Би се отселиле ли од државава доколку?

9Би се отселиле за стално од државава (кажете си реално, ова е само мислење)

  • Не доколку средната плата беше 1000 евра, наместо сегашниве 300

  • Да за средна западноевропска плата од 1800 евра и некојси таму поквалитетен живот

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
За пари и недвижнини не знам, не сум ги прашувал цени на квадрат, знам дека мој вујко отиден од 70тите во Бризбејн инаку автомеханичар, работел по разни фирми на крај во нивното ЈСП. На почеток им било тешко и претешко (без јазик, во колективни домови, фоуртх хенд облека и такви услови за живот) ама запнале, издржале.
Неговата сопруга хигиеничарка прекинува со работа за да ги чува децата. За бројки, цени и камати не знам меѓутоа со една плата направил куќа (не дила брашно и тревки, чисто информативно, обичен домаќин човек), потоа земал под наем неколку станови за да ги издава, краткотраен бизнис, па потоа гради уште 2 куќи за синовите, прекинува со издавање станови. Значи 3 куќи 3 коли 3 базени....Од финансиски аспект тоа е.
За ред и поредок, куќата морала однапред да има/нема ограда и тревник зависно од другите куќи во населбата т.е. урбаниот план. Однапред немаат огради ниту смеат да се шират нанапред, ниту смее некој да им гради зграда пред нив. Заради базенот одзади, морале да имаат ограда со толку и толку височина инаку ако не ги исполнувале овие сите услови за типски и безбедносни услови, репале ненормални казни.
Понатаму, ниеднаш ама ниеднаш немам видено кеса, делови од мебел, ѓубре и слично фрлено кај нив по улица (братучедиве често се снимаа како скејтаат по улици па оттаму овој впечаток). Имаа кученце, никогаш не смеело само да истрча на улица затоа што (не само по закон ами реално) удирале казни (во Словенија имаат ист закон и реално практично се применува, со чипови). Камоли негде да го пуштат како улично куче. Тоа што имале австралијците навика сами да си носат пијачка на гости и слични навики, тоа е минорно према она што и како функционира таму. Едно време истите беа со ниет да се вратат да живеат овде и да инвестираат во приватен бизнис. По неколкупати доаѓање, дигнаа раце токму заради хигиена и нормално функционалност на институции...и нормално дигнал раце од доселба. Сега ужива во пензија, братучедиве со обични занимања си го живеат животот со регуларни примања и средена околина.

Значи сепак не се отселуваат исклучиво заради поголеми плати. Туку пред се заради среден систем/држава, постабилна иднина, покрај тоа и повисок стандард, посигурна плата..., ако не за првата, тогаш за втора трета генерација.

Сори за подолгиот текст ама како пример (иам уште 2-3 вакви примери на блиски ама да не замарам, поентата е таа) мислам дека заслужија малку простор овде.
 
Последно уредено:
Јас мислам дека менталитетот го диктира системот.Системот на една земја го прават малоумните граѓани.Луѓето со менталитет како нашиот можеле да изградат ваков систем како што имаме,трул,гнил

Систем се гради само со пари и сила. Пари мора да имаш за да имаш подршка и да купуваш сила кога треба во одредени моменти ама тоа мора да биде само во одредени моменти.

Сила се стекнува на неколку начини. Може да ја црпиш диктаторски ко што ете да речеме во МКД проба грујо до одреден степен али на крај испадна пичка и подлегна на нападите кон него. Ердо на пример сосема друг пристап има и имаше кога пробаа да го тргнат. За да можеш да си флексибилен и да реагираш остро треба народот да ти е сит, значи да имаш пари и да обезбедиш иднина.

Со тек на време сила се добива преку бизнис, едукација и максимална отвореност кон светот зашто само така ќе дојдеш до пари и подобрување на стандардот. Потребно е висок степен на МОРАЛ на сите владеечки позиции а ние тоа го немаме. Социјалистичкиот систем од предходната држава тоа целосно го има уништено.

Проучија малку историјата на Сингапур и ќе ти стане јасно што сакам да кажам. Сингапур беше избркан од малезиската федерација во 1965. Од сиромашна и утепана малезиска провинција со GDP од 500 долари во 1965 стигнаа до 7ма најбогата држава денес со GDP од 65 000 долари на пат да се најбогати до 2025. Цело време има блага диктатура ама со фокус на отвореност, едукација, бизнис. Имаат најплатени политичари и министри и државата ја водат како фирма, ако немаш успех леташ од позиција. Затоа денес се број 1 во скоро секој сегмент, сеедно дали здраство, едукација, екологија, трговија... Они исто ко нас се опкружени од кретени соседи - малезија која неможе да поверува што направила во 1965 и третина од населението во сингапур е етинички нивно, плус индонезија, најглемата муслиманска држава што е на само неколку км од нив и нормално си гледа стратешки интереси во една од глобалните метрополи.

Ние да сме паметни и да ископираме и прифатиме 2% од нив би цветале ама во МКД сфаќањата се сосема други, политичари се бивши мафијаши и плакатолепачи а судии и адвокати се најобични рекетари. Така нема ни сила ни пари.
 
Ама ако прифатиме. Еве Унгарија, Будимпешта со часови да шеташ, улично куче нема да видиш. Во Рим слично со тоа што само некои од бездомниците имаа такво куче веројатно ради безбедност на газдите и тоа мирно, ни лае ни напаѓа. Словенија ја споменав со казните и чиповите. Зашто, о зашто некој изиграва полицаец и казнува кај ситимол наместо да најде вакво слично системско решение. Не само со животните него и со кабаст отпад, подземни ѓубралници, редовни контроли на општински и реп. власти дури и за 1 пикавец.
Ама можеби не е само до менталитетот него и до врските (што пак не враќа кај менталитетот, хаха). Како да му нареди на инспекција за чистота да патролира ако се запослени преку некој кој преку ноќ може да го урне...како што сторија со образовниот инспектор.
Со прости зборови, ние наскоро ќе го минеме хоризонтот (event horizon) на случувања пред црната дупка па ако продолжиме или ќе се истегнеме ко шпагети при ворпање на време простор и ќе се распаднеме или ќе се анулираме во сингулатитетот. Освен ако неаме некој погон кој би не оддалечил од тој хоризонт после кој нема назад.
 
Ако не прифатиме милум тогаш настапува второто СИЛА. Казни како што рече, смена на целиот начин на казнување. Мандаторни затворски казни за корупција.

За перење 12 мил долари поранешниот директор на СЛА (singapore land authority) практично агенција за стопанисување со јавно земјиште доби затвоска казна од 22 години. Од тие 12 мил нивниот СЈО (CPIB- corrupt practices investigation bureau) поврати 7,5 мил. Поркај него и сите други вмешани добија до 10-15 год затвор. НЕМА ЛАБАВО

Секоја мала држава го има истиот проблем, сите ни сме поврзани еден со друг преку 2 највеке 3 личности. Да земам тебе да те барам доволно ми е да ти знам име и населба и ќе те најдам преку некој другар итн... Така да МОРА да функционира законот безпрекорно а за тоа потребна е повисока морална вредност и пред се строга рака што буквално ќе тепа и казнува дур народ не се научи на ред.

Кога има пари такви киксови ќе бидат помали, земи ги рекетарите од СЈО, да заработувале они адекватно сите години унапред прашање дали би влегле во такви авантури или еве медицинскиот кадар да ни е адекватно платен дали би барал мито? На почеток може да, ама со време ова ќе се смени поготово ако почнеш да ги затвараш проблематичните. Сингапур си е добар пример за тоа, Ли Куан Јао ти е сингапурскиот Тито, само многу многу попаметна верзија.
 
Gledam nekoj gi spomnal nekolkute biznismeni i uste nekoi bogati familii u Mk iskreno za niv uste potragicno e sto ziveat tuka, da imas tolku pari i da zivees u mizerija stvarno e glupo, ali toa e golemite ribi plivaat vo golemi vodi/ okeani ako imas kvalitet kje se probies i vo razvieni zemji a ako si uspeal u edna gnila zemja preku prevara i manipulacija da nabildas ugled i pari ne mozes istoto da go prodades u jaka zemja tamu kje bides sitna riba u moreto golemi ribi znaci kompleksi se vo prasanje bolje im e najjaci fraeri vo selo da bidat a toa mnogu kazuva kolku mozat i kolku navistina vredat.
 
тоа што ти и многу како тебе не ја гледаат иднината во државата не е воопшто спорно е све е тоа легитимно, денес не само од МКД туку од секаде луѓето се селат, секој со своите причини и својата цел, пример имаш еден куп ирци кој што секојдневно се селат во Сиднеј, и тоа ради времето и се лоцираат до крајбрежните населби, Бондај, Бронте, Куџи, Рандвик и слично, јес да е прескапо ама тој поради тоа дошол и ќе дели ако треба и соба со некој други само да биде таму каде што замислил, значи дошол ради времето, така кажува и така живее, не викаат тие дека дошле во Сиднеј ради тоа што таму во Ирска има многу некапени, пијанци и тепачки за глупости, зш истото и тука го прават.
Во нашиов случај имаме ние сосема нешто друго, значи некој што се иселил или некој што планира да се иселува ( не сигурен во соспствената одлука), прво што почнува е вреѓањето кон сопствениот народ бил некапен, смрдел, комшијата вака така, значи работи со кој може да се соочи и таму каде што ќе се ислели, а од друга дигање курот на секој немакедонец без разлика дали бил швабаи швеѓанец или австралијанец. Едно е да кажеш дека системот е нефунционален, дека политчарите го понижија народот, правниот систем не личи на ништо, за здравство да зборвиме, ама друго е да го вреѓаш народот во целина.
Понекогаш кога читам сите вака со напредни мислења, се прашувам па каде има толку прост глуп народ во МКД кога овде сите на форумов ептен паметни и напредни. Не дај боже некој да каже некое мислње што не им се допаѓа или се коси со сопствените убедувања (ќе го земам пример мислењето на @Del Boy ), одма на виделина излегува скриената малоѓраншитна, па се почнува со канонада од навреди и понижувања, од типот, некапен, патриот ( во потценувачка смисла), па Грујо, Гоце Делчев , Ацо големиот и не знам што, а зошто ? само поради тоа што на некој не му се допаднало мислењето од другата страна.
Види, до негде си во право, системот им функционира затоа и свеста на граѓаните таму е поголема, пример, нашите кои живеат таму или оние кои одат на одмор не фрлаат ѓубре по улици, носат каиш, не поминуваат на црвено, го почитуваат јавниот ред итн а тука кога ќе дојдат истите тие се фрлаат и ѓубре, се понашаат како простаци, еден ми вика дури бев во Шведска стави си каиш оти овде казнуваат одма, и јас му викам не треба да ми кажиш јас и долу кај нас носам каиш кога се возам, и ми вели, јас пустиот навикнат во Шведска да се врзвам кога слегов долу прво влегување во кола за каишот се фатив и брато му му рекол шо прајш бе ненормален, не си во Шведска и овој земал се одврзал, е тоа ти е малограѓанштина. Истото е и со фрлање ѓубре, таму ако треба в рака ќе го држи најлончето цело време дури не најди канта а тука кај шо ќе стигни ќе го фрли.

Е сега и таму има стока народ, поготово можиш да го забележиш тоа во метроата затоа што се возат пониската класа и има секакви, наркомани, пијани, повраќаат по седишта и шо уште не, ама таму на 5 милиони народ ќе се најди секаква будала, имаш луѓе од секаква раса од секакви националности, не можи во толку народ сите да се ок, ама тука ќе ја земам за пример мојата Битола, 50 000 дали сме останати во градот, од тие 50 000 повеќе од пола се стока народ, е тоа е разликата, на секој чекор се соочуваме со нечистота, со некултура, а таму не се приметва тоа на толкав милионски град .
 
Во метро не се вози пониската класа на луѓе,туку и богати и сиромашни,сите оние што сакаат од едниот до другиот крај на градот да стигнат за 20 минути наместо за 2 часа со автомобил.Не е тоа Македонија,јас сум богат срамота у автобус да се возам
 
Да де, рековме, ама во метро најповеќе можиш да најдиш такви, во Германија имаш се и свашта во тие убаните навечер, тоа ми беше муабетот
 
Не заебавајте, какви дегенерици има и меѓу германците може томови книги да се испишат. Сликата по големите градови после 23:00 e трагична и морничава, и тоа возрасни луѓе од по 30+ години не само млади деца. Зборувам за прави германци, со потекло, родени и израснати овде со нивните вредности. Кога го нема тоа домашното воспитување од мали нозе се е џабе, ако сакаш и на Марс оди.
Нормално дека има, шлајм народ имаш во секоја нација, статистички не е возможно да немаш. Јас зборував генерално за помладиот, образован народ. Ако некој сака да е Бфф со Германцине што чекаат петок да дојде и на сите четири да лазат, нема потреба да се сели вооошто :)
Само што тука ми се допаѓа што секој си го знае местото во општеството. Металци одат на метал концерти, рокери на рок, позери на позерски бендови итн. Немаш едни исти фаци на Гужва за на Инстаграм од Цеца преку Виноскоп до Суперкуп - Јунајтед Реал :facepalm: ваљда си приметил, во секоја општина имаш verrein за се нешто. Ако те интересира шах играње, ќе си го најдеш друштвото и ќе си играте шах. Ако сакаш не знам, одгледување пчели, ќе најдеш. Затоа велам јас овде дека навистина ми е чудно како не можат да се зближат со никого во Словенија, Германија, Холандија, Белгија ако знаат јазик и не им збори устата на осетливи теми. Австријците и Скандинавците се може поинакви ете, за Австријциве од искуство знам дека ни Германците не ги сакаат, за Скандинавците не можам да зборам.
 
Ако не прифатиме милум тогаш настапува второто СИЛА. Казни како што рече, смена на целиот начин на казнување. Мандаторни затворски казни за корупција.

За перење 12 мил долари поранешниот директор на СЛА (singapore land authority) практично агенција за стопанисување со јавно земјиште доби затвоска казна од 22 години. Од тие 12 мил нивниот СЈО (CPIB- corrupt practices investigation bureau) поврати 7,5 мил. Поркај него и сите други вмешани добија до 10-15 год затвор. НЕМА ЛАБАВО

Секоја мала држава го има истиот проблем, сите ни сме поврзани еден со друг преку 2 највеке 3 личности. Да земам тебе да те барам доволно ми е да ти знам име и населба и ќе те најдам преку некој другар итн... Така да МОРА да функционира законот безпрекорно а за тоа потребна е повисока морална вредност и пред се строга рака што буквално ќе тепа и казнува дур народ не се научи на ред.

Кога има пари такви киксови ќе бидат помали, земи ги рекетарите од СЈО, да заработувале они адекватно сите години унапред прашање дали би влегле во такви авантури или еве медицинскиот кадар да ни е адекватно платен дали би барал мито? На почеток може да, ама со време ова ќе се смени поготово ако почнеш да ги затвараш проблематичните. Сингапур си е добар пример за тоа, Ли Куан Јао ти е сингапурскиот Тито, само многу многу попаметна верзија.
Дури ги имаш браќата во било која влада и овие апашите наши нема да се искорени тука корупцијата, плус веќе голем дел од академските граѓани се отселија и остана многу џган кој го заболе за да се оправи државата, ниту пак било кој е заинтересиран да крене протести и ако треба да ја запали државата додека не се тргни трулежот од позиции на владеење. Понатаму имаш над 200к административци кои единствено ги интересира да си одработат за партијата која ги пикнала на работа и да им стига платата додека си ги бркаат приватните бизниси, уште едно 400к кои веат знамиња за една од двете наши владејачки партии за еден ден да ги пикне на работа и уште над 200к од браќата кои колку партии и да им постојат живеат со ист сон за голема шќиптарија и главниот начин на функционирање им е со мито, корупција и закани.

Така да јас да видам не верувам дека оваа „држава“ некогаш ќе ги искорени корупцијата, митото, ќе почне да почитува и спроведува закони рамноправно за сите, ќе има добро правично судство, добро здравство и квалитетно образование, без овие работи е само глумење на држава и на некој начин „приватна фирма“ за тие неколку фамилии кои владејат со истата.
 
Нормално дека има, шлајм народ имаш во секоја нација, статистички не е возможно да немаш. Јас зборував генерално за помладиот, образован народ. Ако некој сака да е Бфф со Германцине што чекаат петок да дојде и на сите четири да лазат, нема потреба да се сели вооошто :)
Само што тука ми се допаѓа што секој си го знае местото во општеството. Металци одат на метал концерти, рокери на рок, позери на позерски бендови итн. Немаш едни исти фаци на Гужва за на Инстаграм од Цеца преку Виноскоп до Суперкуп - Јунајтед Реал :facepalm: ваљда си приметил, во секоја општина имаш verrein за се нешто. Ако те интересира шах играње, ќе си го најдеш друштвото и ќе си играте шах. Ако сакаш не знам, одгледување пчели, ќе најдеш. Затоа велам јас овде дека навистина ми е чудно како не можат да се зближат со никого во Словенија, Германија, Холандија, Белгија ако знаат јазик и не им збори устата на осетливи теми. Австријците и Скандинавците се може поинакви ете, за Австријциве од искуство знам дека ни Германците не ги сакаат, за Скандинавците не можам да зборам.
Во држави како Германија,каде што има народ буквално од цела Европа(освен скандинавија) да кажеш дека не можеш да се здружиш со некој.Значи покрај толку балканци кои се фини луѓе,барем јас тие што ги запознав имаш и луѓе од Украина,Полска,Италија,Литванија и што ли уште не.На крајот пак не знам што ќе ти фали ако се дружиш само со двајца ако ти се искрени пријатели а не како кај нас имаш милион другари кои буквално освен оговарање и мислење лошо едни на други не добиваш ништо(а и за частење да не заборавиме)
Овој муабет го прават оние кои не сакаат да се селат па тоа им е како причина.

Ако сакаш напиши нешто на кратко тука за Словенија како држава(минимални плати,што народ се,системот и друго)
Ме интересира како само они успеаа од бивша Ју да останат добро место за живеење.Имам нешто слушнато околу тоа па ако ти е малку познато напиши.
 
Да не испадне сум те изигнорирала, ќе пишам утре подетално, не сум во можност сега, ме мрзи од телефон реферати :)
 
@Ilumious
Ова и мене ме интересира. Од осамостојувањето само двапати на кратко бев таму. Како е сега?
 
Последно уредено од модератор:
Да не испадне сум те изигнорирала, ќе пишам утре подетално, не сум во можност сега, ме мрзи од телефон реферати :)
Нема гајле не мораш ни утре,кога ќе си во можност само пиши мислење овде а јас секако сум активен тука и ќе го видам.

Многу ми се интересни како народ и како држава и имам одредено мислење за нив и за нивната држава.
 
Само што тука ми се допаѓа што секој си го знае местото во општеството. Металци одат на метал концерти, рокери на рок, позери на позерски бендови итн. Немаш едни исти фаци на Гужва за на Инстаграм од Цеца преку Виноскоп до Суперкуп - Јунајтед Реал :facepalm: ваљда си приметил, во секоја општина имаш verrein за се нешто. Ако те интересира шах играње, ќе си го најдеш друштвото и ќе си играте шах. Ако сакаш не знам, одгледување пчели, ќе најдеш. Затоа велам јас овде дека навистина ми е чудно како не можат да се зближат со никого во Словенија, Германија, Холандија, Белгија ако знаат јазик и не им збори устата на осетливи теми.
Австријците и Скандинавците се може поинакви ете, за Австријциве од искуство знам дека ни Германците не ги сакаат, за Скандинавците не можам да зборам.
Ќе го искоментирам овај дел со кој морам да се сложам, точно дека таму се знае се, кој каде припаѓа и каде се движи. Кој не сака да ги следи овие правила на игра или не ги следи има проблем. Има луѓе кој што стекнуваат пријателства на пример само со наши од причина само дека се наши, без разлика дали си одговараат карактерно и слично, после тоа доаѓа до разочарувања и тука почнуваат коментарите подалеку од нашите иако не познаваат ни еден друг немакедонец. Без разлика каков е ако ти одговара карактерно или според одредени погледи, тогаш немаш проблем дали е наш или тугинец. Ќе го земам мојот пример, ајде демек ќе ги носиме децата на играорна, ојдов два дена, никогаш тоа не ме интересирало, ниту тогаш кога ојдов со децата нешто ме привлече, не ме привлече нешто ни средината каде што се наоѓав, јас сум бил спортиста, сум се занимавал и со други работи ама не и со играорни, тоа не е за мене, сам си реков, што се малтретираш со сила, си заминав и повќе не се вратив. Сега децата ги носам на фудбал, во два различни клуба, таму има секакви и наши и тугинци, тоа ми е кругот на движење, таму и тие нашите се 2ра, 3та генерација таму растени, никогаш не сум мислел дека луге порастени таму над 40 години може да ми одговараат, ама испадна дека тие ми се ок, не се занимаваат со правење крива дрина, не те замараат ни како било во МКД ни како ќе биде, дискутираат за тамошното секојдневие, за тековните работи, гледаат да се напијат да се нашалат, ако можат некако да си помогнат во зависност кој со што се занимава, итн.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom