Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
Косовари во Битола?

Здраво јас сум од друг град но моментално живеам во Битола, бидејќи живеам по кирија нормално пред некој месец бев заинтересиран за купување на стан во поранешната касарна во Битола. Но на интернет и на ТВ слушнав дека таму становите ги купувале косовари (види видео).

Ме интересира дали е вистина или чисто дезинфомација?
Само да напоменам дека јас сум од Источна Македонија и не сум многу навикнат да живеам со соседи косовари.

Плус не дека сум многу против другите вери но не мислете дека во Битола се реконскруираат многу џамии?
 
Muabeti ima deka kupuvaat no nikoj ne saka da potvrdi no kade sto ima cad ima i ogan no znam deka do sega ne se naseleni nikoj od kosovo ili albanci od zapadna Makedonija tuku deka samo se kupuvaat stanovi najverojatno so subvencii od dui so znaci kaj da e toptan ke dojdat ko ke treba sega za sega samo pazarat a ovie nasite za pari i rodenite deca bi g prodale vo sekoj slucaj i da e samo spekulacija ne znam nekoj zosto bi kupil stan vo Bitola od Makedonija kako vo tvojot slucaj od istocna so ke rabotis tuka be brat ? Bitola poleka izumira nema nisto novo interesno no najvazno e so nema idnina i kako so rekov nema rabota ili ima a minimalna plata pa dobra opcija e samo da kupis stan i da go davas pod kirija a tuka da zivees bez da si vo administracija e glupost begaj druze stranstvo ovde nema leb :(
 
Муабети се бе само... Какви косовари, селаните од околните битолски села и наши битолчани од Австралија имале купено станој таму. Сеа дури е и закочена продажбата, неможат да си ги продат станојте оти општината не си го исполни својот дел и не напрај инфраструктура во населбата, па никој нејќи да купи стан а да оди дома со кал на чевлите оти клептоманот немал пари за улици.
Се тужат со општината има пријави од станарите шо се веќе преселени во неколку згради во касарната.
Мора психопатот од општина да биди уапсен, оти уште малку ако остани на власт ќе го донеси градот на ниво на Пустец.
 
Сеа или ши*тари имат купено или некој намерно му има пуштено муабет за да неможат да ги продат.:rolleyes:
Енивеј, ако не си од Битола не гледам шо перспектива гледаш тука.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31516758136&id=9&prilog=0&setIzdanie=23710
Доволно кажано, мртов град без перспектива. Во 1981година според пописот Битола и околината имаа 136.000 жители, а сега со се села дали има 70.000. А тек допрва ќе има иселвање, РЕК ќе оди јабана за 10-20 години, ќе останат само пензионери,патриоти од администрација и евентуално по некој ши*тар од касарна.:blablab:
Топ љубилејно 4000 мислење на форумов,а јас јадам гомна за градот.:oeoeoe::kafence:
 
Да последните недели се премислив за купување стан иако имам каква таква работа во приватно. Јас сум тука 3 години некако стварно е запоставена битола, мислам ако погледнеме општествени работи Битола е многу лоша состојба замисли разбрав нема палигон за полагање што го има во секој град или фудбалот во втора лига еј десет екипи се во прва лига не една или две. Некако без навреда ама Битола е многу дискркминирна источнс мкд на сите страни се прават патишта тука ништо.[DOUBLEPOST=1458185422][/DOUBLEPOST]Да не ме сватете погрешно но Доколку не се преземе нешто сериозно Битола за 15 години ќе биде село Битола.
 
Последно уредено:

како бе село некни ставивме нов мост да ги спојува граѓаните на карпош и јенимаале,мост кој ќе ги зближи граѓаните и ќе носи мултикултурна соработка како што изјавија локалните моќници на ТВ

мостот кошта милион и триста илјади денари (да биде појасно 21 100 евра)

Значи дишиме нешто што не е воздух - бесплатно и некако преживуваме. Да дознат Кинезите...
 
Значи дишиме нешто што не е воздух - бесплатно и некако преживуваме. Да дознат Кинезите...

Ако видите некој да шета со правосмукалка по корзо, да знајте дека е странски инвеститор шо вложил во бизнисот со тули.
 
Прочита точно што пишува? Добар спин, морам да признам. ПлусИнфо спинува дека РЕК Битола е втор во Европа, дава линк до ДојчеВеле на Македонски (некојси балкански автор), таму линк од официјален податок нема. А во официјалниот податок што го најде ти, на табелата РЕК Битола е шеста во Европа, во рангот на електрана од Полска (земја што е 12 години во ЕУ),
Не ме сфаќај погрешно, јасно е дека РЕК загадува премногу, и мора да се преземи нешто за да се намалат предизвиканите болести и смртни случаи (колку што имам информација веќе е во фаза процесот за десулфуризација на РЕК). Но се нервирам кога читам вакви квазиновинарски написи со наслови и „податоци“ напишани само за сензационализам.[DOUBLEPOST=1458303167][/DOUBLEPOST]
Косовари во Битола?

Здраво јас сум од друг град но моментално живеам во Битола, бидејќи живеам по кирија нормално пред некој месец бев заинтересиран за купување на стан во поранешната касарна во Битола. Но на интернет и на ТВ слушнав дека таму становите ги купувале косовари (види видео).

Ме интересира дали е вистина или чисто дезинфомација?
Само да напоменам дека јас сум од Источна Македонија и не сум многу навикнат да живеам со соседи косовари.

Плус не дека сум многу против другите вери но не мислете дека во Битола се реконскруираат многу џамии?
Нема врска. Не знам кој и со каква цел ја пуштил дезинформацијава, но за да видиш чии се становите во Касарната, можеш да си пребараш во е-Катастарот, јас колку што имам видено сите сопственици се Македонци.
 
Последно уредено од модератор:

Наводно сите скоро 90% биле од нив купени, поради ова пред скоро пола година Груевски го зел Талевски во Скопје да го пеј па овај им ги вратил парите на Косоварите ама наводно.

Него дечки дај кажете ако знајте добар психолог во Битола?
 
Прочита точно што пишува? Добар спин, морам да признам. ПлусИнфо спинува дека РЕК Битола е втор во Европа, дава линк до ДојчеВеле на Македонски (некојси балкански автор), таму линк од официјален податок нема. А во официјалниот податок што го најде ти, на табелата РЕК Битола е шеста во Европа, во рангот на електрана од Полска (земја што е 12 години во ЕУ),
Не ме сфаќај погрешно, јасно е дека РЕК загадува премногу, и мора да се преземи нешто за да се намалат предизвиканите болести и смртни случаи (колку што имам информација веќе е во фаза процесот за десулфуризација на РЕК). Но се нервирам кога читам вакви квазиновинарски написи со наслови и „податоци“ напишани само за сензационализам.[DOUBLEPOST=1458303167][/DOUBLEPOST]
Нема врска. Не знам кој и со каква цел ја пуштил дезинформацијава, но за да видиш чии се становите во Касарната, можеш да си пребараш во е-Катастарот, јас колку што имам видено сите сопственици се Македонци.

Јас не ти постирав линк од ПлусИнфо или од Дојче Веле, туку постирав официјален линк од HEAL, каде што има доволен број информации за ти сам да си донесеш заклучок, а не да дозволуваш владини или опозициски портали да носат заклучоци за тебе. Доколку прочепкаше малку повеќе низ линкуваните документи, ќе наидеше на овој документ, каде што на страна 11 и 12 е прилично јасно објаснато кои електрани какви честички ослободуваат на годишно ниво. Табелата што е ставена на статијата што јас ја линкував е табела за емисија на SO2 (сулфур диоксид), кој што е штетен, но не во толкава мера колку PM2.5 честичките, за кои што е јасно наведено дека РЕК Битола емитува преку 2700 тони годишно, што го рангира на второ место (да, добро прочита, фантастично второ место) во Европа. На страна 12, во вториот параграф е објаснато зошто во статијата е презентирана табела со емисија на SO2, а тоа е бидејќи, цитирам: „Иако PM честичките се сметаат како најштетен загадувач по здравјето, нивото на SO2 генерално се зема како општ параметар за тоа која електрана е најголем загадувач. Тој (SO2) може да реагира во контакт со атмосферата и притоа да се создадат PM честички што потоа предизвикуваат екстремно голем број на здравствени проблеми“.

Околу PM10 и PM2.5 честичките, пред неколку месеци кај Јанко ЈадиГомна на скајп гостуваше проф. Кирил Христовски (една од ретките, ако не и единствената добра емисија што ја направил во смисла на информативност). Доколку те интересира (а треба да те интересира, не само ако си од Битола, од кај и да си), еве ја емисијата (запази делот од 26:47 натаму, најбитниот според мене)

И ти не ме сфаќај погрешно, но фактот што РЕК Битола е толкав (не велам втор, туку толкав) загадувач и ниското ниво на свесност кај Битолчани ја прават ситуацијата алармантна. Не постои портал/телевизија без квазиновинарски написи/статии/прилози со сензационализам во нашиот мрачен медиумски простор, затоа и сме дојдени до ова дереџе и мора секоја информација што ни се пласира да ја земаме со резерва и да ја проверуваме по 3 пати
 
знаејќи дека РЕК има технологија на филтрирање стара 60 години и дека има мизерно одржување мене не ме чуди ова никако

нешто појужно на 15-20 километри има термоелектрана со најсовремени филтри каде оџаците не чадат ами се филтрира по најсовремена технологија,РЕК Битола вади милиони годишно али каде одат тие пари колку домаќински,чесно,совесно и одговорно се работи - е тука е болката
 
Да, навистина Битола е премногу загадена, јас не сум од Битола но живеам овде и секогаш кога доаѓам овде одма се чувствува загаден воздух. Некаде прочитав дека Битола е втор најзагаден град во Мк. после Тетово и замислете пред Ск. замислете Скопје со 10 пати повеќе жители од Битола е помалку загаден град. Што мислам за РЕК ќе испадне исти случај како со топилницата во Велес, да напоменам дека тополницата во Велес работеше 30 години и додека беше активна никои не велеше дека загадува и откако ја затворија сите почнаа да кажуват колку загадува, Исто ќе се случи и со РЕК кога ќе го затворат РЕК сите ќе зборуваат Колку загадува. Од друга страна РЕК е нож со две сечила Ако продолжи да работи загафувањето ќе се зголеми и ако се затвори Битола екномски ќе уназади две нивоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom