- Член од
- 1 јули 2008
- Мислења
- 741
- Поени од реакции
- 76
Beverly Hills 90210
Дали се сеќавате на мегапопуларната тинејџерска серија Beverly Hills 90210 ? Ако не, еве мало потсетување:
Беверли Хилс, 90210 е америчка телевизиска серија која почна премиерно да се прикажува од 4.10.1990 до 17.05.2000. Ова беше првата тинејџерска сапуница, која стекна огромен број на обожаватели, а од главните глумци направи светски ѕвезди. Серијата го следи животот на младите од Беверли Хилс, ученици во школото “West Beverly High School“, а подоцна во универзитетот Колумбија.
Приказната почнува кога близнаците Брендон (Џејсон Присли) и Бренда (Шенон Доерти) Волш, заедно со своите родители Џим (Џејмс Икхаус) и Синди (Керол Потер), заради работата на татко им се преселуваат од Минесота на луксузниот Беверли Хилс, Калифорнија.
На почетокот тие двајца се централни ликови, а подоцна тоа стануваат и нивните пријатели Кели Тејлор (Џени Гарт), Дона Мартин (Тори Спелинг), Дилан МекКеј (Лук Пери), Стив Сандерс (Иан Зајринг), Андреа Закермен (Габриел Картерис) и Дејвид Силвер (Брајан Остин Грин).
Во серијата ликовите се среќаваат со доста проблеми но секогаш успешно се справуваат со истите.
Серијата е добитник на наградата Златен Глобус.
За време на десетгодишното снимање на серијата, могу познати ѕвезди зеле учество во истата: Ева Лонгорија, Кристина Агилера, Метју Пери и Џесика Алба.

За оние кои што не знаат,серијата Beverly Hills 90210 , повторно се емитува на телевизијата Hrt2 секој ден во 19:10 часот....
Ме интересираат вашите мислења за оваа серија која верувам дека ја немате заборавено...мислења за глумците од истата, за тоа какви биле тогаш и сега, кој лик најмногу ви се допаѓаше а кој не и зошто и воопшто за се поврзано со серијата....Па, ги очекувам мислењата....Поздрав :helou:

П.С. Ако има ваква тема (која ја немам забележано) јас се извинувам...