- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
- Возраст
- 71
Ова е школски пример на манипулација со јавноста.
1. Манипулира кој е изворот на веста:
(Немајќи начин како да го искажат своето мислење и она од што најмногу стравуваат, секојдневно испраќаат мејлови до медиумите и интернет порталите.
Такво едно писмо добивме и ние, во кој еден граѓанин на Битола прашува- Со какви мерки против загадувањето на воздухот во градот?) - Гледате дека нема извор на информацијата
2. Манипулира со обемот на загадувањето:
( Работата е крајно сериозна– се работи за катастрофална ситуација која и тоа како се одразува на здравјето на сите кои живеат во овој регион, страдаат и млади и стари, нашите деца... Jавноста која со право очекува итни мерки за д а се намали загадувањето на воздухот во градот кое беше во алармантни размери дури и во летните месеци на минатата 2013 година.) - Како што гледате тука нема податоци освен дека ситуацијата е „ крајно сериозна “ а страдаат и млади и стари
3. Манипулира со причините за наводното загадување
( Како главни фактори кои доведуваат до загаденоста на воздухот се споменуваат: Рударско-енергетскиот комбинат Битола, употребата на печки на дрва за греење, стари возила и застарен возен парк на градскиот превоз. )
4. Но делот во кој се препорачуваат мерките против загадувањето го открива идентитетот на авторот на овакви „ информации “
Под итно да се вратат во употреба котлите за парно греење и да се отпочнат активности за проширување на централното греење во сите делови на градот, вклучувајќи ги и индивидуалните објекти за домување.
.....
Други проекти на кои треба засилено да се работи е гасификацијата и на нашиот регион, што поскоро, како и можноста за искористување на топлотната енергија од РЕК Битола за централното греење во градот, проект за кој се зборува со години, но никако да се реализира во пракса.
Очигледно зад ова стои - ТОПЛИФИКАЦИЈА