Бегате или продолжувате да се карате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Kога знам дека сум во право се карам се додека не се реши проблемот.Ама ако сум крива нема што да барам и оставам на времето да покаже.
 
Наоѓам компромис...
повеќе сакам да дискутирам, отколку да се карам...
Освен ако не влезам во пожестока дискусија со дрзок и безобразен соговорник... Тогаш има да терам инат до крај...
 
Никад не бегам.
едино коа е таква ситуацијата па треба да се наљутам и да си отидам.
иначе секад сакам до крај да ја истерам да се знае кој е шо е како е.
 
Kога знам дека сум во право се карам се додека не се реши проблемот.Ама ако сум крива нема што да барам и оставам на времето да покаже.

Ако си виновна за некоја работа, тогаш нема што да оставаш на времето да ти покаже од проста причина што веќе ти е укажано дека си виновна, а тоа значи дека треба да се корегираш таму каде што грешиш.Ова што е подвлечено за мене е еден начин на водење инает (или преголема горделивост), барем јас така го разбирам вториот дел од твојот коментар сега можеби и сум грешка....Но горе долу имаме слично размислување
А за првиот дел од твојот коментар се сложувам, само што јас на почеток гледам на попријатен начин да и укажам на некоја личност дека за „било која“ работа јас сум во право, а тој не е во право, нормално ако имам аргументи.
 
Ја братче, некад сум ко коза. Тоа рогојте пред мене и тврда глаа камен, инает шо да ти кажам. Арно ама, после, откако ќе ми поминат петте минути шо се вика, шо кај мене се неколку саати, одам и се извинуем за испадот. Во моментот нема шанси да попуштам, ко опседната сум дека морало јас да бидам во право.
 
Имало случаево кога сум се извинувала и сум се обидела да го поправам веке стореното но моето извинување не било прифатено.Сум се трудела но на крај се повлекувам:toe:
 
Ја братче, некад сум ко коза. Тоа рогојте пред мене и тврда глаа камен, инает шо да ти кажам. Арно ама, после, откако ќе ми поминат петте минути шо се вика, шо кај мене се неколку саати, одам и се извинуем за испадот. Во моментот нема шанси да попуштам, ко опседната сум дека морало јас да бидам во право.

:)
Само за испадот се извинуваш, или пак се извинуваш и за испадот но и за тоа што си сознала и дека не си во право за таа работа, за која се расправаш со соговорникот, пријателот и.т.н.? :)
 
За све, туто комплето, сосе еден бенефит шо го имам од таквите случки - што одма после и ставот шо ми бил неточен го менувам во точниот.:wink:
 
зависи од разположение, ако сум многу попиздена се карам и докажувам особено со професори на факултет не сакам никој да ме врти како што сака (да не користам повулгарна фраза) ако сум добила помалку поени сакам да ми објасни зошто? често и тие се препинаат кога ке им кажам нешто веројатно гледаат дека сите студенти не се молчаливи риби, пробувам да бидам објективна и реална истото е и дома а во последно време баш се сложуваме особено со брат ми, со мајками порано мн се карав со неа сега не :) толку туку повремено :), некогаш мака ми е молчам ке кажам еден збор и се повлекувам во соба..:toe:
 
Pocnala raspravija so nekoj tvoj blizok i poleka pocnuva da se vzeshtuva rabotata... Drugata strana cvrsto e ubedena vo svoeto i ne saka ni da ve soslusha..... Sto pravite, begate dodeka ne se smirat strastite ili uporno prodolzuvate da se nadvikuvate?
Dali beganjeto go praktikuvate i koga od vas se bara objasnuvanje za situacija vo koja 100% ste vinoven za raspravijata?:smir:

јас сум тип на човек што секад прв преќутува збира у себе и на крај убива пола супермаркет со узи..али се празнам по некад..онака лабаво...ме мрзи да се карам де..:pos2:
 
Кога како...Ако немам никаква вина и сум невин сакам до крај да се карам и разјаснам. А бегам кога не ми се кара и преку глава ми е од карање во тој период :)
 
Избегнувам караници, уште од пред да настанат :)

А во случај, да настанат, се карам до крај! И да не сум во право и знам дека не сум кога сум направила нешто и од тоа настанала караница, пак се карам до крај! Сум направила, што сум направила, сум била свесна за тоа, ако сакам пак ќе се повтори, ако несакам - нема.
Ако ме мрзи да се карам ќе речам „Добро...“ и после пак ќе си терам по мое...
 
ако е со некоја ептен блиска личност обично гледам да не започнам караница а доколку дојде се обидувам да прекратам па донекаде со уклопување на неговите ставови ааа ако ептен дојде до тој степен на нетрпеливост тогаш му кажувам ама баш све што ми иде и толку нема потреба од повеќе:nesum:
 
Зависи од расположението, но во принцип сум расположен за расправии. Дури и кога не сум во право не се давам лесно. Исклучок претставуваат виртуелниве кавги и препукувања, во кои немам голема желба да учествувам.
 
Искрено сакам да бегам и да му речам во право си... бравоо, ама не можам морам да се карам... мислам дека лоша работа ми е што му докажувам некои работи на луѓе што никогаш нема да ме сфатат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom