Блам држава

За градење згради не ти треба многу капитал колку што ти требаат врски во општина.

Ако имаш врски, земјиште, ископ, изградба можеш да искомпензираш за станови.

За да отпочнеш со гардење на пример, за своја лична потреба, нека е тоа и „обична„ куќа, и тоа како ти треба капитал за: проектна документација, комуналии, градежни материјали, работна рака, инфраструктурни приклучоци, дозволи за ова и за она....под услов веќе да имаш купено градежна парцела.

Ако за куќа ти треба почетен капитал, дотолку повеќе ти треба за објект со поголени димензии...начинот на кој ќе продаваш станови е друга „философија„.

Врски во општината не ти се потребни, оти за таа „цел„ веќе постојат разработени „методи„...тие методи некои ги наракуваат „мито и корупција„....и за нив не се потребни „врски„.
 
За трагедијата што се случи вчера, навистина жално, сочувство до семејството на починатиот.
Но ова не може да се нарече само несреќа. Ова е последица на долгогодишен хаос во градењето, без доволни контроли, без почитување на правилата и со постојано префрлање на одговорност. Кога системот не функционира како што треба, вакви работи стануваат речиси неизбежни.
Прашање е сега дали конечно некој ќе сноси одговорност или сепак не .. како и обично.
( И секако ќе се појави некоја душичка со предлог да збориме за убави работи… :cautious: )
Позитивно е само кога нема одговорност, изглеа.
 
Се‘ ќе си остане „....како и до сега...„, како рече Аца Антиќ.

Системот е до коска корумпиран па лудило е во таков систем да се бара нечија одговорност.
 
Инвеститор е едно, градител е друго, а двајцата ќе се офајдат од продадените станови,

Зошто не се почитуваат безбедоносни мерки ако си свесно човечко суштество и ги знаеш законските регулативи при градење, како и последиците од непочитување на тие регулативи, најопасно со фатални последици вре работниците кои се подложени на животен ризик при градежните работи?

Затоа што шупакот е тесен, ем сака пари, ем не му се дава каде не мора т.е да се прескочи нешто што може да се прескочи при градење на зграда, затоа што тоа коша дополнителни средства, па користејќи ја својата ВИП положба се прескокнува таа фаза и се прави ископување за темели, санким раскопува бавча за садење, а идат 5 метра во далбочина, без заштита на страничен земјински ископан раб кој секој момент може да постане слечиште, како што се случи и ги покри градежниците токму на местото под слечиштето, каде еден работник загинал задушувајќи се под земјата на слечиштето.


Обврските на инвеститорот во градежништвото во Македонија се дефинирани со закон и вклучуваат низа правни, технички и безбедносни одговорности. Клучните обврски вклучуваат:

Обезбедување документација:
Инвеститорот е должен да ја обезбеди целата потребна проектна документација, одобренија за градба и други дозволи пред почетокот на изградбата.

1.Безбедност на градилиштето: Инвеститорот е одговорен за безбедноста на работниците и градилиштето, особено при ископ на темели и други градежни активности.
2.Исполнување на законски обврски: Инвеститорот мора да ги исполни сите законски обврски кон купувачите (станарите) и институциите, вклучувајќи навремена изградба и соодветна документација за објектот.
3.Ангажирање надзор: Инвеститорот може да ангажира надзорен орган за следење на квалитетот на изградбата.

... во одредени случаи, ако инвеститорот е правно лице, тој може истовремено да биде и изведувач на градбата. Повредата на овие обврски може да резултира со сериозни последици, вклучително и одговорност за несреќи на работното место.
Цитат:
„Инвеститор на објектот е компанијата Нар Инвестмент, основана во ноември 2025 година, со сопственик и основач Ивица Коневски, поранешен градоначалник на Општина Аеродром. Изведувач на градежните работи е Компанија Јакимовски, сопственост на Предраг Јакимовски, кој во текот на денот остана недостапен за медиумите. Коневски изјави дека земјиштето е во семејна сопственост и дека за градбата се обезбедени сите потребни одобренија.“

1-1-360x533.jpg5-360x517.jpgimages.jpgсдф.jpgimages.jpg


... инвеститерот укажувал дека ги имал сите потребни документи за градба, ОК тоа важи во погоре наведени обврски под бр.2, ама под бр1 и бр3 обврската Ивица Коневски подбацил не испочитувал законските обврски и треба кривично да одговара!

types-of-shoring-construction.jpg

...при градежни работи се обезбедува околното земјиште да не би се излело врз работниците како слечиште кога се иде во длабочината на темелите на зградата, местото немало никаква потпора ни заштита, земјата влажна од претходните врнежи и се случи тоа што се случи!

types-of-shooring-6.jpegWhatsApp-Image-2024-02-26-at-15.31.26_ede668af.jpg

... еве пример на неколку потпори што го држи околното земјиште да не стане слечиште и каде работниците можат во безбедоносни услови да работат.

images.jpgфгх.jpgtrench-box-687180114_edited_webed11a0a2d30c682b82ddff00008da7ce.jpg

Screenshot 04-25-2026 15.14.45.pngmedia-2-800x450.jpg

... во ова градилиште каде се случи и несреќата, како се гледа нема ниедна безбедоносна потпора во ископувањето во длабочината, не знам како тоа инвеститорот бил „потресен“ од трагедијата, а не превзел две законски обврски, да ги повторам:

1.Безбедност на градилиштето: Инвеститорот е одговорен за безбедноста на работниците и градилиштето, особено при ископ на темели и други градежни активности.

3.Ангажирање надзор: Инвеститорот може да ангажира надзорен орган за следење на квалитетот на изградбата.

... до сега во последните години се случиле многу вакви несреќи со фатални последици и некако барем јавно само се спомнува што се случило и толку, крајот и одговорноста никогаш не се спомнува, па затоа ваквите несреќи ќе се повторуваат кога нема санкции, без разлика кој е инвеститорот!
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom