Блам држава

Слобо економија кошаркаров.
 
наместо да им свирнат кривични што признале дека фалсификувале увозни фактури, овие им се смилувале и ќе ги качуваат смрзнатите цени :tapp:

убаво рекол народот.....кој признава пола му се простува
 
Моето прашање беше
Прашање: Дали е противуставно(или нелегално) ова сценарио:

* собранието распишува референдум за прашање x кое има за цел да воведи нешто ново(пример прифаќање преспански договор)

* референдумот не постигнува цензус и пропаѓа

* собранието, по 4 месеци после референдумот расправа за истото прашање кое бара 2/3 множинство за да се усвои

а одговорот беше
Ако се прави така, не се почитува вољата на нарoдот, а тоа е противуставно а со тоа и противзаконски. Уставот е дециден околу тоа-мора да се спроведат одлуките од референдумот

Исто, на моето прашање

еднаш за секогаш-уставот не препознава консултатитевен референдум. тоа е измислица на шарените куртони. секоја одлука на референдумот мора да се почитува

И случајно уставот да препознаваше консултативен референдум-не беше референдумот распишан како консултативен референдум, така?

одговорот беше

Да....сите предходни изјави беа давани дека ќе се почитува вољата на народот

@Vartolu , се согласуваш со излагањата на @gjoko-mkd?
 
@Vartolu , се согласуваш со излагањата на @gjoko-mkd?
Јас си го кажав својот став за референдумот. Не знам која ти е оваа игра на зборови и барање мислење за да дадам на цитираниот член. Јас бев ПРОТИВ промена на името на мојата татковина, кога веќе решија да распишат референдум требаше МАСОВНО сите да излезат и да гласаат ПРОТИВ промена на името, наместо бојкот. Така имаше шанси повеќе да не го постигнат тоа што го постигнаа - го променија името.

Инаку, јас не знам дали било законски или не, ама стопати се повтори дека референдумот е консултативен. (останатиот дел од изјавава ти е уште една од многуте лаги искажани за да се насамари Македонскиот народ)

 
Јас си го кажав својот став за референдумот. Не знам која ти е оваа игра на зборови и барање мислење за да дадам на цитираниот член. Јас бев ПРОТИВ промена на името на мојата татковина, кога веќе решија да распишат референдум требаше МАСОВНО сите да излезат и да гласаат ПРОТИВ промена на името, наместо бојкот. Така имаше шанси повеќе да не го постигнат тоа што го постигнаа - го променија името.

Инаку, јас не знам дали било законски или не, ама стопати се повтори дека референдумот е консултативен. (останатиот дел од изјавава ти е уште една од многуте лаги искажани за да се насамари Македонскиот народ)

Можеш да ми објасниш правно што значи консултативен референдум?
 

Да, ова личи на акциите за заплена на брашно...во Арачиново и Грчец.
 
Пред неколку дена од Грчец љепотаниве преку ноќ се прикучиле диво на струјата на ЕВН и заради тежок дефект скоро пола Сарај немаа струја ...
Ovie pa od EVN uste go popravaat defektot, abe glumi deka ne moze da se popravi i ostaj gi edna nedela na sveki.
 
Можеш да ми објасниш правно што значи консултативен референдум?
Правно за ова прашање како и за многу други е хаос. Прво во Уставот во одредбите за референдум не е предвиден консултативен референдум. Член 73 вели дека одлуката донесена на референдум е задолжителна. Нема ништо за консултативен референдум. Ама во законот за референдум во член 8 е предвиден референдум за консултирање на граѓаните и одлуката донесена на тој референдум не е задолжителна. Во правото никогаш понизок акт нема предност пред повисок кога тие се во спротивност, особено не кога доаѓа до судир со Уставот како највисок правен акт. Ајде превид напрајле кога го носеле Законот за референдум и вметнале консултативен референдум. Ама тука треба Уставниот суд да реагира и да ја поништи оваа одредба. Нормално дека нема да реагира кога е под контрола на сдс и дуи и не смее да а да речи. Мислам дека имаше поднесена иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на овој член или за некое друго прашање поврзано со референдумот не знам точно, ама дали дојде до разрешница или уште се чува во фиока и тоа не знам. Друго, во самиот Закон за референдум се предвидени ситуации во кои одлуката донесена на референдум мора да е задолжителна. Во член 29 се вели дека одлуката за менување на граници на Македонија и за стапување или истапување од сојуз или заедници на држави е задолжителна. Е сега ако се има предвид какво беше прашањето на референдумот, еу и нато претставуваат сојуз на држави што значи не може консултативен референдум да се распише за членство во истите. И покрај тоа што неуставно во законот е предвиден консултативен референдум, самиот закон дава заштита од негова примена за овие две прашања за границата и членство во сојузи и заедници на држави.
Значи муртинските опинци со одлуката за распишување референдум го повредија и Уставот и Законот за референдум, ништо неочекувано од нив. За нив тоа е обична тоалетна. И тука ни е Уставниот суд популарно наречен чувар на уставноста и законитоста, ама во реалноста е чувар на правните акробации на власта која и да е. И на крај нашите одлични закони кои се во спротивност со Уставот меѓутоа си продолжуваат со правното дејство, не се укинуваат, а нашите правни и уставни експерти продолжуваат со нивните експертизи дека имаме одлични закони на хартија, проблемот бил во нивната имплементација. Ни на хартија се одлични, ни ги имплементираат како треба.
 

  • Договорот кој владата го потпишала предвидува милионски пенали за Бехтел и Енка доколку не добие зелено светло 60 часовната работна недела.
  • Во случај Собранието да не ги донесе законските измени со кои ќе се овозможи работниците што ќе работат на автопатите да бидат работно ангажирани 60 часа во неделата, државата од буџетот на основ на отштета ќе треба еднократно да ѝ исплати на американско – турската компанија 53 милиони евра народни пари за пенали.
  • Освен еднократната отштета, ќе треба да се плаќа и 1,26 милиони евра месечно а на ова дополнително ќе треба да се платат уште 900.000 евра секој месец, обелоденува Александар Николоски кој имал увид во договорот (овде има и фотографии).

Следно е по бубрег од семејство и 2 литра крв годишно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom