Правно за ова прашање како и за многу други е хаос. Прво во Уставот во одредбите за референдум не е предвиден консултативен референдум. Член 73 вели дека одлуката донесена на референдум е задолжителна. Нема ништо за консултативен референдум. Ама во законот за референдум во член 8 е предвиден референдум за консултирање на граѓаните и одлуката донесена на тој референдум не е задолжителна. Во правото никогаш понизок акт нема предност пред повисок кога тие се во спротивност, особено не кога доаѓа до судир со Уставот како највисок правен акт. Ајде превид напрајле кога го носеле Законот за референдум и вметнале консултативен референдум. Ама тука треба Уставниот суд да реагира и да ја поништи оваа одредба. Нормално дека нема да реагира кога е под контрола на сдс и дуи и не смее да а да речи. Мислам дека имаше поднесена иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на овој член или за некое друго прашање поврзано со референдумот не знам точно, ама дали дојде до разрешница или уште се чува во фиока и тоа не знам. Друго, во самиот Закон за референдум се предвидени ситуации во кои одлуката донесена на референдум мора да е задолжителна. Во член 29 се вели дека одлуката за менување на граници на Македонија и за стапување или истапување од сојуз или заедници на држави е задолжителна. Е сега ако се има предвид какво беше прашањето на референдумот, еу и нато претставуваат сојуз на држави што значи не може консултативен референдум да се распише за членство во истите. И покрај тоа што неуставно во законот е предвиден консултативен референдум, самиот закон дава заштита од негова примена за овие две прашања за границата и членство во сојузи и заедници на држави.
Значи муртинските опинци со одлуката за распишување референдум го повредија и Уставот и Законот за референдум, ништо неочекувано од нив. За нив тоа е обична тоалетна. И тука ни е Уставниот суд популарно наречен чувар на уставноста и законитоста, ама во реалноста е чувар на правните акробации на власта која и да е. И на крај нашите одлични закони кои се во спротивност со Уставот меѓутоа си продолжуваат со правното дејство, не се укинуваат, а нашите правни и уставни експерти продолжуваат со нивните експертизи дека имаме одлични закони на хартија, проблемот бил во нивната имплементација. Ни на хартија се одлични, ни ги имплементираат како треба.