Биди Земјоделец, Зашто Македонија те вика.

  • Креатор на темата Креатор на темата Luki Junior
  • Време на започнување Време на започнување
Кај ги најдовте трошоциве за вода, струја итн.. од тие 64.000 ќе ти останат минимум 30.000 чист профит сигурно и само ви дадов пример со најнепродуктивното на релативно мали површини 2-3 хектари чисто како за споредба. Инаку dobro poznat баш лесно се добива не е точно дека ти кинат килограми за влага, зеленило и слични глупости незнам дали онака тресеш информации од ракав или баш ти си запознаен лично со тие постапки. Јас барем не зборувам од ракав туку од лично искуство зошто учествувам и самиот често во доста работни постапки кога имам време.. дома имам регистриран индивидуалец земјоделец со завршено и факултет земјоделски и што цел живот работи со земјоделие така да она што го кажувам не го тресам од ракав.. знам колку профит има и од житарици и од лозови насади а за кајсии ќе видиме наскоро :)

Мада знам дека државата доста помага.. а за ризик, епа има ризик ама без ризик нема ни пари
Затоа и оние работи без ризик се најнеплатени каде што друг ти бере гајле за се а ти “само“ работиш.

А водата што мислиш од каде ќе дојде за вадење,од дожд до дожд да не ќе чекаш.Ако имаш ниви до близина на постоечки водоводи ќе плаќаш на нив за вода,или ќе плаќаш за струја од бунар да ја вадиш.

Еве да ја направиме математика:

Ти викаш 64К приноси со се субвенции за 2 хектари пченица.

-20К за семе ( според тоа што добро познат што го пиша )
-12К за жнеење ( 6К е по хектар жнеење,со тоа што ако лошо жнее пола род на нива ќе ти заврши )
- 6К за нафта за орање и амортизација на трактор ( иако оваа цифра е доста мала

Значи се стигна до 38К трошоци и остана само 26К профит а не се ни земаа во предвид ѓубриво,трошоци кон државата,транспорт до млин,трошоци за вода/струја.

Секако има профит во житни култури ако имаш едно 50-100 хектари земја најмалце па да купиш од помодерните Американски трактори што се поголеми од шлепери и се многу ефикасни за трошење на гориво според работата што можат да ја завршат,,имаш свој комбајн и зошто купуваш се на големо добиваш и на попуст.А можеш и да се осигураш и ред други работи кои тогаш стануваат исплатливи.

Али со мала парцела 10-20 хектари ( иако во Македонија тоа е многу ) ќарот е никаков.


.
 
...Овде во Македонија,од земјоделска дејност ако се работи со глава,домакински и педантно има еден многу добар живот.Само треба некој да се испоти....

Го делам мислењето:)
 
А водата што мислиш од каде ќе дојде за вадење,од дожд до дожд да не ќе чекаш.Ако имаш ниви до близина на постоечки водоводи ќе плаќаш на нив за вода,или ќе плаќаш за струја од бунар да ја вадиш.

Еве да ја направиме математика:

Ти викаш 64К приноси со се субвенции за 2 хектари пченица.
-20К за семе ( според тоа што добро познат што го пиша )
-12К за жнеење ( 6К е по хектар жнеење,со тоа што ако лошо жнее пола род на нива ќе ти заврши )
- 6К за нафта за орање и амортизација на трактор ( иако оваа цифра е доста мала

Значи се стигна до 38К трошоци и остана само 26К профит а не се ни земаа во предвид ѓубриво,трошоци кон државата,транспорт до млин,трошоци за вода/струја. Секако има профит во житни култури ако имаш едно 50-100 хектари земја најмалце па да купиш од помодерните Американски трактори што се поголеми од шлепери и се многу ефикасни за трошење на гориво според работата што можат да ја завршат,,имаш свој комбајн и зошто купуваш се на големо добиваш и на попуст.А можеш и да се осигураш и ред други работи кои тогаш стануваат исплатливи.

Али со мала парцела 10-20 хектари ( иако во Македонија тоа е многу ) ќарот е никаков.

Ја ти пресметував во најлош случај.. просек пченицата знае да даде и по 300кг што ти доаѓа одма 96.000 денари
За семињата ова нема врска дали 5-10% од земјоделците користат такви, и домашните не се толку лоши.
Што ќе ти е вода за пченица жити се да не ја поливаш ..

А дека ризик има не негирам.. некоја година може град се да ти собере ама тоа е ретко. Инаку пченицата е една од оние со најмала заработка но најлесна, сепак пишав пример и со тутун со зголемениве цени + субвенции да видиш како им се исплаќа да носат работници дури да им плаќаат превоз од подалечни места. Исто и лозевите насади имаат релативно добар профит, барем една солидна плата со 2 хектари таму ќе си заработуваш а пак ќе повторам не се работи 320 дена од 365 во годината туку 50-80тина денови се на се во годината.
 
Гледам убава дискусија окулу одгледување житарици. Убави комплетни калкулации .
И убаво несогласување помеѓу форумџиите.
Би било добро да пише некој што директно имал искуство, од прва рака.....

Она што на прва би го кажал , мислам дека заработка со житото мора да има.
Е сега, ако некој има 2 ха земја и очекува дека со неа од жито ке заработи за да живее цела година - грешка.
Работа за житарици на 2 ха се брои во денови /годишно.
Или ке работиш поголема површина, или ке се преорентираш на друга култура. Пластеници, градинарство.....Ке има повеке работа, ама и повеке пари
Другата е математика ако на 2 ха одгледуваш пиперки, на пример

И она што му фали на денешното земјоделство е стручност. Колку земјоделци, на пример, испитале хемиски состав на земјата. Ставаат вештачки губрива од око. Може да трупаат непотрбно азот, а земјата да има вишок....

Не сакаме да сватиме дека во 21 век , не можеме да работиме на ист начин како пред 100 години..
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 23:19 ---
Кај нас требе да донесат од украинските сорти на белица. Едно време ја е имало по Пелагонија. Огромен клас, дебело зрно... ...

И пак Луки ме потсетува суптилно на мојата верба во неговите напредни идеи....:)
Значи, одење во чекор со науката, имање идеа за промена на подобро...
 
А бе да насадам пет декари кикиритки 160 денари кило се на пазар, болест не ги фаќа нема потреба од прскања здрава органска храна. Маме му ебам треба да се копаат тоа не чини, без прскање за трева.
 
Луѓе, нема нишо од пченица, не исплати.
Барајте друга култура за одгледување :)
 
Има некој искуство со шекерна репа?
Ако има нека даде некој совет, колку е исплатливо да се засади на 2 декари земја и има ли добар пласман?
 
Има некој искуство со шекерна репа?
Ако има нека даде некој совет, колку е исплатливо да се засади на 2 декари земја и има ли добар пласман?
Прво провери пласман.
Колку што јас знам, откуп вршеше само Битолска шекерана, ама не знам дали работи уште преработка или увезува готов нерафиниран шекер?
 
Има некој искуство со шекерна репа?
Ако има нека даде некој совет, колку е исплатливо да се засади на 2 декари земја и има ли добар пласман?

Во Македонија нема откуп за шекерна репа и не се произведува порано битолската шекерана работеше и ја откупуваше, но ја затворија иначе порано даваше 5-10 тона(зависи нивата, дожд)од декар и беше 1,5-2 денари килограм
 
После добар и активен викенд на друго поле, денеска на сите под ред ќе ви одговорам, шо как дек.
Тие шо сте несериозни, не се секирајте, ќе добиете интересен одговор, да има смешки (без да се бришат мислења).
За сериозните, ќе пробам да одговорам со нешто свразно со идеи и искуство. Дискусија да има...

Ќе си се договорате де, шо навлевате у непотребни маабете. Еднч ти ќе измииш чиниите, еднч она деланки ќе нацепа зимата. Тва ти се вика компромис.
Друг мее мабето, ного се фокусираате на нивите, маабето е машкото да не стане уљежано, дали нива, дали трупци, дали малтер ќе замеше.. абе малтер незнаат ка се права бе, а свадби сака да праа. Чеки бе, ак не си измалтеришаш сам спрато, цела песок низ твојте раци ак не помине жеента нема да ти га даат бе. Џарџанаците треба да ти излезат. Е дури тогај ручоко да виите колкоо повкусен.
Ама сит се изнаповикнааме на тастатуурте, друго ништо не се чепка, џоко не го држат ко мочат. :D

Ако малтер мешаш со мешалица не те призвнавам за калфа. Тава е господска работа, леснотил'к... Е само требе вреќите цимент да си ги макнеш сам, ама ако имаш купа со песок, буре со вода до теб, и вреќи со цимент ти си на којно бе... Половин директор, само стоеш и фрлаш лопати у мешалицата.. Финтата е да земеш рачна количка, да го направеш сам мешавината песок + цимент за ѕидајне или и малку вар за да лепе ако е за малтерија... И да мешаш подгрбавен додека да се размеша се убаво у рачната количка... Така едно време сам помагал плоча да се пуне кај еден другар оти однема струја... У ПМ... Ама арно дојде струјата, па се менеех од мешалица да буташ количка, или на макарата да дигаш на 10 метра 20 килски кофи со малтер.. 2 дена пунииме, 3-4 гајби пиво, ракија со литри, нија посерени од работа, ама на крајо беше плочата за мерак... Иначе 100% согласен оти кој не знаа малтер да меша, не е готов за женејне...
--- надополнето: 12 ноември 2012 во 11:45 ---
Абе знам га јас тава. Ама знаеш га нашио менталитет-Да са утепе месинџеро. Една бе не излезе да каже-Така е бе Сусаро, не сакам ни пегла да фанам уф живото, а не па леи на село да вадам. Јас прв ќе и пружах рака. Иначе знам да терам магаре и коњ су шпедитер, прскал сам лоизе уз тава метлното буре на грбо, па тураш му плав камен и прскаш да не фане ти бубаљките, па после газал сам га ууф тие дрвени буриња за вино. Френки сам сејувал уф оранжерии, гал'бе исто масрки тие уз туфната много сам ги сакал, ама соколе ми ги јадаа ного. Кукошки исто, тава е лесно, требе ти само пченица и чат пат фрљувиш им тушница тава е таа треавта шо им пумаге уф дигестивнио траект. Правил сам и ракија и од всичките селски работи тава ми била една од омилените. Дека мене на село знајало се кога са останаве после 12. За Нова година и ка са варе ракија. Тоа са маратонски вечери и би сакал да са задржам тука малце повичко. Осумдесе посто од добрата ракија е да знаиш да гу удбереш гројзито. Е сеа има 2-3 региони ус добро гроизе уф Македонија. Првио е Тиквешкио регион Кавадарци и Неготино, вторио е уд Демир Капииско и третио е уд Гивгилиско и Валандовско. Анска Река на времто имше добри реколти.
Многу е битно кумиинто да ти са исчистани. Колко помалце гранки, нечистутија и шљупки имаш толко ракијата е поквалитетна. Изборо на казано е исто битан. Да не е рѓосан, да е уд добар метал оти пак ракијаата врзува се уз метало шо ем даве неубав вкус ем е недобро за здравје. Во единио казан клаваш ги кумињето и палиш огин а во другио туруваш шо е можно поладна вода. Битно е да е шо поладна вода ради кондензација, ако те воддта ного топла гулем дел уд ракијата нема да ти са кондензире уф течност него ќе испаре уф ваздухо. И вареш нон стоп, тоа е маратон малце си ти на смена, малце вујко ти и така нанаќи. Кумшијата мој беше мрзуван па ќе варше един ден, вечерта ќе изгасше огино и следнио ден пак гу паљше. Е така не са праве ракија, него бар 48 саата и повичко, ако не искараш бар 50 литра џабе си пучнувал. Најслатка е уд цревцето ка излава оште ка е жешка. И тука некоа мизенце, кашкавалче, сиренце, френкичка, мајко мори. Кој не е правил ракија ус цело маало ву 4 сабајле тај не знае да цене ракија, и не знае шо е тава социјализација. За пчељте уф друг пост.

Така е, не можеш на којно, удри по самаро... Или по некое комшиско магаре со некоја вастегарка... Битно ќе удреш, да ти мине лутината. А жените баш са погодни за леи вадејне и требејне расади у друштво.... Ем са полезни ногу, ем имат претекст дека работат нешто, ем ќе се изнаговорат за шо и да е... Ама, н'цки... нејќат таква работа... испод чест и образование и била...
Таа грбната пумпа ми беше најомразеното нешто шо сам го носил на грб. На времето коа немааме прскачка (или расипана беше) лозјиината, пиперите, тутуните, абе се на грб прскаах. МОјта беше 12 литарска ( и така празна си теже околу 4-5 килца) и на ден сам фрлал по 16-18 пумпи. На рамиината имаах вдлабнатини од презрамките...
Модар камен со вар + може карате се прска лозје за од пепелница и инсекти... Варта ја стават за да може модрио камен да се залепе за листовето, иначе ќе си потече откоа ќе го испрскаш, и џабе си прскал...
Газејнето за вино е ако немаш машинка за мелејне на вино... И јас газеех и еднач пропаднах до преку глава у кацата (мал беех) и коа ме извадија целио налепен, ебати заебанциите шо паднаа на моја сметка..:pos::pos::pos::pos:
Какошките са лесни за чуајне, тешки за ловејне... КОлку пати сам гонил, ако каже мама ај синче фати една кокошка за ручок и заколи ја.. и се почнува... трчи гони, они бегат, ти ѓи лажеш со жито, дојдат, клофат, па ај некак фатеш ја (најчето фрлаах жито у кочината, там флезе некоја, и јас се ук'цам у натре и не излевам додека не ја фатам... абе пези... И после главата, балтијата, трупо и Луки презадоволен оти ќе се омрсе за ручок...
Ракија само денски сам варил, ноќно време одмараах оти јас и тате двујцата... пунеме цепеме дрва, ложеме казан, итн итн итн... И се ваде месцето за на жар, праа се салатичка од туршија, па малку скара, па пресна ракија... Па почнат заебанциите како удара пресната у глава....:icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
Иначе за кумините (џибрето) согласен. Става се и некој клас ченичка да не загоре, и најважно е да не го силеш огино а да го држеш среден и константен...
Така е, кај мене само приквечер се собират другарите, знаат на последнио казан да дојдат мајмуните, на готово да се налокат, да се замезат, и да се најадат печено месо.... И некој домакне од некаде некоо радио, и се почнат песни песни песни, стој та гледај... шо е шо земојоделие работеме, а сме пијаници.. :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
 
Овде во Македонија,од земјоделска дејност ако се работи со глава,домакински и педантно има еден многу добар живот.Само треба некој да се испоти.
Бојанче, сите сакат лесни пари. Со лејка риби, кој сака да се испоте бе златен.

Иначе за производстовото на Сточна храна си у право. Моментално цената на ечмено без субвенции е 18-20 денара. А сме ноември... Јануари и фебруари ќе рипне 20-22 денара миниум ... Животните по глава се намалуват, сточна храна уопште не се произведува, а се увезува... Шо е срамота.. Не за џабе викендо изорааме 22 декара за ечмен, и 5-6 декара пченица.... Сега мислеме варијанта детелина/ граор (луцерка по модерно) да се сејат плус ниви.... Страшна гладија ќе дојде, ама сите зафатени со дневно политички настани, никој не мисле за утре.

Со земјоделие никогаш у живото не сам имал работа, градско дете сам си јас и по мајка и по татко струмичане, ниви немам, друго јас работам за живот, ама јасно мее ептен как одат работте у земјоделието.

По мене, битно е земјоделието да не се работе стихијно у смисла вајгодина врве бостано, цена имал, и ај догодина сите на бостан ударат и сами си соборат цена оти ного има... нема кој доо купа.
Земјоделецо е најного заебан од откупџиите, т.н зелена мафија. Од земјоделието они праат пара, а не земјоделецо, т.е. производитело.
Шо е решението?
Решението е у планско производство. Стратегија. Значи едукација. Менаџмент. Тава за самото производство.
Од друга страна, решението за зелената мафија е у тава да и производителите се организират исто како них. Синдикат ли, еснаф ли, как да го наречам... Разбирате ме?

Ако не си работил земјоделие, Струмица е земјоделски град/околина. Колку и да си градско дете, нема шанси да избегнеш човеците шо се занимават, и сакал нејќел ќе ги гледаш и слушаш и маките и успесите на земјоделците околу тебе.
И ти потфати сега едно нешто шо јас шо од недомислејне, шо од брзајне, шо од заборавајне не го напишах. Стихијното производство и немајнето организации на производителите.
Стихијното и минималното производство го уназадува земјоделието. Оште од времето на Југославија, земјоделството е горе доле било стихијно, ама имало е милиони гладен народ и шо и да произведе човек, ќе се најде некој друг да го купе. Ногу човеци, ногу гладија...
Е сега, не сме 23 милиона, сега сме помалку од 2 милиона. Тие 2 милиона ме можат да изедат 50 000 тона бостан. Секој ден да јадат по 10 пати, не можат да ги изедат.
Да не говореме за илјадниците тони гројзе, сливи, праски, раноградинарски продукти... Абе сето производство од Југоисточната четвртина на Македонија, Македонија не може да го изеде. Едноставно премногу се произведува. Има 2 опции, или да се конзервира, или да се извезе. Сега за сега втората варијанта е полесна, ама првата е поефикасна за економијата.

Да говореме малку за Мафијата и ниините почетоци. 91/92 година Монополо Јака откупуваше тутун. Зимаше го по багатела, кинеше го народо за цена, и не му го плаќаше. И тате како попаметен човек заедно со други попаметни човеци дигнаа го народо на штрајк (на чело со Арома здружение на тутунари). И блокираа се у Радовиш. И тогашните комунистички лидери (оште не е бил паднан комунизмо реално) донесеа специјаците од Скопје испотепаа ги од ќотек, и после одија по куќите да апсат, претреси, чуда, притварајне, демонстрирајне сила....Тава са почетоците на Македонската Демократија.
Арно денеска има колку толку слобода за такви работи можат полесно да се организират, иако и денеска креират хајки, апсејне, и други 300 чуда. Здружението на Земјоделците со Тантаров требеше да биде главната движечка сила и да штите земјоделци, ама тава е една обична марионетска организација на власта.
Согласен 100% оти требе да се научат земјоделците на основен менаџмент.
Јас поднесех и петиција у секое село да се отворе канцерларија (или у секое поголемо село) дека шо има земјоделско производство, како клубче, дека шо ќе има професионалци шо ќе средуват документацијата за субвенции, ем инжинери да ги објаснуват основите работи за прскајне, пласман, за потребите на економијата за извоз и за преработувајне, и ред други работи... Ама исто како на зидо да говореш... Политичките партии ја про**уват сплотеноста на земјоделците.
--- надополнето: 12 ноември 2012 во 23:14 ---
Zemedelieto, barem kaj nas, za momenta e MNOGU perspektiven biznis. Vo taa kriza, novi milioneri sa samo od edrite zemedelzi. Ako nekoj go interesuva zashto, ke mu objasnim.
Бугарија е 7 милиона пазар бе човек, Македонија нешто помалку од 2 милиона. Вие ги имате Олинеза, Дјерони, Конзервинвест, увезуват пипер, френки, и шо ли оште не од Македонија. Сега правете сончогледово масло, од петрич до Бургас полето е под сончоглед. Цела јужна Добруџа е под жито.... ИМате еден куп субвенции од европските фондове.. Само еден интересен податок за бугарија. У втората светска војна имале над 9 милиони глави овци. Денеска има преку сила еден милион по планините у Бугарија... Да не говореме за огромните плантажи овошје по Западна и Централна Бугарија и конзервната индустрија... Денеска сте бледа копија на производител од пред 30/35 години... Без да се караме или зајадуваме... Само набљудувам....

Doc Holliday

За секоја расна крава требе бааеги јадејне + за секој литар млеко требе 3-4 литра вода. Модерни музалки, ногу храна, да чистеш, да ги тимареш, то ест 24 саата да си со них. На времето нија гледааме крави дома и си е голема мака и обврска. Да ги наранеш, 2 пати музеш на рака, да ги напоеш, трева да донесеш, да ги крмеш, ветеринар и вакцини... Треба си стабилна работа.... Раците са ми станувале камен од музејне особено ако самата крава има тврдо виме....
Млекото оште не е стабилизирано како цена заради сведмилк, и заради увозо од Србија...
Овците исто ќе станат дефицит у Македонија, шо е жално.. Арно сега полека полека почнаа да се прават стада по планините да се врне старата слава на македонското овчо сирне, ама оште е ептен слаба самата иницијатива.
--- надополнето: 13 ноември 2012 во 00:04 ---
За сите шо говорете за деурбанизација, и слични работи. Тија работи кој ги предлага? Дека прочитаате деурбанизација? Или само се користат зборове шо делумно значат враќајне назад, и рушејне на развиток. Ајде сега, повеќето села са урбани средини имат водовод ( и канализација), асфалтче по улиците.. Плус западо дава милиони за проекти за урбанизација на селата, ама локалната самоуправа се напуни со пари наместо да ги инвестира у репарација на улиците... Тава е друга тема...

Сега за житото. Житото у Македонија е на рабо на профитабилноста. Едноставно у Македонија над 4 тона од хектар ретко се ваде.... А на другите држави производители просеко е 6 тона, макар има и шо вадат до 8 тона од хектар...
Зашо е така?
Прво и основно лош семенски материјал. У Македонија ретко чисти сорти да има, и тај материјал шо го има се увезува од НовоСадските институти. Нашта пченица зрното е тенко, а долго. Има у него трици, брашно слабо. Затава најчесто увезуват украинска, дебела, шо има брашно, ем поевтина. Белица ли некак ја викаа. Едно време са експериментирале у Пелагонија со неа, дури тате е донесувал дома за дедо да проба да сее. Имало ногу повеќе жито, голем клас, ама малку слама.
Е сега, може да се произведе и квалитетна семенска стока , особено ако имаш првокласно земјиште до вода и си спремен ѓубренце да му ставеш 2-3 пати, и да го вадеш, да запрашуваш нивата пред да ја сееш... Ораш 2-3 пати оставаш угара да одстое, па култивација, сеејне и браносуваш. Фрлаш околу 30 килца на декар (поретко малку за да има повеќе сила самото жито, ама не ногу сила оти може наеднаш да порасне и да полегне целото).... Есенско ѓубре ( азот фосфор калиум 3 15ки) некаде исти сооднос како семенската стока по декар, исто и пролетно (најубаво 45% уреа) некаде у февруари март откоа се дигнат мразовето... паа Мај месец откоа однема дожд се пушта вода... Жетва, суше се житецето,Па после да најдеш кој има триер (не знам друг збор за него) он го пресееш со него за да излезе сето ѓубре од него... И коа дојде време за сеејне го запрашуваш со модар камен, и други хемии за да не го фаќат болки... Процедурата е макторпна, ама дава доста добри резултати...
Ама у глобала, требе да се инвестира у наука за производство на хибридно семе... Иначе ништо не бива.

Ѓубрето е скапо у Македонија (1000ка вреќа е сега некаде.. На времето беше 300 денара... Тогај дома донесе тате 10тина тона од некаде од компензација за еден праз и пипер). Додека у Велес прозиведуваа некако се балансираше цената. Ама денеска сме 100% зависни од увоз. Лошо.. И плус земјоделецо плаќа 18% ддв иако тава му е основен материјал за производство.. то ест ако една фирма е ослободена од ддв така требе и он да е ослободен, да има еднаквост.. Истото е и со нафтата и другите нешта.. Тија нешта требе да се регулират, а не да се бутат ненаменски пари со субвенциите...

Орајнето моментално е скапа работа у македонија. 3 до 4 литра нафта одат на декар.. Просеко у на запад е некаде 800 грама до литар на декар... Ние имаме мали парцели, слаби трактори, и мали плугове. И трошеме баааеги нафта на орајне споредено со запад, тава ја дига цената потребна за сеејне.
Добро е шо некаде има редосеалки, или циклон (ние сееме со циклон) не се фрла семето и ѓубрето на рака. На време дома на рака сееме 20+ декара жито, оти немааме циклон...Мака беше со денове...

Кај нас оште не го прскат од штетници април мај.. па дел го фаќа пепелница и има помал принос.

За продажбата сите кинат од 3 до 5% каловина, влага, ѓубре, итн. Плус никој не дава пари на рака, а требе да чекаш, некојпат и со месеци.. И на крај имаш 10% данок на добивка, за државата.
И стави си дневниците и маката, и сметката е некаде едвај едвај позитивна... Ако немаш ногу земја, добра семенска стока, ѓубре, кеш за почетна инвестиција, и добри трактори, едвај ли ќе видеш аир од него.
Затава е поарно да се ориентираш на овоштарник. Повеќе дава од хектар, повисока цена има, ама има една идеја повеќе работа у овоштарник.
 
Сине бе непишеш не пишеш ама ко ке заламфаш крај ти нема.
 
Сине бе непишеш не пишеш ама ко ке заламфаш крај ти нема.
Чекај чекај. оште не сам завршил, ќе има оште 1-2 реферата,... Јас си кажах оти ќе ги фатам сите аспекти шо ќе ми текнат да објаснам, оти как шо гледам за повеќето тука земјоделието е мисловна именка, и сите мисат оти се фраќаме у 18ти век ако поработеме земјоделие...
 
Чекај чекај. оште не сам завршил, ќе има оште 1-2 реферата,... Јас си кажах оти ќе ги фатам сите аспекти шо ќе ми текнат да објаснам, оти как шо гледам за повеќето тука земјоделието е мисловна именка, и сите мисат оти се фраќаме у 18ти век ако поработеме земјоделие...
Назоба ли ги убво воловето после орането ? Многу изора истрошени се кутричките .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom