marcus
струмички модератор
- Член од
- 5 јули 2006
- Мислења
- 5.378
- Поени од реакции
- 131
Добро сите сме веќе колку толку запознаети со оваа лига но сепак...
Идејата стара три години, екипите од Балканот да се обединат, формираат своја кошаркарска лига, доби верификација и од ФИБА Европа која неодамна го одржа својот конгрес на Малта. Сето тоа само ја забрза активноста на луѓето од новоформираната БИБЛ лига, кои се многу активни околу комплетирањето на списокот на екипите кои ќе настапат во првата сезона на лигата. И луѓето кои се залагаа за организирање на една ваква лига беа изненадени од големиот интерес на клубовите во националните федерации на Македонија, Бугарија, Грција, Србија и Романија..
Е сега она што е важно за нас е тоа што Македонија успеа да обезбеди место за ..Шампионот Струмица 2005, освојувачот на Купот на Македонија, Фени Индустри, како и нашиот најтрофеен кошаркарски клуб, Фершпед Работнички..
Потенцијални противници на нашите екипи ќе бидат: Черно Море и Левски (Бугарија), Мега Баскет Белград и Свислајон Вршац (Србија), Динамо Букурешт и Рапид Букурешт (Романија), како и ПАОК Солун и Олимпија Лариса од Грција. До утре ќе биде познат и 12. учесник во БИБЛ, најверојатно уште една екипа од Бугарија, која ќе добие вајлд карта.