Не знајте вие со кој си имате работа, а еве го 10 летј шо е на функција веќе...
Двојче не е обичен циркузант како поголемиот дел од партијата, многу појќе е Двојче од то. Не протести, пола град да го запалиме, тој ќе ги свика камерите и ќе се фали дека некое уличе од 100 метри го асал со пари од не знам каков си фонд. Сто пати побрзо ќе му го видиме грбот и на пастирот и на тие околу него отколку на Владе, ништо не ферма овој нашиот, и тие неговите го нејќат, го нејќат и тие околу него шо се (порано беше Коњановски, сега е Илиоски) го нејќат и тие шо лапаат тешки тендери од него, го нејќат и навивачи и обичен народ... И пак добива ко небаре од Битола Њу Јорк напрајл.
Двојче има неверојатен сенс за шо се бара од него, и уште поневеројатно знај да се насмеј и да ја сврти цела работа во негова корист.
Пример... И дента и утредента кога изгоре Копанки бев горе. Беа дојдени цела општина, и сите дури се вртеа околу рушевините, Двојче зеде со секој да се поздравува, и тука еден постар човек му вика душата ме боли за домот... И Владе одма има перфектна реплика, не бери гајле стрико ние посекако планиравме да инвестираме, ќе го напрајме уште поубав и поголем.
Е то е Двојче... И фала богу после пола сат застанаја да се сликат со домот изгорен позади нив.
И после ова, не се ни појави пак горе... 2 години поминаја со прст се нема мрднато, не ангажираја луѓе барем ламарините позади да ги тргнат, ако не се организиравме како планинарски клубој некој без гла ќе останеше како шо дуваат горе ветрој.
И настрана се... Ајде тие шо накалапиле тешка пара некако ги сфаќам да го бранат и него и партијата, постојат луѓе шо поубо си поминале со вмро отколку лото да му падни. Проблемот е во тие шо немаат сол в очи да си фрлат, едвај успеват за кафе да тргнат настрана и тие се задоволни се гради, споменици а у... И секако тука е онаа фраза 'ко беа другите да не беше поарно?'
Јас искрено немам никакви очекувања ниту на 27ми ни после тоа... Не знам каква маса на народ да се собери (а то мало морген...), Двојче има секогаш спремен одговор. Ќе излези и ќе кажи имам програма јас за разлика од другите. Шоако ништо од то не е ни почнато и се шо е внатре се бајки за мали деца... Јас ако се сеќавам, Битола ќе добиеше стадион, покриен базен, спортска сала, топлификација од РЕК, автопат до Прилеп и до Ресен, нови 30 фабрики во Жабени...
На крај добивме само зонски паркинг, и таму тој дебелиот се жали дека не излегвале пари доволно...
Добивме и кредит од преку 2М со кузнај каква камата за улиците во касарната, зато шо тие пари шо ги имаја предвидено за таму само тие знат во кој џебој завршија...
Важно и оваа година ќе имаме неверојатно Битолско лето, сега ќе почнат и тие фестивалите Двојче кај шо вложва камиони со пари а реално коштаат ич. И најбитно од се е да се фати маса на корзо во 1...