите бебиња што се раѓале биле со руса коса и сини очи.

Си имал закон смрт, на осумдесет и нешто години го бапнало срцев удар додека си пливал во морето.
 
Менгеле почнал да прави операции кои во тоа време биле апсолутно незамисливи, огромен дел од тоа што Менгеле го работел сеуште е во голема тајност а само како дел од тоа што тогаш го работел се трансфузиите, трансплантациите, операции за целосна промена на полот, промена на крвните групи итн. Трансплантациите како што знаеме поконкретно таа на срцето почнаа да излегуваат во јавност дури кон крајот на 50тите, сепак реков и погоре, напредок но на сметка на што.
 
напредок но на сметка на што.
На сметка на милиони измачени и убиени луѓе.
Не вреди таквиот напредок,без разлика на плодовите што ги донесува со него.:nenene:
 
На сметка на милиони измачени и убиени луѓе.
Не вреди таквиот напредок,без разлика на плодовите што ги донесува со него.:nenene:
Не вреди ама вреди, и сами гледаме колку животи се спасуваат со техниките кои се усовршиле во тоа време, само да се надеваме дека нема да се повтори истото.
 
Ангелот на смртта,тој човек не ми е јасно како е спијал,во логорите со затворениците е правел што сака.Експериментирал се што е можно со шприц во срцето директно бензин да види какви се реакциите,секакви трансплантации,грозна работа.
 
Многу злобен човек, сум читала нешто за него на интернет, се сеќавам читав дека правел операции на живо (ужас!), експерименти и што не и се тоа на евреите за време на Втората Светска Војна. Какви не ужаси се изначитав!! Не знам како некој може да го велича човеков, се разбира дека треба да има напредок во медицина, во се, меѓутоа на некој похуман начин.
 
Mengele ..ѕвер бил .. али ѕвер бил и за антропологија и генетика ..можеби и најдобриот во светот ..бидејќи ја имал таа ѕверска привилегија да си прави експерименти на луѓе .. неограничен ресурс на пациенти имал .. па ништо чудно што отишол чекор понапред од другите на тоа поле ..
 
Ова можеби ќе звучи грозно но...
Менгеле ги вадел очите на децата што имале сина боја и мислам дека ги ставал на други тела.
А знам дека нацистите во земјите во светот за да добијат повеќе русокоси луѓе, се претставувале како модна агенција каде примале само русокоси луѓе и си сини очи, за подоцна тие да бидат присилени да се размножуваат меѓусебно.
Менгеле бил монструм со секое значење на зборот.
 
Менгеле не бил монструм, Менгеле бил гениј во секој поглед само штета што нацистичката идеологија преовладала, замисли само целата таа брилијантност да била насочена кон продуктивно унапредување на генетиката, денес ќе бевме каде што ќе бидеме за 15 години
 
Навистина, некои дури и го нарекуваат татко на генетиката. Менгеле бил супериорен лекар и генетичар, тоа што му недостигало човечност е друга работа. Во секој случај, никогаш не искажал каење за тоа што го правел, најверојатно сметал дека тоа што го прави е за повисоки цели, веројатно се водел по девизата на Макијавели: целта ги оправдува средствата. Но, склон сум да верувам дека доста од неговите испитувања не биле залудни, најверојатно сојузничките лекари „украле“ нешто од него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom