Безбедно плаќање on-line

  • Креатор на темата Креатор на темата alejandro
  • Време на започнување Време на започнување
Го немаме тој (легален) луксуз да користиме PayPal кај нас, па приморен сум да правам нарачки преку интернет со картичка. Сепак, ризикот постои со кредитна картичка, а имам слушнато (од Словенија конкретно) дека преку банката може да се врши некое безбедно плаќање со картичка се со цел некој да не ги употреби моите податоци и да ме стави во минус на картичката.

Не сум запознаен дали го има тоа кај нас, а налетав на E-banking успуга (на Тутунска). Дали оваа услуга има некаква врска со претходно спомнатото, т.е дали на овој начин сигурноста на плаќање со картичка е поголема или нема врска едно со друго?

;)

Јас извадив дебитна (виза електрон) од тутунска, колку ставаш толку трошиш, и да ја пробијат џабе ќе им е :)
Имам купувано онлине (и во мк и надвор од земјава), имам работено и со манибукерс, па досега не сум имал никакви проблеми.
--- надополнето: 13 јули 2012 во 01:25 ---
Само прашањето ми беше дали може во минус да отидам ако ме хакнат на интернет картицата?

Неможеш да отидеш во минус, самата картичка не ти го дозволува тоа.
 
На дебитна не може да одеш во минус пошто самата картичка не дозволува да одиш во минус туку колку што имаш на сметка толку. Сега ако имаш 10 000 евра на сметка тоа е веќе друго.
И друга работа незнам што си го тупите мозокот. Освем ако купувате редовно онлајн, па реално имате потреба да отворате пејпал или да вадите посебни картички, не гледам причина за една нарачка да се заебавате.Сега барем имате еден куп што посредуваат при плаќање, со мали провизии, така да трудот не ви се исплаќа за една порачка или две да се малтретирате или да се ставате во ризик да заебите нешто или некоја глупост во меѓувреме да направите.

Лично јас имам потреба да извадам посебно затоа што имам направено до сега доста нарачки, повеќето од нив преку овие со провизии што ги спомна, и тоа поготово од eBay (само со PayPal може да се плаќа таму нели и затоа). Ми треба ваква интернет картичка, а уште полесно ќе можам дебитна да извадам бидејќи тутунска ја немаат таа интернет картичката, затоа што од други страни каде што може со картичка да се плаќа сам побрзо да си завршам работа.
Многу фала за помошта.
 
Виса елелтрон на тутунска ке ти заврши работа. Дебитна е и служи за плаќање преку нет. Само имај на сметка онолку колку што ти треба за да префрлиш( средниот курс се рачуна).
Туку друго ми беше зборот, често се случува од неискуство при плаќање онлајн да се направи грешка па така кантата да испадни поскапа од сирењето. Затоа спомнав ако ви е за еднаш двапати не се исплаќа трудот и времето што ке го потрошите, а во твојот случај пошто ете редовно купуваш сигурно ке ти се исплати. Сега колкав избор би имал при купувањето со картичка пошто ретко кој подржува такви картички а од друга страна прашање е зошто нема пајпал на страната. Во секој случај гледај да купуваш од страни кои покрај виса електрон подржуваат и пајпал ради некоја сигурност, пошто пајпал не трпи многу заебанции и далавери, така да тоа би ти било добар сигнал дека страната е ок.
 
Се извинувам што одам малце оф-топик, но:
ЌЕ МОЖЕ ЛИ НЕКОЈ да ми пише по ПП линк за асален туториал како да се купува преку e-Bay со Visa Electron од НЛБ тутунска (нели тоа спојување со пејпал)? Се убив по пребарување у тие таму темите...Све е испомешано...
 
Ти треба прво account да си направиш на PayPal, па потоа можеш да правиш нарачки од еBay со PayPal-от. Види во таа темата официјална за PayPal што е, мора да има таму неколку постапки.
 
Го немаме тој (легален) луксуз да користиме PayPal кај нас, па приморен сум да правам нарачки преку интернет со картичка. Сепак, ризикот постои со кредитна картичка, а имам слушнато (од Словенија конкретно) дека преку банката може да се врши некое безбедно плаќање со картичка се со цел некој да не ги употреби моите податоци и да ме стави во минус на картичката.

Не сум запознаен дали го има тоа кај нас, а налетав на E-banking успуга (на Тутунска). Дали оваа услуга има некаква врска со претходно спомнатото, т.е дали на овој начин сигурноста на плаќање со картичка е поголема или нема врска едно со друго?

;)

За да една банка добие лиценца да работи со Виза или Мастер картички мора да задоволи еден куп критериуми, а прв критериум е дека корисникот е секогаш во право. Во оној момент кога ќе се докаже злоупотреба на картичката Банката, согласно договорот со ВИЗА и Мастер Е ДОЛЖНА да го обештети корисникот, инаку, може да ја изгуби лиценцата за работа со брендот.

Е сега, бидејќи кај нас банките, а и воошто бизнисит не се баш ориентирани кон корисникот, ти нудат овакви интернет картички од кои само земаат екстра профит и демек ти гарантираат дека нема да ти хакнат, а за оние другите, не гарантираат.
Следен пат кога некој во стопанска ќе ви каже дека не ви гарантираат сигурност на виза или мастер да им побарате тоа да ви го дадат на писмено. Нема да го добиете од причина што тоа е кршење на правилата на игра кои ги поставуваат Виза и МЦ.

Јас од 2001 купувам онлајн и досега сум немал никаков проблем со крадење на број на картичка или било што, а користам НЛБ картица.
 
ве читам и ви се чудам никој нема да ви ја чепка картицата доколку на неа имате 100-150евра не им се исплати за мала сума да имаат голем ризик ;) доколку имате над 500евра на неа тогаш е друг муабет а и на секоја страна не се оставаат податоци... некој страни имаат мала заштита па лесно се доаѓа до податоците на потрошувачите моментално нај сигурна страна е ebay се друго е гола вода
 
Ти треба прво account да си направиш на PayPal, па потоа можеш да правиш нарачки од еBay со PayPal-от. Види во таа темата официјална за PayPal што е, мора да има таму неколку постапки.
Можеш ли те молам да кажеш како можам да направам account на PayPal затоа што на страната не ја дава Македонија и доколку не постои тоа во Македонија како има толку многу луѓе што купуваат од e-bay и препродаваат на facebook?
 
Moже да се направи акаунт од кај нас, има неклку постапки во официјалната тема за пејпал, а истото се прашувам и јас за овие препродавачиве. Затоа што прават голем број на нарачки и не знам како го верифицирале акаунтот да немаат лимит на трошење.
А ако вака на пример ти сега успешно си отвориш акаунт огромна е веројатноста многу брзо да ти ја блокираат сметката и да ти кажат да им пратиш копија од лични документи за да ја верифицираш. Така многу луѓе заглавуваат и тоа се почесто во скоро време, пред година-две долго време им стоеле акаунтите на пејпал ама веќе не.
Јас им пратив e-mail на надлежните во пејпал и го искажав мојот став доста дрско затоа што е достапно во некои земји во Африка кои што прв пат го прочитав нивното име, а кај нас се уште не е. Нивниот одговор беше "наша цел е пејпал секаде да биде достапен верувајте ни работиме на тоа и во Македонија да има" бла бла бла такви неостварливи работи.
 
А може да ме упатиш каде е официјалната тема бидејќи го пребарав целиот форум Економија и бизнис и најдов само теми каде што се спомнува PayPal но не сретнав постапки за правење account?
 
Јас имав искуство со злоупотреба на картичката (на Интернет) и се окозив (6 месеци) додека од банката ми ги вратија парите иако се работеше за сума од околу 150 ЕУР. Дури и незнам дали ќе ми ги вратеа да не бев толку упорен и досаден (за нив). Банката мене ми бараше доказ дека не сум ги направил интернет трансакциите, дека не праам финта за да им ги зеам парите, па дали сум пријавил во полиција итн итн.
Потоа во разговор со еден мој другар (иселен во Германија) сватив дека целата работа е во тоа шо нашиве каритчки (во Македонија) немале интернет заштита (толку ни се напредни банкиве), односно некој т.н. интернет пасворд кој се внесувал пред да ја потврдиш трансакцијата. Така да изгледа тоа е штосот што нашиве банки се толку резервирани за користењево на картичкиве на интернет а некои и ги забрануваат.

Инаку, после ова искуство и јас си извадив Интернет картичка, зошто кога ќе поразмислам малку (посебно после искуството со злоупотребата) секоја будала во продавница кога плаќам со картичка може да ми го запише или сними бројот на картичката и да ме очерупа на Интернет.
 
Абе ќе си прежалите една картичка (сигурно ги имате барем 1-2) и неа ќе ја користите само за на интернет. Јас на пример дебитната од УНИ сега ја користам само за на нет, за се друго постои НЛБ ;) Само не знам дали и колку ќе им биде сомнително на пример од манибукерс да префрлам да речеме 500 евра на картичка? Then what?!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom