Блам држава

Ајде вака-дали олеснувања и поволностите кои ние (Македонија и Македонците) би ги добиле со влезот во ЕУ ќе значат и задржување на нашинците овде, во Македонија, или тие олеснувања ќе значат забрзано отселување? Дел од Македонците на пример, не чекаат влез во ЕУ туку се сетија дека имаат „б‘лгарски происход“, извадија бугарски пасоши со цел да решат стои животни проблеми и потреби.
Тоа е еден од проблемите, блгарски происход кој е на наша штета, но дали граѓаните се директно виновни?
За отселувањето, хрватите исто се иселуваат, бугари, румунци, па и нонеу срби босанци. Граѓани на една еу држава одат, работат кај што им е поповолно услови, плата и слично. Миграции имало и ќе има, слободен проток. Проблемот не е во оние кои (мора) да се иселат него во нашата држава која или не им овозможила пристојна живеачка или односот од институциите им се дојдени до гуша. Секако, некои и за кариера.
Сумарум, Македонија губи луѓе ради системот и властите, не ради самите тие луѓе и ради огромната партизација дури и во приватниот сектор. Секој сака подобар живот.

За странски инвеститор треба образованието да се подобри. Дали и колку соработуваат образовните институции со реалната економија? Нула, ништица. Кадри штанцаат и бројно и по "образованост" како им текне.
Значи пак државата зарибала мнооогу одамна, од пред тие транзициски случувања.

И конечно, зашто „институциите на системот„ имаат потреба од „камшик„ за да го сменат начинот на своето (непрофесионално и коруптивно) однесување? Треба ли цел живот некој „од надвор„ да не‘ тепа за да ни дој‘ умо‘?
зашто сме такви пак со институциите. Читај погоре, барал за прекувремено, го отпуштиле. Ние 10 години се бориме со поткупени адвокати, судии, стечајни, полиција (т.е. криминаалци),...и против еден "анал-итичар" што прави и анкети и се дружи со секоја власт. Ама коа немаш пари да подмачкаш, повеќе од него/нив така ќе е.

Значи блгарски произход, иселување и намален наталитет се одраз/ради на нашиот трул систем, а не ради ЕУ. Да не беа еу и сличните, администрација ни компјутери ќе имаше ни пописи ќе направеше.
ЕУ има само еден услов кој никогаш нема да го прифатам, менување на историјата, учебниците и таквија рабоќе. Почнувајќи од транзицијата, војната, учкистите, па едно време бришење на мак јазик од меѓународните институции, до промена на знаме и име, сето води кон одредени заклучоци, сами заклучете какви.

За сите други критики ЕК дури се и благи во споредба со реалноста.

Тек кога би отварале чаптер по чаптер од acquis кој има над 30 поглавија/теми, дури и без бугарските ултиматуми ќе го онадиме ежот небричен отпозади.

За државите кои биле примени, а слични со нашата (криминал, корупција и ред фалинки), тие им биле битни од одредени прични веројатно. Ние со слични такви фалинки очигледно не сме.

Извинете, многу долго пишувам, знам дека некој сега ќе ситничари, реплики за ситници во текстот ама и така лежам цел ден овие недели. :)


 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom