Ај вака на двајцата да ви одговорам да не ве цитирам зошто спор е форумов ко желка
Ве сфаќам јас со ЛШ муабетот и со све ова пропратно, ама не можете туку така да кажете дека добро би играле во ЛШ во секое време и со овој тим. Пример, играте во ПЛ викендов и се повредува еден. После во ЛШ ете повреда, некој средил тетива, па друг стапалото итн итн. Значи колку и да се преориентирате само на ЛШ, сигурно нема младинци да играте во ПЛ и да се штедите за ЛШ затоа што ко прво казна се добива за тоа. И повредите си го прават своето, е така ко Лукас некој клучен ќе се повреди до крај на сезона и оди цела тактика и постава во неврат.
Не викам дека ова би било сигурно сценарио, туку едно од возможните. За тимот од 2005 се согласувам со Харлотс и увек велам дека не е поентата да имаш јаки поединци и имиња во составот, туку потребни играчи за секоја позиција и тактиката и со тоа склопен тим. Да важеше првово никој немаше да припари до ЛШ освен Реал.
И уште нешто, ви фалат офанзивни играчи премногу. Ако не е Суарез да потегне нанапред, никој. Белами не може да игра толку многу иако е работник за било која екипа и да игра.
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 00:26 ---
Ќе го ставам.....утре. А сега адиос амигос
И оти бе не добив некаква награда или поени за 2 годишнината од моето членство тука? Не ме сакате вие мене а?
На собиранката ќе ти донесам 100 грама минас