Бизарни јадења и пијалоци

  • Креатор на темата Креатор на темата Hiperaktiv
  • Време на започнување Време на започнување

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Возраст
31
Локација
Берово-Скопје-Љубљана-Стокхолм-Београд-МАДРИД!
КОРЕЈСКО ВИНО

Станува збор за вино од глувци кое е специјалитет во Кореја и Јапонија, познато како „здрав тоник“, а оние што го пробале велат дека има вкус на нафта.
kor vin.jpg

Начинот на кој се произведува ова вино е навистина морбиден и грозен,колку што е суров!
vince.jpg

Додека сеуште непрогледани бебиња,глувчињаТА СЕ одземаат од нивните мајки,живи се оставаат во оризово вино и се оставаат да ферментираат.За да биде искуството уште по морбидно,глувчињата не се вадат од шишињата и пијалокот се сервира со нив! Кхмм...НАЗДРАВЈЕ НЕКА ИМ Е! Дали би пиеле нешто такво?
kofilj.jpg
 
Можеше погадна работа да ставиш o_O. Фала богу живеам во Македонија и има нормално вино :) Што би правел ако ми бутаат разноразни животињчиња, би се откажал од се.
 
Фала богу живеам во Македонија и има нормално вино :) Што би правел ако ми бутаат разноразни животињчиња, би се откажал од се.
Дали пиеш пиво?
Дали знаеш како ферментира пивото?
 
Другарче бе кај ти текна на темава што фино си лафевме за животните.Ми отиде појадокот посабајлечки.:DИнаку ова е премногу со глувциве,но јас имам пробано:snake-wine-200803-ss.jpg
Snake wine уште наречено snake blood...прошверцувано од братучед на мој пријател директно од Чајна и тоа беше една од најглупите работи кои сум ги направила во животот затоа што 2 дена ме искина стомак.
И кога бев во Шпанија,во мексикански ресторант пиев Мескал или tequila warm текила со црв во шишето но со неа беше ок освен фактот што се опив од една чашка како да сум испила 2 чоканчиња ракија.:D
oro-de-oaxaca-mezcal.jpg
 
Пијам пиво, и сам правам пиво. Животни не ставам. ;)
Како ферментира?? баш ме интересира :D
Само еднаш имав прилика да видам што има внатре при контрола на хаварија на сад (резервоар) за чување на пивото (а и за вино се слични). За подобар "шмек" на пивото, внатре се додаваат неколку стаорци, за повеќе да "реже" пивото, а е многу подобро така, викаат експертите.
 
Другарче бе кај ти текна на темава што фино си лафевме за животните.Ми отиде појадокот посабајлечки.:DИнаку ова е премногу со глувциве,но јас имам пробано:Прегледај го приврзокот 42311
Snake wine уште наречено snake blood...прошверцувано од братучед на мој пријател директно од Чајна и тоа беше една од најглупите работи кои сум ги направила во животот затоа што 2 дена ме искина стомак.
И кога бев во Шпанија,во мексикански ресторант пиев Мескал или tequila warm текила со црв во шишето но со неа беше ок освен фактот што се опив од една чашка како да сум испила 2 чоканчиња ракија.:D
Прегледај го приврзокот 42312
Аооооо...аооооооооо
А следи го ова...
Балут
Ова е популарен меѓуоброк кој може да го најдете од уличните продавачи во Лаос, Тајланд, Камбоџа, Виетнам и Филипините, а изгледа како обично сварено јајце – сè додека не го скршите и отворите.
Балут е всушност јајце од гуска, старо 17-21 ден и чувано во инкубатор. Морбидниот момент кај овој специјалитет е тоа што јајцето содржи сварен фетус од гуска, целосно оформен, со грб, предуви и коски. Неговите љубителите ги обожаваат кревките крцкави коски на фетусот и уживаат во него со пиво.Додека ние сме згрозени од ова бизарно јадење, луѓето во југоисточна Азија балутот го сметаат за здрава, високопротеинска ужина која ја подобрува виталноста и отпорноста на болести. Исто така, тие веруваат дека фетусот од патка делува и како природен афродизијак.
jajce.jpg
 
Прегледај го приврзокот 42313
Па не се нормални мајке ми! Бљак!:sick:
 
Отровна риба фугу (pufferfish)
Рибата фугу е познат јапонски деликатес кој може да биде и фатален. Оваа риба содржи тетродоксин, силен отров кој ги прекинува импулсите во нервните клетки. Само високо квалификувани готвачи смеат легално да го приготвуваат овој специјалитет, затоа што доколку рибата не е правилно приготвена, таа може да убие.

Најпрво, усните и јазикот почнуваат да трнат. Потоа отруеното лице почнува да се чувствува исцрпено, зашеметено, се јавува главоболка, гадење и парализа, по што следи задушување. Иако човекот станува парализиран, тој останува свеен до самиот крај.

Застрашувачки е фактот што за отровот од рибата фугу досега не е пронајден противотров. Интервенцијата се состои од пумпање на стомакот и терапија со активен јаглен.
Во Јапонија секоја година се регистрираат по десетици труења со фугу, од кои неколку завршуваат како смртни случаи. Ова е едниствената храна која му е забранета на јапонскиот Цар да ја проба.
j51.jpg
 
Кај ви текна со Рептил ликерите.
Иам пробано такво нешто нема везе гадно било, исто е ко ракијата наша.
 
Аооооо...аооооооооо
А следи го ова...
Балут
Ова е популарен меѓуоброк кој може да го најдете од уличните продавачи во Лаос, Тајланд, Камбоџа, Виетнам и Филипините, а изгледа како обично сварено јајце – сè додека не го скршите и отворите.
Балут е всушност јајце од гуска, старо 17-21 ден и чувано во инкубатор. Морбидниот момент кај овој специјалитет е тоа што јајцето содржи сварен фетус од гуска, целосно оформен, со грб, предуви и коски. Неговите љубителите ги обожаваат кревките крцкави коски на фетусот и уживаат во него со пиво.Додека ние сме згрозени од ова бизарно јадење, луѓето во југоисточна Азија балутот го сметаат за здрава, високопротеинска ужина која ја подобрува виталноста и отпорноста на болести. Исто така, тие веруваат дека фетусот од патка делува и како природен афродизијак.
Прегледај го приврзокот 42313
morase da stavis i slika nikogas vise jajce nema da probam ...:вонзем:
 
Само еднаш имав прилика да видам што има внатре при контрола на хаварија на сад (резервоар) за чување на пивото (а и за вино се слични). За подобар "шмек" на пивото, внатре се додаваат неколку стаорци, за повеќе да "реже" пивото, а е многу подобро така, викаат експертите.
Ако сами паднале глувците.... И да се удавеле би пливале на површина не со квасецот внатре и другите остатоци од ферметација.
 
Еве што јадат Корејците место МекДоналдс и хот дог на улица:DBeondegi.jpg
Беондеги популарен snack во Кореја направен од пржени ларви на пеперутката Bombyx mori.Си ги купуваат на улица како кифла.:D
Кај ви текна со Рептил ликерите.
Иам пробано такво нешто нема везе гадно било, исто е ко ракијата наша.
Јака е по вкус ако мислиш на ликерот со змијата што го постирав,претежно се чувствува мирисот на алкохол и е доста остра на јазик и тешко мириса дури како ацетон па се пие на екс во чавчиња за саке.:)
 
Еве што јадат Корејците место МекДоналдс и хот дог на улица:DПрегледај го приврзокот 42315
Беондеги популарен snack во Кореја направен од пржени ларви на пеперутката Bombyx mori.Си ги купуваат на улица како кифла.:D

Јака е по вкус ако мислиш на ликерот со змијата што го постирав,претежно се чувствува мирисот на алкохол и е доста остра на јазик и тешко мириса дури како ацетон па се пие на екс во чавчиња за саке.:)

:sick: беља напраив
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom