Beverly Hills, 90210

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.700
Поени од реакции
19.737
Bump, скоро 11 години по последното мислење. Guess why? Си ги симнав сите 10 сезони (на МТВ ги даваа само до 5-та, понатаму не ми се гледани), и си ги почнав, од почеток! Не знаете кој tripping е! Ко да сум влегол во временска машина и да сум се вратил назад во детството. Моментално сум до S02E16 и толку се (ре-)навлеков што зедов и од темата за спин оф серијата 90210 ја издвоив оваа, зашто Beverly Hills мора да има своја тема!

Дури и сам се изненадувам колку уште помнам еден куп работи од серијава, од пред повеќе од 20 години, а не памтам некои кои минатиот месец сум ги гледал.
Лелеееее, сега и ја ќе ја симнам, изгорев по Дилан ко девојче.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369

Мене сега Дилан ми е толку cheesy што едвај го поднесувам. Пренафуран тип. Брендон па, во секоја епизода има различна девојка. Единствен реален лик и убаво одглумен (од машките), од сегашна перспектива, до сега ми е Стив. Го обожавам!
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.700
Поени од реакции
19.737
Мене сега Дилан ми е толку cheesy што едвај го поднесувам. Пренафуран тип. Брендон па, во секоја епизода има различна девојка. Единствен реален лик и убаво одглумен (од машките), од сегашна перспектива, до сега ми е Стив. Го обожавам!
Брендон ко некоја пичица ми е:icon_lol:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
После 2 години и малце конечно го догледав чудово. Почна да станува репетитивна и со многу plot holes и проблеми со одржување на приказната во смисла - нешто што се случило во претходните сезони, како да пу пу не важи во новите. Но убаво беше носталгичното враќање кон едно време кое одамна го нема. Она што навистина ме изненади е колку серијата била пред своето време и поставувала прашања кои и денес за некои се табу. Исто така, можам да речам дека и покрај големата временска дистанца (пред 33 години е прикажан пилотот!), серијава е некако актуелна и денес, а со тоа и безвременска. Се обложувам дека дури и после 33 години да ја гледа некој, ќе го има истото чувство. Крајот беше навистина емотивен, иако по малку тажен што за некои ликови кои оставија белег (Шенон Доерти (Бренда), Хилари Свонк (Карли), Кејтлин Робертсон (Клер), Ванеса Марсил (Џина)...) немаше место во финалето, но веројатно има приказна зад секоја од нив. Ова беше пионерот кај тин-сериите од овој тип, го отвори патот за многу други, и како таква според мене е a must watch. Потсетете ме ко ќе правиме каталог на серии кои мора да ги гледа секој, да ја ставиме. И тоа некаде на врвот!

1692471117900.png 1692470591948.png 1692470659717.png 1692470735452.png 1692470803732.png 1692470873821.png 1692471021128.png 1692470307822.png 1692470380796.png 1692470515792.png
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.109
Поени од реакции
819
После 2 години и малце конечно го догледав чудово. Почна да станува репетитивна и со многу plot holes и проблеми со одржување на приказната во смисла - нешто што се случило во претходните сезони, како да пу пу не важи во новите. Но убаво беше носталгичното враќање кон едно време кое одамна го нема. Она што навистина ме изненади е колку серијата била пред своето време и поставувала прашања кои и денес за некои се табу. Исто така, можам да речам дека и покрај големата временска дистанца (пред 33 години е прикажан пилотот!), серијава е некако актуелна и денес, а со тоа и безвременска. Се обложувам дека дури и после 33 години да ја гледа некој, ќе го има истото чувство. Крајот беше навистина емотивен, иако по малку тажен што за некои ликови кои оставија белег (Шенон Доерти (Бренда), Хилари Свонк (Карли), Кејтлин Робертсон (Клер), Ванеса Марсил (Џина)...) немаше место во финалето, но веројатно има приказна зад секоја од нив. Ова беше пионерот кај тин-сериите од овој тип, го отвори патот за многу други, и како таква според мене е a must watch. Потсетете ме ко ќе правиме каталог на серии кои мора да ги гледа секој, да ја ставиме. И тоа некаде на врвот!
Алал да ти е што си успеал да ја догледаш. Јас во неколку наврати пробував, ми беа симнати неколку сезони, ама сфатив дека серијава била добра за своето време, а за денешново време е досадна (или бар мене ми беше). Така што, се откажав после некое време. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom