Barclays Premier League Season 2011/2012

Кој ќе ја освои оваа година Премиер Лигата ???


  • Вкупно гласачи
    223
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
^Еве ти лајк од мене за 2 години членство...и почекај секунда...имам фора јака да постирам.. :)
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 00:29 ---
Wayne Rooney on Twitter: Roses are red, violets are blue, Suarez scored 1, i scored 2.

Response to his tweet by someone: Roses are red, violets are blue, I have real hair, unlike you.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Лажен акаунт е тоа излеа, нема постирано Руни вакво нешто :) А дека тропа глупости од време на време, тропа.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Претпоставував дека не е негово, јас од фб го ископав....како и да е, кога прочитав убаво се изнасмеав :)
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Ај вака на двајцата да ви одговорам да не ве цитирам зошто спор е форумов ко желка :)

Ве сфаќам јас со ЛШ муабетот и со све ова пропратно, ама не можете туку така да кажете дека добро би играле во ЛШ во секое време и со овој тим. Пример, играте во ПЛ викендов и се повредува еден. После во ЛШ ете повреда, некој средил тетива, па друг стапалото итн итн. Значи колку и да се преориентирате само на ЛШ, сигурно нема младинци да играте во ПЛ и да се штедите за ЛШ затоа што ко прво казна се добива за тоа. И повредите си го прават своето, е така ко Лукас некој клучен ќе се повреди до крај на сезона и оди цела тактика и постава во неврат.

Не викам дека ова би било сигурно сценарио, туку едно од возможните. За тимот од 2005 се согласувам со Харлотс и увек велам дека не е поентата да имаш јаки поединци и имиња во составот, туку потребни играчи за секоја позиција и тактиката и со тоа склопен тим. Да важеше првово никој немаше да припари до ЛШ освен Реал.

И уште нешто, ви фалат офанзивни играчи премногу. Ако не е Суарез да потегне нанапред, никој. Белами не може да игра толку многу иако е работник за било која екипа и да игра.
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 00:26 ---



На собиранката ќе ти донесам 100 грама минас :)

Па така некако оди работата. Далеку од возможно е да се дискутира за успехот на Ливерпул доколку би играл во ЛШ, оти според теориите, Даунинг и Керол требаше да бидат двоецот на векот, ама не успеа. Хартијата се држи (иако јас сеуште верувам во нив двајца конкретно). Затоа, не се знае. Ливерпул со ист менталитет и подобар состав испадна од Бенфика во оваа фаза на ЛШ, кога ја бранеше титулата :icon_mrgr:

Што се однесува до ударноста на Ливерпул, мислам дека и во тоа лежи проблемот. Меѓутоа, кога се носат играчи, треба да се донесат енергични играчи со победнички менталитет. Човек кој се навикнал да игра за лузерски тим, ке ја пренесе енергијата во новиот, а со тоа и менталитетот.
Ливерпул е тим составен од играчи кои би биле одлични за други средини. Барем некои од нив, да не генерализирам.

Мислам дека реконструкцијата почна на ливерпул, одновно. За жал одново.
Еднаш почна со Рафа. Тогаш претпоставував дека со систематско работење ќе се може до титула за 5 до 7 години. Всушност, рафа го постигна тоа за пет години, ама за влакно му испадна титулата од навистина силниот тим. Во Англија во 2009 година, Ливерпул стварно беше најконкретен, ама нијансата реши во полза на Јунајтед, нели.
Потоа се распадна, сите знаеме за тоа. Единствен чоек кој може да ја понесе реконструкцијата на тимот е Кени Далглиш. Оти повторно се потребни, според мене, од 4 до 5 години за титула.
Навивачите и играчите би го распнале секој менаџер на Ливерпул кој би ја отпочнал таа реконструкцијаво време кога манчестер го помина Ливерпул во титули.
Но, не и Кени Далглиш.
Така да, трпение спасение. Следната не е наша, за жал, мора објективно. Ама мора да се има прогрес. Оваа година вака, следната подобро и тн.
 

Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Не ги ругав ја Арсенал со тоа што пишав дека лошо ја претставија ПЛ во ЛШ. Ја за нив и навивав нејќам тие жабарите да поминат. Ама толку лабаво влегоа у утакмицава како ништо да не им значеше.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.721
Поени од реакции
11.996
На собиранката ќе ти донесам 100 грама минас :)
Само 100?
А да донесиш една гајба Скопско? :D
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 00:52 ---
^Еве ти лајк од мене за 2 години членство...и почекај секунда...имам фора јака да постирам.. :)
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 00:29 ---

Wayne Rooney on Twitter: Roses are red, violets are blue, Suarez scored 1, i scored 2.



Response to his tweet by someone: Roses are red, violets are blue, I have real hair, unlike you.
Дај уште 10тина лајка :LOL:
А ова со Шрек го видов......пред тебе :P Чекор понапред сум
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 00:54 ---
Да бе......5-7 години. Кој е жив дотогаш не заебавај. Година или две. Само пара треба.
А ти ништо не даваш? :pos::pos:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.299
Поени од реакции
26.190
Роналдо, Фабрегас, Лампард, Тери, Есиен, Торес, Карваљо, Чаби Алонсо, Џерард, Маскерано, Сколс, Фердинанд, Гигс... Или веќе не се во Премиер, или не се такви какви што сме навикнале да ги гледаме. Падот на квалитетот е очигледен. Премиер лигата сезонава и да настапуваше со комбиниран состав, од сите екипи, тешко дека ќе стигнеше далеку. Затоа смешно е да се дискутира кој би ја претставил Англија подобро. На лигата под итно и е потребен увоз на квалитетни фудбалери. Инаку ќе стане просечна.
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Роналдо, Фабрегас, Лампард, Тери, Есиен, Торес, Карваљо, Чаби Алонсо, Џерард, Маскерано, Сколс, Фердинанд, Гигс... Или веќе не се во Премиер, или не се такви какви што сме навикнале да ги гледаме. Падот на квалитетот е очигледен. Премиер лигата сезонава и да настапуваше со комбиниран состав, од сите екипи, тешко дека ќе стигнеше далеку. Затоа смешно е да се дискутира кој би ја претставил Англија подобро. На лигата под итно и е потребен увоз на квалитетни фудбалери. Инаку ќе стане просечна.
Сити работат на случајот. :D
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.721
Поени од реакции
11.996
Згодна Београѓанка во листа на пријатели на фб....Е НЕ ќе се заебаваме.. :vozbud:
Е па мора така......од сите градови и држави на светот. Да не ме обвинат после за расизам,нацизам,назионализам итн. Вака од се по нешто и решен проблемот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom