„Баскерфест 2010“ Уличен фестивал - од 4 до 13 јуни

  • Креатор на темата Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување Време на започнување
П

Паган-др

Гостин
n131664600177507_126.jpg



Од 4-ти до 13-ти јуни низ улиците на Скопје ќе се одржи петтиот по ред интернационален фестивал на улични артисти и музичари „Баскерфест 2010“.
Basker1.JPG

Во соработка со град Скопје, главната програма на новото издание на Баскерфест се очекува да се реализира на плоштадот Македонија, потоа пред црквата Св.Спас кај Стара чаршија, пред Мустафа Паша Џамија близу Скопското кале и во општина Аеродром. За разлика од минатите оваа година се очекува учеството на изведувачите значително да се зголеми.
Скопје во период од 10 дена ќе биде домаќин на 95 различни интернационални артисти кои ќе и овозможат на публиката повеќе од 60 возбудливи настапи. Исто како и минатите изданија на овој фестивал така и оваа година ќoе биде отворена Пиво градината, која ќе се наоѓа на самиот плоштад, каде ќе бидат поголемиот дел од случувањата.
Свеченото отворање ќе се одржи на плоштадот Македонија со спектакуларниот настап на француската акробатска група „X Girls“, кои ќе ја подгреат атмосферата за деновите кои следуваат. Ова гостување е во соработка со Францускиот културен центар во Скопје. Уште еден настап по кој ќе се памети годинашниот Баскерфест, како најавуваат организаторите, е пиротехничкиот спектакл на германскот ументик Eddie Egal, кој во живо пред очите на посетителите ќе ја изведе точка на самозапалување.
basker2.jpg

Организаторите на Баскерфест имаат за цел да го промовираат настанот низ целата држава и во соседството со цел Скопје во текот на 10-те дена да се здобие со креативна, енергична и адреналинска забава, благодарение на која тој ќе добие имиџ на европски град и ќе стане атрактивна туристичка дестинација за посетителите и целиот свет.
Исто така нивната цел е да ја подигнат свеста за значењето и вредноста на уличната уметност и секако да ги промовираат македонските изведувачи пред националната и интернационалната публика.
Добрата репутација со која се стекна оваа манифестација во изминатите години, како и збогатената програма која се очекува да се случи низ улиците на Скопје ги охрабрува организаторите да очекуваат многу поголем број на посетители.
Кајгана


Евентот на фејсбук
 
Ах со душа го чекам :)
И покрај сите обврски ќе мора да се издвои еден ден за ова и задолжително ќе мора да се пронајде типката што црта со спрејови.
Се надевам дека ќе учествува годинава.
 
Ја ќе ви точам пиво (:
 
Топои
Ќе ги изнасликам xD
 
ќе Ојме...има добри артисти..бар прошлата година имаше..
 
Собиранка како лани праиме? :)

Собиранка што??? ај кај најдоа факсов да го стаат таман за време на Баскерфест. Тапа се -.- Ма шо ги еам... Полагање или не, еден ден помалку нема да ме напраи зијан.
 
Идемо рекордс :) Лани беше фино, а ќе се оди богами и оваа година :) Бројте ме и мене ако се прави мини-собиранка во чест на овој фестивал :)

@StatusQuO; ќе споредуваме галерии кој ќе биде поквалитетен???
 
Идемо рекордс :) Лани беше фино, а ќе се оди богами и оваа година :) Бројте ме и мене ако се прави мини-собиранка во чест на овој фестивал :)

@StatusQuO; ќе споредуваме галерии кој ќе биде поквалитетен???
ти си имаш више искуство, but I accept the challenge...
Bring it on :icon_cool
 
Ако ви требаат статисти у сликите викајте. :icon_lol:
 
Гоби од Аргентина да ми дојде само : )
 
^ Ке дојде , ке дојде , не може без него :)
 
Кајганџики и Кајганџии, чујте и почујте:

:рамтамтамтамтамтаммм: :тапан:

Реоткривање на патеката на културата

На 05 јуни (сабота) во 20 ч. Меѓународната Менаџмент група (која имплементира активности во образованието и културата финансирани од Италијанската влада) по втор пат во земјава го организира "РеОткривањето на патеката на културата" во Скопје.
По минатогодишниот успех, присуство на повеќе од 10 000 луѓе во една вечер во чаршијата, нејзиното заживување (кое продолжи во текот на целата година до денес) и прогласувањето на "РеОткривањето на Патеката на културата" како еден од 10-те најзачајни настани за 2009 година мотивираа да се продолжат активностите и оваа година.
Идејата е да се покаже и демонстрира во пракса дека "Патеката на културата", не е фикција, утопија, туку може да биде и реалност и важен чекор во она што се нарекува Музејски дистрикт.
Настанот започнува во 20ч. од пред споменикот на Скендер и движењето ќе ги опфати културните институции сместени во Старата Скопска чаршија, Капан Ан, Чифте Амам, Сули Ан, Куршумли Ан.
Во рамки на "РеОткривањето на Патеката на културата", ќе се изведуваат перформанси на акробати и жонглери, музички концерти, проекција на филмови и многу други изненадувања. Старата Скопска чаршија ќе биде сцена на која ќе ги реоткриеме подзаборавените агли на сопствениот град и ќе се воспостави синергија на културните вредности и урбаниот пулс на Скопје во текот на една вечер.
Програма
20. 00 - 20.30 Скендер бег - Анди бај Акробат
20.30 - 20. 45 Капан ан - Ареиал Енџелс
21.00 - 22.00 Св. Спас - Замбрамора
21.00 – 22.30 Куршумли ан - Маке Докс – фестивал на креативниот документарен филм
21.00 – 21.30 Чифте амам плато – Остогос енергија
21.15 – 21.45 Сули Ан Распеани Скопјани
21.45 – 00.00 Сули Ан Возобновивање на поставката во музејот на Старата чаршија
22.00 – 22.30 Сули Ан - Фолкмисериа
22.30 – 23.15 Музеј на Македониа плато – Gangbe Brass band
23.30 Музеј на Македонија – Кирил Џајковски со Рас Твид и Серџук Оркестар
Оваа година настанот се случува во соработка со Баскер фест и Офф фест и Маке Докс. Дел од нивните содржини се вклучени во настанот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom