Срцето ми се испуни кога го видов Суарез како плаче. И јас плачев заедно со него, ама од среќа.
Секоја чест за Џерард иако и кај него неколку пати во минатото знаеле да проработат комплексите, ама гомново смрдено канибалско не заслужува ништо подобро во неговата фудбалска кариера. Се би дал да го гледам како плаче вака на секоја утакмица.
Инаку повторно прејака сезона. После победата на Ливерпул против Сити кајгана форумот доби околу 50 нови членови, фанови на Ливерпул кои бараа постови од почетокот на сезоната кај што се смееме на нивните шанси да ја освојат титулата. Еден дури и ископа мој пост кај што викам дека такво нешто е тешко и да се замисли, а не пак да се оствари. Ех, баш би сакал и сега да ме цитира... да си поправиме муабет малце.
И после натпреварот со Сити кажав дека очекувам да проработи лузерскиот менталитет кај нив. Така и се случи... само што ова ги надмина моите очекувања... Па сигурен сум да се собереа Иствуд, Линч, Тарантино, Спилберг, Копола, Хичкок, Скорсезе, Кјубрик и Манчевски заедно не би можеле да смислат вакво нешто. Победуваат против директниот конкурент за титула Сити со 3:2, нивните фанови масовно се регистрираат на форуми, масовни собири за славење на неосвоената титула, нивниот капитен плаче како се да е готово и ја изговара легендарната реченица this does not fucking slip now. За да после неколку дена, истиот тој се лизне и да ја испушти титулата против екипа на која им ја поклони истата пред 4 години, на доста сличен начин. Па уште и утакмицата од прееска...
Тоа е. Можеби уште наредна сезона ќе освојат, а можеби пак ова е најблиското нешто до титула што ќе го доживее оваа нивна генерација на фанови. Се надевам на второто.
И за крај едно поздравче до канибалот.