Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 5.272
- Поени од реакции
- 8.574
... во отпадните води во Гостивар, како и насекаде, доминираат фекални бактерии кои укажуваат на загадување. Најчести се:
Ешерихија коли (E. coli): Најсигурен показател за фекално загадување.
Колиформни бактерии: Група бактерии кои се користат како стандарден маркер за вода загадена со отпадни материи.
Интерококи: Фекални бактерии кои исто така се користат за детекција на загадување.
... отпадните води може да содржат и патогени предизвикувачи на цревни заболувања, како што се Salmonella, Shigella и Campylobacter.
...прашање, колку го чини здравството поради несовесност на овие 5 лица одговорни за намерно мешање на отпадни води со водите за пиење во главниот извор во Вруток ???
... ,,кога над 2.200 жители на Гостивар побарале медицинска помош за неполна недела поради повраќање, дијареја, температура, стомачни болки и општа слабост, во едно деноноќие биле прегледани уште 260 пациенти, таквата концентрација на исти симптоми во еден град веќе не може да се објаснува само како вообичаен летен пораст на труења со храна, без темелна епидемиолошка истрага."
и???
...прв кривец, како што кажал Директорот на гостиварската болница Емри Бајрами и немало простор за паника затоа што примероците од водата што ги испитал Центарот за јавно здравје биле исправни!
... втор кривец, Директорот на Центар за Јавно здравје Тетово кој кажал дека примероците на испитаната вода биле исправни.
Неколку дена подоцна,
...значи гостиварчаните и понатаму дополнително се труеле затоа што водата за пиење не била прогласена за загадена поради овие двајца функционери кои стоеле позади коментар за исправна вода за пиење, тоа се првите двајца кривци!
... дошле по граѓанска пријава централни институции - Агенцијата за храна и ветеринарство која издадала забрана за употреба на истата вода поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна и централниот Институтот за Јавно здравје Скопје нагласил дека водата од градскиот водовод не смеела да се користи за пиење, подготовка на храна, миење овошје и зеленчук, правење мраз, кафе, чај или храна за доенчиња, ниту по превривање, сè додека забраната официјално не биде укината.
... во главниот цевковод била поставена пумпа без одобрение, преку која директно се внесувала вода од реката Вардар, три пумпи во речното корито, во близина на истекување отпадни води, со цел да се зголеми притисокот во водоводната мрежа,
... трет кривец, Градоначалникот Валбон Лимани соопштил дека редовните анализи на ЈП „Комуналец“ покажувале дозволени вредности и дека немало докази за мешање на канализациска и водоводна вода, според него, на посочената локација немало канализациска мрежа (лага?)
... четврти кривец , Директорката на „Комуналец“, која тврдела дека спорните пумпи работеле кратко и на 25 јуни, односно повеќе од две недели пред масовното јавување на пациенти.
...петти кривец, работниците на ЈП ,,Комуналец" ги измешале цевките иако знаеле дека е тоа неправилно, без разлика ако било под наредба или самоволно, како и операторите и чуварите кои не требале да го дозволат тоа, затоа се чувари на ,,чиста вода".
...сите овие пет посочени 4 функционери и ,,повеќе работници" се одговорни за масовното труење со загадената вода за пиење и треба да сносат кривична одговорност, а функционерите треба да бидат разрешени.
Така треба да функционира една правна држава, брзо, ефикасно што чекаат сега и одоговлечуваат нешто што е чисто видливо?
...да не носат експерти од странство или ќе измислат Комисии за одговорност за да се заташка цела ситуација, позната финта за заштита на партиски функционери кои се огрешиле свесно, а богами и толку им е и знаењето со купени дипломи, многу знае тој што содржи отпадната вода и што значи бактерии, ова е све резултат на необразованост и неписменост и несовесност на дотичните функционери поставени на осетливи и одговорни места, е па сега треба да одговараат кривично и да бидат разрешени, а не да се слуша дополнителни коментари ,,дека не чувствувале одговорност" !
...а др Клековски нека даде извештај колку го чинеше здравството на сите тие прегледи на 2 200 пациенти од дадена терапија поради несовесноста на овие фукционери што дојде до епидемија во Гостивар, со што се скратува буџетот на болницата за давање здравствена услуга на други пациенти и немање на терапија за другите пациенти.
НОВИ 60.000 ЛИТРИ ВОДА ЗА ГОСТИВАР Мицкоски вели дека ќе почне процесот за прочистување на водоводниот систем
Нече народ пити више говна. Шесдесет хиљада литара чисту домачу воду је обезбедио Жмицомирович, шта очете више?
Јел ве глобалисте плачају да будете издајници свог народа и пишете овакве ствари?
Малку кураж за јужносрбијанците...
Последно уредено:









