Бензин vs Дизел

  • Креатор на темата Креатор на темата Evo XII
  • Време на започнување Време на започнување
е па ....да частиш со едно турско?
со здравје да си го возиш!!! (y)
 
Со таа километража многу, многу поефтино ти е со такси да се возиш, и то со нај луксузен мерцедес што постои во МК.
 
Поарно би му било некое саксо 1.5 дизел да земел.Или бензин.Али биднало,нека му се погоди само.
 
Секој дизел има поскапо одржувајне, оти има повеќе нешта да му се расипат.
Само по горивнио систем дизело има плус тракатанци отколку еден мотор на бензин. Плус тракатанци шо дек и да е ќе откажат.

Него, да даде Господ да ти се погоде голфчето, та раат да си чинеш. (y)
Дизелот нема скапо одржување, барем не околу системот за вбризгување на гориво зашто ретко се расипува посебно ако е VW. Бензинците имаат многу посложен систем за палење за разлика од дизелите и тоа често речиси кај сите има дефекти. Не оди подалеку, земи само што треба свеќици да мењаш како потрошен материјал. Знаат често да рикнат и кондензатори, бобини, поради сменета вредност на некоја од компонентите во палењето мораш да менуваш цел склоп за електронско палење што воопшто не е евтино... Башка, инџекшн системот знае да цркне посебно ако е мултиџет. Ако сакаш, и самиот мотор кај дизелите е многу поиздржлив на абење зашто вооснова работи на помал број вртежи од бензинскиот мотор, а и квалитетот на материјалот е секогаш кај дизелот на повисоко ниво.
 
Не се расипува толку често,точно е тоа,ама кога ќе се расипе,дефектот ќе те кошта колку се дотогаш што си дал за бензин.Една електронска пумпа за висок притисок нека се ебе,колку што ќе ја платиш нова во продавница,со тие пари ќе купиш цел бензински мотор.Ќе ти останат пари и за некоја гума.А башка дека дизелашите имаат и турбини,па греачи.Еден греач е сигурно над 1000 денари,свечици имаш и за 300-400 денари.Една проста споредба.
 
При плата просечна од 20,000ден и цена на бензин од скоро 90 ден е смешно да тврдите дека подобро е бензинец да се вози.
Пример кола бензинец со мотор 1,4-1,6 градска троши 10,со клима 12.
ако месечно поминуваш скоро 1000 км тогаш тоа се 1000 ден на 100 км или 10,000 ден само за бензин што му доаѓа пола плата.
Ако е дизел,ке ја земам мојата кола за репер, 2.0 - 136кс тежи со мене 1,5 тон. троши градска со бркање 8-8,5 со клима или зимно време 9л на 100.отворено троши 4л при 90кмч
нафтата е 72х 8 =570 ден скоро на 100км или 5700 ден еве нека се 6000ден. Тоа е пак 40% заштеда во месецот. Колку и да не ја возиш колата пак си троши а бензинот е скап.
За на отворено па да не праиме муабет.До краците одам и се враќам со1800ден.и ми останува нафта,а другар еден со Леон 1,4 бензин му требаат 3000ден минимум.
Значи градска вожња ако е само претежно, месечно за бензинец треба 10,000ден,или годишно 120,000ден,а за дизел 70-80,000ден. Е сеа што и да ми се расипе у годината на колата нема да кошта у никој случај 40,000ден. нели? Најскап квар на дизел е или бош пумпа или некој сензор,или пак турбото.односно,меѓу 150-300 евра квар.Бензинец кола е џабе фрлени пари,си ги даваш на рати ама осетно,ем колата не иде ич.Да е некој бензин турбо или да е V6 некој па ај да си праиш кеф,ама да возам 1,6 и да ми троши ко најјакиот дизел а да иде ко скутер епа неќе моќи.
А делови има сега колку сакаш,се увезоа милион коли,секој втор растура за делови па можеш да најдеш се што ти треба за малце пари за скоро сите марки на коли.
Бензин се вози само у Америка,ефтино гориво,пари има,ефтини коли и терај кеф,овде ке земеш бензинец поефтино,ке видиш дека троши многу па ке се заебеш со плин,ке лупнеш 500 евра за плин,па секои 6 месеци ке мењаш дизни,па нема да пали зимно време,па ако град троши 10 со клима ке троши 14 плин па уште ред други заебанции.
Затоа зимај дизел и вози на раат.
 
Знам оти имаш фолксваген дизел, и е супер кола. :D:D
Свекици на бензинец, греачи на дизел.
Бобини на бензинец, Рејле на греачи.
Акумулаторо на дизел е секојпат поскап.
Ујленцето исто така, поскапичко.
Имаш турбина у приказната, шо репарацијата е над 500 евра, нова 1000ка.
Оти ако цркне турбина и потегле ујленце, дури тогај ќе има хорор филм.
Пумпите за довод на гориво, веќе и на бензинците и дизелите са осетлива работа. Тија пумпи за висок притисок, пиезо инјектори, потопни пумпи, ово оно... Ебало си е мајката...
На Запад дизелите имат данок од двојно до тројно повеќе од бензинците. (Кај нас не праа некаква смисла тава де... Никои нема данок сврзан со погонското гориво и издувните гасове).

Ако возе човек повеќе од 20 000 годишно, дефинитивно се зима дизел.
Не ме разбирај грешка, јас возих бензинец, а сега имам дизел кола.
И двете одеа/одат доволно за наши услови (без потреба да се прават трки, натпревари или слични глупости по патиштата).

Ама на крајо, сепак преферирам бензинец, ама не секојпат има човек услови да возе точно тава шо сака, па ќе си праа компромиси. :)
 
При плата просечна од 20,000ден и цена на бензин од скоро 90 ден е смешно да тврдите дека подобро е бензинец да се вози.
Пример кола бензинец со мотор 1,4-1,6 градска троши 10,со клима 12.
ако месечно поминуваш скоро 1000 км тогаш тоа се 1000 ден на 100 км или 10,000 ден само за бензин што му доаѓа пола плата.
Ако е дизел,ке ја земам мојата кола за репер, 2.0 - 136кс тежи со мене 1,5 тон. троши градска со бркање 8-8,5 со клима или зимно време 9л на 100.отворено троши 4л при 90кмч
нафтата е 72х 8 =570 ден скоро на 100км или 5700 ден еве нека се 6000ден. Тоа е пак 40% заштеда во месецот. Колку и да не ја возиш колата пак си троши а бензинот е скап.
За на отворено па да не праиме муабет.До краците одам и се враќам со1800ден.и ми останува нафта,а другар еден со Леон 1,4 бензин му требаат 3000ден минимум.
Значи градска вожња ако е само претежно, месечно за бензинец треба 10,000ден,или годишно 120,000ден,а за дизел 70-80,000ден. Е сеа што и да ми се расипе у годината на колата нема да кошта у никој случај 40,000ден. нели? Најскап квар на дизел е или бош пумпа или некој сензор,или пак турбото.односно,меѓу 150-300 евра квар.Бензинец кола е џабе фрлени пари,си ги даваш на рати ама осетно,ем колата не иде ич.Да е некој бензин турбо или да е V6 некој па ај да си праиш кеф,ама да возам 1,6 и да ми троши ко најјакиот дизел а да иде ко скутер епа неќе моќи.
А делови има сега колку сакаш,се увезоа милион коли,секој втор растура за делови па можеш да најдеш се што ти треба за малце пари за скоро сите марки на коли.
Бензин се вози само у Америка,ефтино гориво,пари има,ефтини коли и терај кеф,овде ке земеш бензинец поефтино,ке видиш дека троши многу па ке се заебеш со плин,ке лупнеш 500 евра за плин,па секои 6 месеци ке мењаш дизни,па нема да пали зимно време,па ако град троши 10 со клима ке троши 14 плин па уште ред други заебанции.
Затоа зимај дизел и вози на раат.

Има еден предмет кој се учи уште од мали нозе и се вика математика......Е сега ако знаеш математика тогаш лесно ке направиш математика....Но да почнеме,нели
1.Дизељ се исплати само,читај само ако правиш 15000км и нагоре на годишно ниво.Значи класа такси,фирма шпедиција транспорт.
2.Цената на дизељ купен зборувам на ново е во просек 3-4000евра поголема од бензинец,а плус и оддржување,а капак и наша нафта,е па сега ти види.Еден дефект и го еба ежот.Нова пумпа 3000евра,половњак 1000евра
3.Проблеми преку зима,па се одвоил парафинот од нафта затнал се живо,те вода у нафта,итн,итн......
4.Во поглед на потрошувачка не треси зелени....Јас возам Ланцер бензин и тоа 1.5 со некои си 109кс и во најголема гужва не преминал повеке од 9 литри бензин,а не зборувам за малолитражните кои се во граница од 6-7 литри.А ке си го прашам јас мочалото кој дизељ ке потроши 5 литри у град.Тие приказни може да важат у Велес,Битола,Кочани каде имате 1 семафор и тој најчесто не работи.Оди бутни се у 4 у шпицот по Партизанска па ке видиш 5 литра,ама на 50км градска

Но ако си роден со клучеви у рака и одиш со кола на моча..е,тогаш веке друга работа.Колата е превозно средство да те префрли од точка А до точка Б,ама ако можеш да ги користиш нозете,е подобар избор.Дојди сега во СК каде секој кош е веке платен паркинг па ке те видам дали ке го мандаш мандалото у кола,туку ке ги влечкаш стапалата по тротоар......

Но како и секоја млада генерација која мисли дека се што лета се јаде,ке си легне на брашното(и јас бев таков,ама годините си го направија своето)...........
 
Поарно би му било некое саксо 1.5 дизел да земел.Или бензин.Али биднало,нека му се погоди само.
Абе не е само потрошувачката, делови или не знам што...ама како да одберам Саксо во однос на Голф 4, ај кажи ми? Да возам поднаведнат во тоа саксото, или да не можат назад тројца да седат комотно? Не фала. Пред некое време пак ја проверивме на компјутер, се беше во оптималните параметри, дури и мајсторот се зачуди, вика нема никакво отстапување, скоро како на нова се отчитувањата. А за гориво знајш шо ми кажа....ми вика последните 100 км ти се со просечна потрошувачка од 4.8/100, а тие километри баш беа искомбинирани 60%-40% (надвор-град) па сега ај некој нека рече дека не се исплаќа.
 
При плата просечна од 20,000ден и цена на бензин од скоро 90 ден е смешно да тврдите дека подобро е бензинец да се вози.
Пример кола бензинец со мотор 1,4-1,6 градска троши 10,со клима 12.
ако месечно поминуваш скоро 1000 км тогаш тоа се 1000 ден на 100 км или 10,000 ден само за бензин што му доаѓа пола плата.
А ако годишно поминуваш 2000 километри?
 
Па шо ако? Ако важи за к+2, к+1, тогаш сигурно важи и за к :D
Пресметај колку време ќе ти треба за да израмниш 1500-2000 евра разлика во цена ако годишно поминуваш 2000 километри.
 
Па шо ако? Ако важи за к+2, к+1, тогаш сигурно важи и за к :D

Ај прочитај го мојот пост ама секој збор,важи.Финансиски дизел се исплати само ако правиш 15000км и нагоре.Значи да нафтата е поевтина од бензинот,но потрошувачката и не е голема разлика значи зборувам за возила со иста кубикажа и коњски сили.Разликата е 1-1,5л помалку во однос на бензинската варијанта.Е сега ако си дојден да кариш 150евра за цела година во разлика во цена,тогаш не би коментирал зошто за мене тоа е ситна душа.........
--- надополнето: 14 февруари 2013 во 12:37 ---
За 9 години имам поминато само 41000км.А знаеш ли зошто?Не дека е 90денари литар,не дека немам пари,купив ново ауто искеширав 16000евра,значи парите не се проблем,туку за мене е превозно средство само кога имам потреба да го наполнам багажникот,или евентуално ако морам да одам со автомобил.Во сите други случаеви си користам 45-ка(не автобус)туку нозе.......

Но бидејки имам дома тинејџер сега по ново,а порано ги нарекуваа ку*:icon_lol::icon_lol:лиња,потполно ја разбирам вашата потреба да се ку...те ко петли на стог сено качени......:pos:
 
Има потреба да се докажува дека не си во право? Па ланчано математика да направи голема разлика ...
 
16 000 евра + 1 000 евра за секоја година за 40 000 километри е лудост. 25 000 евра за 40 000 километра.. 25 евра за 40 километри...
Со такси е поевтино. Ногу поевтино.
Ако веќе прааме математики :-)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom