VOLK2234
еврофоб и хомоскептик
- Член од
- 16 септември 2008
- Мислења
- 5.517
- Поени од реакции
- 4.387
Дали Европската унија крена раце од Балканот?
Европска Унија Има страв во земјите од Западен Балкан, дека Европската Унија преокупирана со своите финасиски невољи, повеќе не му посветува внимание на овој регион.
И затоа, некои експерти сметаат дека оваа организација ги губи кредибилитетот и влијанието во регионот.
Има и стравувања дека регионот може да се лизне назад кон нестабилност.
Ова го заклучува извештајот на експертите за Балканот од Европскиот совет за надворешни работи.
Би Би Си разговараше со Хедер Грејб, една од авторите на извештајот, и прво ја прашавме зошто Унијата го игнорира Балканот?
Грејб: „Ние не заклучивме дека Европската унија не му обрнува внимание на Западниот Балкан. Ние едноставно посочивме дека во средината на голема криза со еврото и со многу други тешкотии во светот постои ризик дека Унијата нема да продолжи со процесот на проширување со земјите од Западниот Балкан со интензитетот со којшто треба. И сега со цел да се избегне тој ризик, ние предложивме начин за напредок во следниве 18 месеци").
Би Би Си: Има ли ризик и за стабилноста на Западниот Балкан во овој поглед?
Грејб: „Не велиме дека е веројатно да има нестабилност во Западниот Балкан ако Брисел не си го смени курсот. Она што го велиме е дека најдобриот начин да биде поддржана стабилноста е Унијата да се ангажира длабоко, за да им помогне на земјите да го подобрат административниот капацитет, да ги поткрепат економиите, да се оспособат за справување со криминалот и корупцијата и да продолжат да нудат поддршка и финансиска и експертска. Јас не гледам во моментов непосреден ризик од нестабилност - напротив последниве 10 години е направен голем напредок и на тоа гледам како на големо охрабрување. Но, јас мислм дека Унијата треба да биде повклучена во градење на државата- мислам дека процесот на проширување може да помогне тоа да се оствари".
Би Би Си: Пред нас е самитот во Босна, што очекуват од него?
Грејб: „Самитот ќе биде средба на сите 27 земји членки и сите земји од Западниот Балкан. Значи се работи за битен момент за на вистински начин да се расправа каков пат да се најде за регионот во следниве неколку години, за да му се помогне да се справи со политичките последици од економската криза во Европа, а особено на кризата во Грција. Искрено многу е тешко да се процени однапред што може еден самит да постигне. Јас мислам дека ќе биде од голема помош ако на самитот се расправаат конкретни и практични мерки, а не само да има политички декларации".
http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2010/05/100527_eu_zb.shtml
“Јунскиот совет за сега не изгледа добро тоа е една од причините поради која сум јас денес овде, ако не се случи тоа , што за сега е единствено се очекува, тогаш на Македонија и се заканува опасност да не биде повеќе во фокусот на вниманието„додава македонскиот известувач.
Талер дециден во однос на решавање на прашањето за името ,
“Треба да се реши(смени) името за Македонија да може да добие датум за преговори за влез во ЕУ“.
Медијаторот Нимиц да се сретне на затворена средба со најодговорните и да ги донесе најдобрите два-три предлози кои ги направил во последната деценија. потоа да се определи посебен брокер - преговарач, од типот на Холбрук, “булдожер“ или “тенк“ кој ќе добие мандат од 45 или 60 дена да дојде до решение. Но да има мандат од Бан Ки Мун, Ештон, Фуле, Клинтон, Меркел и Саркози. Тогаш да видам кој би го “минирал“ овој мандат! – изјави Талер.
-----------------------------------------------------------
Моето прашање е...
Дали ЕУ сака Балканот да крене раце од неа?

Зоран Талер известувач за Македонија во Европскиот парламент денес во Скопје изјави дека не очекува позитивна реакција за Македонија во однос на прашањето за добивање преговори за влез на земјата во Европска унија, на претстојниот самит во Сараево, што ќе се одржи на втори јуни по повод десет годишнината од самитот во Загреб и од и од лансирањето на Процесот за стабилизација и асоцијација.Зоран Талер:
"Ако не се самоубиете - нема влез во ЕУ"