За пари и недвижнини не знам, не сум ги прашувал цени на квадрат, знам дека мој вујко отиден од 70тите во Бризбејн инаку автомеханичар, работел по разни фирми на крај во нивното ЈСП. На почеток им било тешко и претешко (без јазик, во колективни домови, фоуртх хенд облека и такви услови за живот) ама запнале, издржале.
Неговата сопруга хигиеничарка прекинува со работа за да ги чува децата. За бројки, цени и камати не знам меѓутоа со една плата направил куќа (не дила брашно и тревки, чисто информативно, обичен домаќин човек), потоа земал под наем неколку станови за да ги издава, краткотраен бизнис, па потоа гради уште 2 куќи за синовите, прекинува со издавање станови. Значи 3 куќи 3 коли 3 базени....Од финансиски аспект тоа е.
За ред и поредок, куќата морала однапред да има/нема ограда и тревник зависно од другите куќи во населбата т.е. урбаниот план. Однапред немаат огради ниту смеат да се шират нанапред, ниту смее некој да им гради зграда пред нив. Заради базенот одзади, морале да имаат ограда со толку и толку височина инаку ако не ги исполнувале овие сите услови за типски и безбедносни услови, репале ненормални казни.
Понатаму, ниеднаш ама ниеднаш немам видено кеса, делови од мебел, ѓубре и слично фрлено кај нив по улица (братучедиве често се снимаа како скејтаат по улици па оттаму овој впечаток). Имаа кученце, никогаш не смеело само да истрча на улица затоа што (не само по закон ами реално) удирале казни (во Словенија имаат ист закон и реално практично се применува, со чипови). Камоли негде да го пуштат како улично куче. Тоа што имале австралијците навика сами да си носат пијачка на гости и слични навики, тоа е минорно према она што и како функционира таму. Едно време истите беа со ниет да се вратат да живеат овде и да инвестираат во приватен бизнис. По неколкупати доаѓање, дигнаа раце токму заради хигиена и нормално функционалност на институции...и нормално дигнал раце од доселба. Сега ужива во пензија, братучедиве со обични занимања си го живеат животот со регуларни примања и средена околина.
Значи сепак не се отселуваат исклучиво заради поголеми плати. Туку пред се заради среден систем/држава, постабилна иднина, покрај тоа и повисок стандард, посигурна плата..., ако не за првата, тогаш за втора трета генерација.
Сори за подолгиот текст ама како пример (иам уште 2-3 вакви примери на блиски ама да не замарам, поентата е таа) мислам дека заслужија малку простор овде.

Последно уредено: