Од форум да се навредам псс, ќе треба да си го одземам животот. Само сте ми интересни и си се понашам како што треба, не сум на конкурс за работаОчигледно не знаеш да водиш конверзацја. Ако имаш до 18-19 години имаш да учиш (не сфаќај ко навреда, напротив) а ако имаш над 20тина треба да се подзамислиш (ова сфати го ко добар совет)
Е сега да се вратам на твојот ре-пост. Побарав-добив-се заблагодарив?! Што овде не ти е јасно, ШТО?!
Дали делува напнат мојот пост во темата за дербито (ако не си го прочитал, иако не верувам дека е така..тркни, види го)
За тие специјално овластени лица што збориш...е тие пријателе го имаат изгубено кредибилитетот во очите на целата светска фудбалска јавност. Не сакам да генерализирам, но, по се изгледа дека само фанови на Јунајтед гледаат со почит према нив.
Тоа што ми најдоа линк го промени моето мислење, не знаев дека има лична изјава на Суарез за такво нешто, немаше до сега ниеднаш на официјалната страна на ЛФЦ.
И како тоа на Евра му е дозвлено да прави такви неспортски потези...а Суарез го обвинувате зошто ја шутнал топката. Дали според тебе Евра треба да биде казнет за крајно не спортско однесување на овој натпревар?!
За првиот пасус не знам што да ти речам,што и да речам крив сум , ама сепак си стојам на тоа дека си има професионални лица кои што ги вршат тие работи,а ние вака како на пр.јас,ти и секој член од форумов,само можиме да зборуваме дали се во право или не.
Вториот пасус, ете признал и сеа то е то. Само поентата ми беше цело време бараше линк,а знам дека знаеше претходно!Оти овој линков е одамна.
Третиот пасус колку што знам Евра се радуваше кај своите навивачи,така да тоа не треба да се казни.
Ако се сеќаваш Гери Невил се радуваше пред вашата публика и за тоа беше казнет(нз точно која година беше..).