За разлика од фановите на Барса никогаш за Челзи не сум тврдел дека е најдобар клуб на светот, нити кога беа непобедливи и доминантни со Мурињо нити пак лани кога освоија Лига на шампиони. Ама каталонските фанови очигледно сметаат дека имаат некое божествено право на ова само затоа што ги имале Меси, Чави и Иниеста. Правата Барселона беше онаа со Роналдињо, Ето и Меси на своите почетоци, тогаш можам да потврдам дека беа тотално доминантни, а и располагаа со пофлексибилна тактика. Ова игра сега им пројде 2 години по ред, додека за истата не најдоа `противотров` квалитетните европски екипи. Никој нити се сити на тоа што Виланова бил болен, како можеш да збориш такви глупости кога и погоре ти пишав, а со Пеп а со Виланова, Барселона деклинира. За Шпанија истото не може да се каже, се дур не се најде тим во европски или светски рамки што може да ги спречи. А Барса веќе неколку тима веќе ја спречија. Доколку играат како што тоа го правеа порано, ок пак ќе си доминираат, ама сега се далеку од тоа ниво.
Муабетот за фановите е ... им се може ... у секој случај не е убаво да си арогантен али па и да ги поистоветуваме интернет фановите и оние од форумите со самиот клуб не оди.
Инаку доволен показател за она што сеуште претставува Барселона во светскиот фудбал е и фактот што ко прво, скоро цел нивни тим се стартери и за Шпанија, ко второ, целата нивна тактика е ископирана од Дел Боске и во репрезентацијата, до тој степен да и резерви од Барса ко Педро, кои немаат сјајна сезона, ги зима во репрезентација на сметка на стартери од други клубови, зашто у гени им е таа филозофија и тренерот смета дека би му биле од поголема корист.
За тоа упорно декланирање, по што тоа го свати, по 2 меча во период кога се без тренер, буквално, без тренер ? Тука ја алудирам на оноа, дека патетично звучите со оглед на фактот дека ова упорно го игнорирате се со цел да им се ситите, ко едвај да чекате на такво нешто, иако сезонава веќе си обезбедија еден голем трофеј.
Како тоа деклинирале со Тито кога дур он беше тука, скоро и непобедливи да беа, вистинските проблеми за нив започнаа отакко он се тргна од тимот.
Чекавте пола година лош резултат односно период и тоа во вакви лоши услови за клубот со сериозно болен тренер кој наместо да е со клубот секојдневно, он се влече по терапии ( искрено срамота е да се црта што значи за еден клуб кога главниот креатор на нивниот успех не е воопшто со нив ), за да се извлече на сила таков заклучок ? Зашто сезонава ја не гледам никакво деклинирање, за Шпанија се изјаснив, помалце од пола сезона им беше потребно за да дојдат до трофејот а на секој фан трофејот во првенство му е приоритетен на стартот од сезоната ( факт ), они веќе имаат еден голем трофеј во свои витрини, веќе се шампиони и големи победници, за ЛШ останува да видиме, таму секако никогаш ништо не се знае, и евентуален неуспех таму нема да значи крај на нивната ера со оглед дека и оваа сезона продолжија со освојувањето на големи трофеи ...
Еден Ферги само 2 пати успеал во ЛШ, а имал тим и услови за 10 титули од таа лига ... ко и 10 останати големи клубови секоја година.
Интер инаку најде противтров за Барса, и тогаш наводно заврши нивната ера, прочитани беа, па следната сезона Барса пак освои ЛШ, а Мурињо, оној кој прв на некој начин успеа да им се спротистави со Интер, доживеа невиден дебакл за него а и за Реал на Кампот.
Почекајте бар Барселона да егзистира во исти услови ко и сите останати клубови, со тренер на клупа, со тренер во тренинг кампот, а не со камионџија, у моментов се дефакто пола од она што беа со Тито сезонава, што секако, не е случајно. Тогаш ќе им судиме, мада за мене сезонава за нив е веќе и те како успешна, ЛШ секако ќе е само голем плус.