Battlefield: Bad Company 2

Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Со мало задоцнување и јас да пишам импресии за играва :)

Ја свртев пред некој ден. Играв на hard и на 1680х1050 резолуција, и се на medium. И на мое изненадување, играта ич не сецкаше. Вадеше константни ~30 фпс. Океј, само на некој делови каде што имаше премногу детали/објекти знаеше да засецка, али океј беше. Играва не е толку лоша како што ја зборите :) Играта јес да си има минуси, како и секоја игра, али има и плусови :) Како што знаеме - првата мисија е crap. Викам играва чист промашај кога ја играв мисијата. Али со секоја следна изиграна мисија, мислењето за играта ми се подобруваше :)
Пример, одлична беше мисијата кога требаше да се криеш по куќи и да палиш оган за да преживееш од ладното. Атмосфера - топ :) Филмски :) Али па кога ја играв таа мисијата во напуштениот/скршениот брод, абре очи си истерав, тоа ефектите претерале ептен, прст пред око не се глеа. Едвај патот го најдов.

Сеа ќе почнам да ги набројувам минусите. Прво, не ми е јасно како можеле да не направат да има prone. Нема никаква логика, неможам да легнам на земја и да се скријам асално од противниците. Тоа често ми претставуваше проблем. Друго, противниците се многу лошо скриптирани. Како што рекоа во претходни постови, се појавуваат по 2ца-3ца од места. Или пак, јас центрирам со оружјето и одеднаш пред мене никнува војник. ВТФ? :)
Друго, како бе нема играва "aim down the sight"? Се сеќавате, она да држиш десен клик за да центрира. Е овде нема така, има само да стиснеш еднаш десен клик и автоматски го држи оружјето нацентрирано. Ич не ми се свиѓа ова:toe: Друго, тоа знакчето за предупредување кога ти фрлаат граната беше премногу мало и ретко кога се приметуваше, и често ова ми претставуваше проблем. Читај, играв на најјако, така да не е сеедно :) Друго, ако си на open-field и се пуцате, неможеш да препознаеш кои се твои а кои се противниците бидејќи кога и да нанишам на противникот не ми дава до знаење дека е противник, како што беше во MW2, светеше црвено центрирашот, нели.
Друг минус, како може оружјето да е исто прецизно(исто accuracy) ако нишаниш или ако пукаш free-fire. Океј, јесда е во реален живот вака, али на сите други игри не постои ова. Земете за пример MW2. Океј, доволно беа минуси, идеме на плусеви сеа :)

Многу ми се свиѓаа конверзациите во играва. Ептен се добри, едноставно, уживав да ги слушам како разговараат. Дури се случуваше и да ме насмеат :) Друг плус на играва е приказната. Супер storyline, морам да признаам. Местата на кои се одвиваше десјтвието исто беа интересни, пример пустината, или во џунглата. Друг плус на играва е тоа што се рушат сите објекти со одредени оружја, и рушењето изгледа прилично реално. Ова ретко некоја игра да го има, освен Red Faction: Guerilla. Само овде е подобро изведено :) Крајот беше ептен филмски напраен, добра идеја имаа дечките од ЕА и Dice :) Мисиите беа премногу интересни, возбудливи. Пуцањето во различни околини е исто така голем плус :)
Исто така имаше голем избор на оружја, што е добро.

Како што спомна Мац во постот горе, јас ја чувам играва само заради тоа што чекам случајно да не ја кракнат, па да пробам како се игра мултиплеерот, пошо на видеата изгледаше прилично интересно. Otherwise, бришење не и бега :)

За крај, и давам 7/10 на играва, што е доволно, мислам. До ЕА и Dice (демек ќе ме слушнат), следната BF очекувам да е нешто подобро!
 
Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.042
Поени од реакции
6.070
Отиде во алеата на "uninstalled" игрите.

Можда кога EA ќе почнат да ги оптимизираат игрите (Crysis: Warhead спрема Crysis, Saboteur према Assassins Creed/GTA IV, BC2 према MW2), повеќе луѓе ќе ги играат и ќе добиваат поголем респект од гејмерите.

Јас ја испратив во алејата, по првата мисија.
многу ми се свиѓаше и си реков ајде да не ја трошам греота е.
Искрено тапа ми беше.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.742
Поени од реакции
52.694
Јас ја испратив во алејата, по првата мисија.
многу ми се свиѓаше и си реков ајде да не ја трошам греота е.
Искрено тапа ми беше.

Па сите рекоа дека првата мисија е глупа. Требало уште малку да продолжиш да играш. Не е до толку лоша играта.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Играва е супер.Зошто велите дека првата мисија е лоша кога со мерак ја изиграв.Единствено нешто што ме неривра е тоа што нема prone и неможе да се скриеш и противниците изникнуваат како печурки што исто ме нервира неможам јас сам да тепам 20 души додека мојот тим е зад мене 100 метри.Малку ми е чудно играм на medium (1024x768) играм со 25-30 fps а имам Dual core 2.2,2GB RAM и 9600GT.
 
Член од
22 ноември 2007
Мислења
44
Поени од реакции
0
Ja pobarav original da ja kupam, ali sakaat da me oderat
mi vikaat kosta 3100 denara!
Ja imam Battlefield 2 ali ja kupiv za 1800 denara.
Ova e premnogu.
 
Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.237
Поени од реакции
30
Cod MW2 е дупло појака од оваа :toe:
- подобри пушки, подобра графика, дупло појако пукање и др работи
Battlefield 2 води само со стазите ....

Моје мислење.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Не е многу голем изборот на оружја досега имам видено само 5-6 видови на пушки.Графиката е солидна.Противниците не се многу паметни и ме нервира нивната камиказа тактика.Во мисијата upriver како трчев еден ми излезе од под куќа а мислев дека сите сум ги убил.:uvo:Исто така кога те напаѓаат од заседа или се кријат тешко е да се лоцираат.Тимот и не е баш од некоја голема помош бидејќи секогаш те оставаат да одиш прв ретко кога тие ќе одат пред тебе.Исто така можам да го пофалам и звукот кој е одличен посебно ефектите кога се урива зграда.
На играва би и дал оцена 7/10 што и не е така лошо ако се земе во предвид кој ја издава.
 
Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Ова е 100 пати поинтересна за мулитплеер
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.749
Поени од реакции
1.009
Дали некој ја има играно on-line multiplayer , и ако ја има нека кажи како можи да се игра онлајн со пиратска верзија...дали треба некоја пограма за да можам да играм на пиратски сервери или има и друг начин?
 
Не постои никаков начин.
 
RedStar

PC GAMER
Член од
4 октомври 2009
Мислења
231
Поени од реакции
50
Играва Battlefield: Bad Company 2 двапати ја симнувам од различни места и пак истиот проблем...
А проблемот почнува одма при самото инсталирање односно на сам почеток... Пред да почне да се инсталира играта прво треба да се инсталира Microsoft visual c++ и тука застанува и ми кажува дека инсталацијата е прекината... Дали е проблемот со мојот компјутер или со инсталацијата за c++...??? А не ми се верува дека е проблем со компјутеров... Еве сега ја играм METRO 2033 и нема никаков проблем... ПОМОШ... Знае ли некој...???
 
Член од
6 јануари 2009
Мислења
16
Поени од реакции
2
Ја пробав лета све на MAX x8 AA x16 ASF. Сингл плеерот не ми допадна нешто многу пошто е краден од повеќе игри како што се Crysis, COD:MW2 и уште некои не ми текнуваат во моментов. Незнам за вас ама мене лично мултиплеерот на играва ептен ми се допаѓа. Комшијава мој ја има оригинал, ја нарача од Нов Зеланд и кога видов каков е гејмплејот едноставно ,,ме купи,, :) Само уште да најдам во Македонијава наша кај да ја нарачам јас, за некоја пристојна (анти-преварантска цена) и ќе биде интересно :vozbud:.

Може ли да ни кажеш каков оперативен систем имаш. Во случај да си на Vista/Win7 инсталирај ја со десен клик>Run as Administrator.
 
Vista - ULTIMATE
Dual Core 2.5 GHz
RAM 2 GB
GeForce 9600 GT 512MB

Друже, во помош и совети имам ставено скриншотови, па ако сакаш види таму што е проблемот... Ако знаеш ПОМАГАЈ...!!! :smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom