Бизарни јадења и пијалоци

  • Креатор на темата Креатор на темата Hiperaktiv
  • Време на започнување Време на започнување
Кога нема дома ништо за јадење може да ја посетувам темата, за да ми се згади и од јадење и од живот и од се....
 
Суштествава што ги изнагледав во темава сега кога ќе си легнам ќе ги сонувам како ми шетаат по ќебето. Што ми требаше :sick::sick::sick:
 
како фино си проголта ноев анус ....:sick:папок од камила, печен пајак , ......:eek:јагнешки тестиси ......

 
Пржени пајаци

Поминете извесно време во Камбоџа и најверојатно ќе имате можност да вкусите пржени пајаци. Овој деликатес е особено популарен во Skuon, град што е околу 50 милји северно од главниот град Пном Пен, а arachnid (вид пајак) специјално се чуваат и одгледуваат во дупки под земја пред да се готват во масло.

Најчесто се служат со лук и сол, а се пржат се додека нивните нозе не зе вкочанат. За пајаците се вели дека имаат вкус сличен на пилешко месо и имаат главно крцкава текстура. Стомакот, за разлика од главата и нозете е мек и од него излегува кафеава паста, која се состои од органите, јајца и измет на пајакот. Поголемиот дел од луѓето избегнуваат да го јадат овој дел, но оние што сепак го јадат велат дека е прав деликатес.

Ова јадење не само што се јаде заради неговиот вкус, туку и жителите на Камбоџа веруваат дека тој има многу лековити својства и може да помогне да се ослободат тешкотиите од астма, болка во грбот и други
заболувања.

fried-spiders.jpg
 
На бедуинските свадби готват печена камила која е полнета со овци , а тие полнети со кокошки, а кокошките со риба, а во рибите јајца
и Јас сум во шоооооооооооооок:sick::sick:

b4ebb4e6f4.jpg
 
КОРЕЈСКО ВИНО

Станува збор за вино од глувци кое е специјалитет во Кореја и Јапонија, познато како „здрав тоник“, а оние што го пробале велат дека има вкус на нафта.
Прегледај го приврзокот 42308

Начинот на кој се произведува ова вино е навистина морбиден и грозен,колку што е суров!
Прегледај го приврзокот 42309

Додека сеуште непрогледани бебиња,глувчињаТА СЕ одземаат од нивните мајки,живи се оставаат во оризово вино и се оставаат да ферментираат.За да биде искуството уште по морбидно,глувчињата не се вадат од шишињата и пијалокот се сервира со нив! Кхмм...НАЗДРАВЈЕ НЕКА ИМ Е! Дали би пиеле нешто такво?
Прегледај го приврзокот 42310
Е добро бе мајка му стара, биваше да ти го прочитам мислењето за време на пиење??? Ми се згади од глувциве....да си е**ш векот :D
 
До кај стигна светов..... гревота за убиените животни...., а тие што го произведуваат ова се дефинитивно скренати.
 
До кај стигна светов..... гревота за убиените животни...., а тие што го произведуваат ова се дефинитивно скренати.
Да,многу греота за штетници.Ќе видиме дали ќе збориш вака кога ќе ти влезат во амбар и на житото мамата ќе му ја расплачат.
 
Да,многу греота за штетници.Ќе видиме дали ќе збориш вака кога ќе ти влезат во амбар и на житото мамата ќе му ја расплачат.
Не зборам за змиите и за инсектите, туку за зајчињата и пилињата, па дури и за глувчињата :D
 
ова ми го имаат сервирано пред мене. ај тоа, него кога ќе ти понудат нешто и возбудено те зјапаат за давидат реакција...2871298238_1ba885966a_z.jpg
ова е италијанското познато сирење со црви од сардениа
bees.jpg

а ова се ларви од пчели кои по избор се сервираат живи или пропрженки малку
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom