Биди Земјоделец, Зашто Македонија те вика.

  • Креатор на темата Креатор на темата Luki Junior
  • Време на започнување Време на започнување
Сончогледово куспе.
Се добива како нус производ во индустијата за масло.
Се користи масовно во сточарството за произведување на сточна храна како релативно евтин извор на протеини . Содржи 32-34 % суров протеин.
ок-фала, ама не ми беше тоа прашањето упатено до iSiktir
 
Убава е идејата,всушност само оваа опција е решение за проблемите како намален наталитет и задржување на институцијата брак во вистинска смисла ,но мислам дека веќе е доцна да се "свестиме" дека природно сме земјоделска држава,Тито и остала компанија не зезна со индустријализацијата,и сега за евентуална деиндустиализација односно деурбанизација и земјоделизација на Македонија ке треба многу генерации...
 
Тешка е оваа манифестација наречена деинтдустријализација
голема заебенција не чека со деурбанизација
наместо во веце че серам во кенеф
а душа би дал да ја ебам Катрин Денеф
кој го заеба дедо ми да се пресели во град
че садевме јачмен сега за пивски слад.
 
Дечки, кога ќе го вратите младото население во село јавете ми се да ме информирате.

Да се врати да работи само таму да остварува приходи за живот.. немора да живее во истото :) посебно во помалите градови каде што на пола саат максимум има обработливо земјиште така неискористено или може да се купи со не толку големи финансии.
 
Не си достапна уклучи телефонот :)
уствари што се заебаваш бе љондро ? Кое враќање во село,ако имале нешто земја ја дале за ич пари нивните татковци колку да протераат еден одмор во будва, или си купиле гарнитура тросед двосед и фотеља за цело имање, башка само пред една генерација се полнеа градовите. А знаеш што велат за покондурчен опинок, и што мајка бараат да се враќаат вака како што е барем живеат некој број на луѓе ако се вратат остали се ке си ебе матер, нека возат такси нека купуваат камиони,бутици ова она. Зошто некој таков ако се врати насади нешто и со агилноста по која што се познати, не го заштити посевот па наваса некој паразит кај него пуздер ќе направи се околу. Или стоката едно заболено грло да дошлепаат од негде, и отиде цел сточен фонд, како што не се вакцинира ништо денес пошто се нема пари.
Убаво викаш, подобро им е во град сега за сега нека си седат таму :)
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 14:34 ---
Да се врати да работи само таму да остварува приходи за живот.. немора да живее во истото :) посебно во помалите градови каде што на пола саат максимум има обработливо земјиште така неискористено или може да се купи со не толку големи финансии.
Сериозно мартине мислиш дека земјоделец може да си приушти секојдневно одење на нива со кола или автобус ? Па кај ќе му биде и алот и ќарот?
 
Сериозен сум.. и во земјоделието не се 300+ дена работни во годината туку 40-80 максимум :) а оние 20-30 минути се смешни кога имаш кола, секако дополнителен трошок се ама не и до толку значаен за да не можеш да имаш ќар.
 
Сериозен сум.. и во земјоделието не се 300+ дена работни во годината туку 40-80 максимум :) а оние 20-30 се смешни кога имаш кола, секако дополнителен трошок се ама не и до толку значаен.
Кој се тие 40 до 80 дена ? Не зафркавај бе дете, ако сакаш да живееш од земјоделие се работи 350 дена во годината, ако мислиш дека можеш да преживееш со култура во која што има малку работа си се излажал, значи не постои таква култура со малку труд и малку вложено да извадиш многу пари.
Освен житариците другите сакаат работа и тоа доста работа,семенски материјал,спремање на расад,леи, орање,фрезање,садење , ѓубрење,полевање,прашење,пак полевање, пак прашење,прскање,од болести,прскање од паразити, грлење,берење,сортирање. Единствена култура која што има малку денови работа, и голем ќар тоа ти е марихуаната :pos:
Реално со работа започнуваш некаде од 15 февруари а завршуваш а завршуваш 30 декември,ако имаш пластеници работата ти е турбо 365 дена, и тоа пази колку едно семејство да извади една просечна плата која што ќе ја троши во месецот. Една плата а сите рмбаат како црнци.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Кој се тие 40 до 80 дена ? Не зафркавај бе дете, ако сакаш да живееш од земјоделие се работи 350 дена во годината, ако мислиш дека можеш да преживееш со култура во која што има малку работа си се излажал, значи не постои таква култура со малку труд и малку вложено да извадиш многу пари.
Освен житариците другите сакаат работа и тоа доста работа,семенски материјал,спремање на расад,леи, орање,фрезање,садење , ѓубрење,полевање,прашење,пак полевање, пак прашење,прскање,од болести,прскање од паразити, грлење,берење,сортирање. Единствена култура која што има малку денови работа, и голем ќар тоа ти е марихуаната :pos:

Ајде да одиме со конкретен пример 20 декари житарица.. нека пушти по 200 кила тоа ти е 4000кг x 14 денари = 56.000 денари плус 2 денари дава државата тоа ти е 64.000 денари.. а работа колку имаш за орање на 2 хектари 1 ден, за прскање исто, за сеење исто, за жнеење пак исто. И пази тука рачунам по 200 кила да даде што е малце и просек во сушна година а што ако даде да речеме по 300+ килограми а рачунам и со минимална површина што можеш да ја земеш за некои си 4000 евра, ко што кажа погоре татковците што истата ја продавале за 1-2 летни одмора.

И примеров ти е со житарица која е една од најнеисплатливите ама пак поарно ќе работам житарица отколку да рмбам кај некој 320 дена од 365 во годината за 2.000 евра годишно. Еве ќе ти дадам и друг пример од Велес има доста работници што им плаќаат по 400тина денари + такси до албанските села што се за тутун берење и нижење (со машина) 6-7 работни саати фаќаат толкава дневница плус такси им плаќааат.

Не сум ептен запознаен со ова тутунот ама викаат дека субвенциите им ги покривале трошоците.. е сега рачунај колку им останува чисто.
Да не зборувам колку ќарот е поголем ако имаш некој хектар лозови насади, кајсии и сл култури.
 
Од тие 64К што си ги пишал дали ќе видиш 20-25 на рака.Орање,семе,па сеење,па ѓубриво,па жнеење,па пак орање,вода,струја не се за џабе.

Значи ете од 2 хектари си извадил плата за еден месец .Значи ти требаат околу 24 хектари земја за да поминеш цела година со средна плата.Во Македонија просечно има по 1,6 хектари по земјоделец.

+ со 24 хектари земја нема шанси да не плаќаш данок кој е околу 2% ако заработуваш под еден милион денари годишно,па за пензиско,здравствено и сите останати глупости.Со тоа и од тие 25К едно 5К извади.

И на крај рачунај дека барем еднаш во 3 години ќе те сотре "сељачка мука" град,суша,поплава,гром ќе мавне ќе го запали пред жнеење за инает,што било али ќе извадиш далеку под просек.Со што ако и го осигураш значи ќе ти остане скоро ништо.

Е ако земеш да раснеш под пластеници,или овошки,стока или такви попрофитабилни сорти се работи цела година без прекин али пак затоа и има доста повеќе пари.

Стока,пластеници и дрвца нема шанси да ги оставиш освен ако не сте некоја покрупна фамилија па имаш некој од доверба да те замени или не чекаш децата да остарат доволно па да можат да ја превземаат сами фармата додека ти идеш на одмор.Со што стока е па ептен посебен третман.Секој ден сабајле во 4-5 треба да се станува да се стерилизираат садово за млекото,па молзење,па хранење,па чистење штала.Цел ден си имаш занимација.

.
 
Ајде да одиме со конкретен пример 20 декари житарица.. нека пушти по 200 кила тоа ти е 4000кг x 14 денари = 56.000 денари плус 2 денари дава државата тоа ти е 64.000 денари.. а работа колку имаш за орање на 2 хектари 1 ден, за прскање исто, за сеење исто, за жнеење пак исто. И пази тука рачунам по 200 кила да даде што е малце и просек во сушна година а што ако даде да речеме по 300+ килограми а рачунам и со минимална површина што можеш да ја земеш за некои си 4000 евра, ко што кажа погоре татковците што истата ја продавале за 1-2 летни одмора.

И примеров ти е со житарица која е една од најнеисплатливите ама пак поарно ќе работам житарица отколку да рмбам кај некој 320 дена од 365 во годината за 2.000 евра годишно. Еве ќе ти дадам и друг пример од Велес има доста работници што им плаќаат по 400тина денари + такси до албанските села што се за тутун берење и нижење (со машина) 6-7 работни саати фаќаат толкава дневница плус такси им плаќааат.

Не сум ептен запознаен со ова тутунот ама викаат дека субвенциите им ги покривале трошоците.. е сега рачунај колку им останува чисто.
Да не зборувам колку ќарот е поголем ако имаш некој хектар лозови насади, кајсии и сл култури.
Ехе готово ја реши ти економската ситуација во државава,абе дете :pos:
За да насееш било која житарица ти треба најмалку 35 килограми семе по декар, а ако сакаш да биде како што треба и да имаш голем процент на ртење и допринос 50 килограми. Ајде ќе ставиме ние 40 кила по декар, семенски материјал , сортирано зрно не заштитено е 25 денари од килограм + заштита од фунгоциди пичке си материне да ќе те фати 30 денари од килограм затоа што ако не го заштитиш пола пије пола шарцу даје,а може и дупки да имаш во нивата,ако процентот на ртење ти е под 90% ништо не си направил.Значи за асално сеење по декар ти требаат 1200 денари 20х1200 =24000 денари само за семе. Е сега ако сакаш да садиш со ланско семе од твоја нива не селектирано полно со семе од треви па да имаш колку жито толку кукуљ и да те заебаваат на откуп тогаш ќе поминеш нешто поевтино,ама пак кај тој семенски материјал ртењето е некаде околу 60-70%.
Субвенција не се добива така лесно, пошто кога ќе ја предаваш житарицата на откуп ти мери влага, ти мери ѓубре одбива и од 4000 килограми што радосно ќе ги однесеш ќе ти останат 3700 3600 кг.
Комбајната мора да се плати, прскањето мора да се плати,треба ли да ја изораш нивата откако ќе ожнееш,треба ли да ја извлачиш пред да ја посееш треба ли да фрлиш вештачко ѓубре.
Така да мали од вакви математики ти како што ги правиш од тие 64 000 нема да ти останат ни 10/ 15 000 денари. Ама убаво рекле на муабет и пари се печалат и кули се градат, ама кога ќе влезеш во бразда друг е муабетот и математиката.
Недај боже да фати па некоја полава или град да удри,ама те разбирам терај синко да богда злато да ти роди нивата и од нива куќа да градиш и живот да живееш.
Да не почнам да ти набројувам колкави се трошоците,за лозје, овошки и сл култури.
 
Кај ги најдовте трошоциве за вода, струја итн.. од тие 64.000 ќе ти останат минимум 30.000 чист профит сигурно и само ви дадов пример со најнепродуктивното на релативно мали површини 2-3 хектари чисто како за споредба. Инаку dobro poznat баш лесно се добива не е точно дека ти кинат килограми за влага, зеленило и слични глупости незнам дали онака тресеш информации од ракав или баш ти си запознаен лично со тие постапки. Јас барем не зборувам од ракав туку од лично искуство зошто учествувам и самиот често во доста работни постапки кога имам време.. дома имам регистриран индивидуалец земјоделец со завршено и факултет земјоделски и што цел живот работи со земјоделие така да она што го кажувам не го тресам од ракав.. знам колку профит има и од житарици и од лозови насади а за кајсии ќе видиме наскоро :)

Мада знам дека државата доста помага.. а за ризик, епа има ризик ама без ризик нема ни пари
Затоа и оние работи без ризик се најнеплатени каде што друг ти бере гајле за се а ти “само“ работиш.
 
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 16:31 ---

Дете ти одбива тој на откуп, и ако однесеш 4000 кила ќе ти скине 300 400 кила на влага и ѓубре па што сака нека биде,а субвенција се добива според тоа колку ти е откупено жито. Нити си видел нива во живот,нити имаш нешто работено, поготово не со житарици. Со математикиве овде што ги кажуваш и ги пресметуваш. од 64000 дојде до 54 000 сега дојде до 30 000 денари, уште да пресметаш колку вештачко ѓубре требе да фрлиш ( или прашај кој и да ти кажува ) од 20 декари земја нема шанса да земеш повеќе од 15 000 денари па на трепки да стоиш.
 
Нит сум дошол од 64 на 56 туку ти кажував само споредба на цената со субвенции и без.. никад немам спомнато некаква сума од 54.000 што ти ја пишуваш.. а за другото немам потреба ниту намера да објаснувам на експерти во секоја област, дали сум видел/имам или работел јас си знам многу добро и немам потреба да лажам на форум бар за такви работи ;)
 
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 16:31 ---

Дете ти одбива тој на откуп, и ако однесеш 4000 кила ќе ти скине 300 400 кила на влага и ѓубре па што сака нека биде,а субвенција се добива според тоа колку ти е откупено жито. Нити си видел нива во живот,нити имаш нешто работено, поготово не со житарици. Со математикиве овде што ги кажуваш и ги пресметуваш. од 64000 дојде до 54 000 сега дојде до 30 000 денари, уште да пресметаш колку вештачко ѓубре требе да фрлиш ( или прашај кој и да ти кажува ) од 20 декари земја нема шанса да земеш повеќе од 15 000 денари па на трепки да стоиш.
Уште плачењето и туфкањето да се садеше...:LOL:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom