Bazaro - салон продавница со производи за вашиот дом

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.899
Поени од реакции
7.570
Не заев каде да ја пишам темава па решив тука можеби е соодветно.

Ме интересира дали некој воопшто купувал во Bazaro? Колку сте задоволни од квалитетот?

Не сум бил во Bazaro aма мене ми изгледа како "Ikea за сиротиње" повеќе во тој дел џиџи миџи ствари за дома. Гледам продаваат за ич пари што се вика чинии, чаши, послужавници, навлаки за перници и јоргани, патосници за бања, столчиња, теписи и сето тоа интересен дизан барем на фотографиите што гледам. Во живо не знам колку сето тоа е некој убав квалитет.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.423
Поени од реакции
4.254
"Ikea за сиротиње" .
Nailed it. Можеш да најдеш тоа што ти треба...се додека не бараш не знам што. Барај што ти треба down to earth. Канцеларскиа опрема, чаши, кујнски и ВЦ глупости меѓу другото...
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
toa ti e nesto prosireno od onie glup dukani SE PO 99, a nisto nne vredi za 39...znaci kiceraj ic ne vleguvaj.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.762
Поени од реакции
9.559
Јас обожувам да одам у Базаро и само во продавницата што е меѓу Алуминка и Лептокарија, во Карпош 3
Досега ми се нема случено да излезам со празни раце, а имам купено разни работи, од гаќи, прслуци, чорапи, до средства за чистење, слики, козметика, чергичиња за пред врата, шољи, послужавници, кујнски тракаташки...многу работи.
Ми се допаѓа што стално носат нови производи, нови декоративни интересни украси, перничиња, сервиси...абе нема што нема.
Цените се приступачни.
Од мене имаат чиста 10ка.(y)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.381

Не те познавам, ама по муабетиве на форумов, ептен ми личиш на таргет група за Базаро.
Домаќинка која обожава да разлистува што имаат ново на Фејсбук, да прашува CENA??, да тркне 2-3 пати месечно и да утепа пола саат во разгледување и на крај да излезе со некоја евтина кинезарија што ќе се расипе за недела-две.

BAZARO ти е продавница со Aliexpress роба, за луѓе кои не можат да сфатат како да се регистрираат на Aliexpress и не сакаат да плаќаат онлајн. Имам влезено повеќе пати за да земам по некоја дрангулија / играчка за децата. Ништо квалитетно не може да се најде, буквално се' личи како да ќе се скрши/расипе дур го ставиш во функција дома.
 
Aliexpress роба, за луѓе кои не можат да сфатат како да се регистрираат на Aliexpress и не сакаат да плаќаат онлајн.
Ацид душо, гаќите ги носам сеуште, поминаа повеќе од две три недели, кујнските садови, рендиња, вангли мангли, се уште ми траат.
Јас сум си жена домаќинка, така е, но во Базаро има навистина добри работи. Од таму и на децата им купував блокови, тетратки, боици, фломастери, папки идр школски прибор...ништо не им фали:toe:
 
Разликата е што во продавница може да го пипнеш и на лице место да се увериш дали е квалитетно или не. Е сега за тие цени не очекувајте голем квалитет во вакви продавници.

Еве гледам кутија за леб имаат. Може да помине какво такво во квалитет.
 
Последно уредено:

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.381
Ацид душо, гаќите ги носам сеуште, поминаа повеќе од две три недели, кујнските садови, рендиња, вангли мангли, се уште ми траат.
Јас сум си жена домаќинка, така е, но во Базаро има навистина добри работи. Од таму и на децата им купував блокови, тетратки, боици, фломастери, папки идр школски прибор...ништо не им фали:toe:
Зависи колку често ги переш гаќите, обично прашокот и центрифугата знаат да ги распарталат, особено ако не се квалитетни :) Ренде и вангли таман работа да се распаднат, исто како и хартија и школки прибор. Јас еднаш имам купено ѕиден часовник, работеше дури 1 ден. За такви работи, никогаш повеќе BAZARO. Ама да, имам и пластична корпа за алишта, таа уште функционира.
Автоматски споено мислење:

Разликата е што во продавница може да го пипнеш и на лице место да се увериш дали е квалитетно или не. Е сега за тие цени не очекувајте голем квалитет во вакви продавници.
Гарант и лебот го пипаш пред да го купиш :(
Стварно не можам да сфатам како со допир ќе осетиш дали е квалитетен некој ѕиден часовник на пример, совет?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.899
Поени од реакции
7.570
]
Зависи колку често ги переш гаќите, обично прашокот и центрифугата знаат да ги распарталат, особено ако не се квалитетни :) Ренде и вангли таман работа да се распаднат, исто како и хартија и школки прибор. Јас еднаш имам купено ѕиден часовник, работеше дури 1 ден. За такви работи, никогаш повеќе BAZARO. Ама да, имам и пластична корпа за алишта, таа уште функционира.
Автоматски споено мислење:

Гарант и лебот го пипаш пред да го купиш :(
Стварно не можам да сфатам како со допир ќе осетиш дали е квалитетен некој ѕиден часовник на пример, совет?
Мислам на работи како текстил, чаши, чинии, па и работи како часовник, ќе пипнеш ќе видиш изработка, дали е фелер/со некоја грешка, нешто му фали дали е исто како на фотографијата. Кај часовниците и таквите слични работи што имаат механика и батерии се зависи како ќе ти се погоди.

И Јambo не е квалитет бог знае што па се наоѓа по нешто.
 
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Не те познавам, ама по муабетиве на форумов, ептен ми личиш на таргет група за Базаро.
Домаќинка која обожава да разлистува што имаат ново на Фејсбук, да прашува CENA??, да тркне 2-3 пати месечно и да утепа пола саат во разгледување и на крај да излезе со некоја евтина кинезарија што ќе се расипе за недела-две.

BAZARO ти е продавница со Aliexpress роба, за луѓе кои не можат да сфатат како да се регистрираат на Aliexpress и не сакаат да плаќаат онлајн. Имам влезено повеќе пати за да земам по некоја дрангулија / играчка за децата. Ништо квалитетно не може да се најде, буквално се' личи како да ќе се скрши/расипе дур го ставиш во функција дома.
Не личит, туку така е.Ќе влезиш специјално баш за нешто да не го чекаш два месеци од Али, прифаќаш додатоци од типот неколку пати повисока цена...и на крај ти се распаднало парчето уште не стигнат до касата.
 
ToXic_

Booyah!
Член од
19 март 2009
Мислења
275
Поени од реакции
196
]

Мислам на работи како текстил, чаши, чинии, па и работи како часовник, ќе пипнеш ќе видиш изработка, дали е фелер/со некоја грешка, нешто му фали дали е исто како на фотографијата. Кај часовниците и таквите слични работи што имаат механика и батерии се зависи како ќе ти се погоди.

И Јambo не е квалитет бог знае што па се наоѓа по нешто.
Џамбо и квалитет не идат у иста реченица.

Прост пример (да не е многу офтопик), ај ќе идам до Џамбо да купам магнет за телефонот маме им лоповско магнетот што се лепи на телефон го нема никаде.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
BAZARO ти е продавница со Aliexpress роба, за луѓе кои не можат да сфатат како да се регистрираат на Aliexpress и не сакаат да плаќаат онлајн. Имам влезено повеќе пати за да земам по некоја дрангулија / играчка за децата. Ништо квалитетно не може да се најде, буквално се' личи како да ќе се скрши/расипе дур го ставиш во функција дома.
Базаро, а и сите останати се за 99 продавници ти се Али Експрес у маало.
Добри се, практични се ако ти треба некоја ситница а не ти се чека еден месец. Особено сеа од коа воведоа скоро на се шипинг Али.

Ја претежно "глупости" зиам, ситници шо може некад ќе се најдат а у моментот ми се интересни.
На пример за заебанција си зрмав Бритва пд една таква се за 99 продавница. Малце се касапев на почеток ама сеа сум супер :D
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.899
Поени од реакции
7.570
Kares e верувам доста квалитетно но за некој работи некогаш па не ти се даваат толку пари.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.899
Поени од реакции
7.570
Гледам сега за школска возраст деца има интересни тетратки, пенкалца, моливи, гуми, папки, ранци..

Така да за тоа и може вреди да идат тие што имаат деца што денес тргнуваат во училиште.
Автоматски споено мислење:

Гледам има и ранци копија некоја Али Експрес на оние Bobby ранците за лаптоп и таблет што имаат и USB приклучок.

Последно уредено:
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Ацид душо, гаќите ги носам сеуште, поминаа повеќе од две три недели, кујнските садови, рендиња, вангли мангли, се уште ми траат.
Јас сум си жена домаќинка, така е, но во Базаро има навистина добри работи. Од таму и на децата им купував блокови, тетратки, боици, фломастери, папки идр школски прибор...ништо не им фали:toe:
Krajno vreme e da gi smenis :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom