Прочита точно што пишува? Добар спин, морам да признам. ПлусИнфо спинува дека РЕК Битола е втор во Европа, дава линк до ДојчеВеле на Македонски (некојси балкански автор), таму линк од официјален податок нема. А во официјалниот податок што го најде ти, на табелата РЕК Битола е шеста во Европа, во рангот на електрана од Полска (земја што е 12 години во ЕУ),
Не ме сфаќај погрешно, јасно е дека РЕК загадува премногу, и мора да се преземи нешто за да се намалат предизвиканите болести и смртни случаи (колку што имам информација веќе е во фаза процесот за десулфуризација на РЕК). Но се нервирам кога читам вакви квазиновинарски написи со наслови и „податоци“ напишани само за сензационализам.[DOUBLEPOST=1458303167][/DOUBLEPOST]
Нема врска. Не знам кој и со каква цел ја пуштил дезинформацијава, но за да видиш чии се становите во Касарната, можеш да си пребараш во е-Катастарот, јас колку што имам видено сите сопственици се Македонци.
Јас не ти постирав линк од ПлусИнфо или од Дојче Веле, туку постирав официјален линк од HEAL, каде што има доволен број информации за ти сам да си донесеш заклучок, а не да дозволуваш владини или опозициски портали да носат заклучоци за тебе. Доколку прочепкаше малку повеќе низ линкуваните документи, ќе наидеше на
овој документ, каде што на страна 11 и 12 е прилично јасно објаснато кои електрани какви честички ослободуваат на годишно ниво. Табелата што е ставена на статијата што јас ја линкував е табела за емисија на SO2 (сулфур диоксид), кој што е штетен, но не во толкава мера колку PM2.5 честичките, за кои што е јасно наведено дека РЕК Битола емитува преку 2700 тони годишно, што го рангира на второ место (да, добро прочита, фантастично второ место) во Европа. На страна 12, во вториот параграф е објаснато зошто во статијата е презентирана табела со емисија на SO2, а тоа е бидејќи, цитирам: „Иако PM честичките се сметаат како најштетен загадувач по здравјето, нивото на SO2 генерално се зема како општ параметар за тоа која електрана е најголем загадувач. Тој (SO2) може да реагира во контакт со атмосферата и притоа да се создадат PM честички што потоа предизвикуваат екстремно голем број на здравствени проблеми“.
Околу PM10 и PM2.5 честичките, пред неколку месеци кај Јанко ЈадиГомна на скајп гостуваше проф. Кирил Христовски (една од ретките, ако не и единствената добра емисија што ја направил во смисла на информативност). Доколку те интересира (а треба да те интересира, не само ако си од Битола, од кај и да си), еве ја емисијата (запази делот од 26:47 натаму, најбитниот според мене)
И ти не ме сфаќај погрешно, но фактот што РЕК Битола е толкав (не велам втор, туку толкав) загадувач и ниското ниво на свесност кај Битолчани ја прават ситуацијата алармантна. Не постои портал/телевизија без квазиновинарски написи/статии/прилози со сензационализам во нашиот мрачен медиумски простор, затоа и сме дојдени до ова дереџе и мора секоја информација што ни се пласира да ја земаме со резерва и да ја проверуваме по 3 пати