Barclays Premier League Season 2011/2012

Кој ќе ја освои оваа година Премиер Лигата ???


  • Вкупно гласачи
    223
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
А коа сите очекувавте да му ја пушти последната на Блекпул против Холовеј за кој ете се знае дека се пријатели вон теренот, зашто ве немаше нигде со тие тези кога изгуби Блекпул 4-2? За опстанок во лига се работеше.
Не му го издудлал убаво Холовеј :) Не се палете сакам да ве рчкам само пошто одма рипате сите а се спомне дека некој е зад Манчестер.

Туку немој да речеш дека не им ја пуштивте таа на Вест Хем, срамота е до толку да се лаже од авион се гледаше.

А за САФ, видете на старата тема имам кажано милион пути дека тој е едини друг менаџер од Англија кого го почитувам, си знае човекот како треба (макар било со тоа и со некој дил) :D
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.031
Поени од реакции
2.047
ако де тек му станува курва на Ферги, ти текнуе како ги повече оние од позајмица ;)

башка во овие 3 години Манчестер има макс бодови од Стоук. Чекај ќе видиме ако дојдат некогаш во опасна ситуација Стоук па да им пушти Јунајтед како што тоа им го направи на Вест Хем во последно коло... Ај ти остај тој муабет си има Ферги дилови јасно му е тоа на секој...
А Арсенал како да не му ги пушти на Вест Хем двете утакмици после онаа сезона кога во последното коло му направија услуга на твојот тим и го победија Тотенхем 2:1?
Не, Фергусон не е светец. Ама другите уште помалку...
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Досаден ти сум? Pull the strings, банирај те ме. Знаеш, вашите навиавчи се поинтересни. Фергусон ова, Манчестер ова, Ливерпул вака, 20 години така. Ама што...

Прво, ако не знаеш во какво стање Гвадриола ја затекна Барселона, те молам не спомнувај. Второ, на Фергусон му беа потреби 7 години за да освои титула во Премиер лига. Во тие седум години се растураа многу работи, меѓу нив и Евертон. Кој ве собираше ко ѓубре во 5 сабајле.

Второ, не ми зборувајте за масони и останати глупости. Па за Пулис се смејат бе. Човекот кој ги повлече играчите од Престон кога синот на Алекс доби клоца. Тоа е случајно или од омраза? манчестер Јунајтед никогаш нема да изгуби од Стоук се додека Пулис е тренер.
А тоа „пеер Пулис е три години во ПЛ“ е најдебилната изјава. Што бре дека е само три години во Премиер? Тоа е показател за нешто? Или дека Манчестер е единствениот тим кој нема изгубено ниту бод од Стоук? Друго?

И трето... ако не ти се дискутира со мене, не прави го тоа. Имаш многу колеги фанови на манчестер Јунајтед, и слободно оговарајте го Ливерпул и нивното трошење пари на дрва како хендерсон. Секој втор збор нека ви биде Ливерпул, што има тука проблем. Правете вицови, правете она. Се додека барселона не ја сретнете во Финале, и тогаш изјавите дека подобриот победил. А во друг случај, Кинг Кени го начекал Манчестер ослабен и другите тимови уште послаби.
Не сме ние како тебе , од уста да не го вадиш Манчестер, ко дрога ти е те разбирам...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Досаден ти сум? Pull the strings, банирај те ме. Знаеш, вашите навиавчи се поинтересни. Фергусон ова, Манчестер ова, Ливерпул вака, 20 години така. Ама што...

Прво, ако не знаеш во какво стање Гвадриола ја затекна Барселона, те молам не спомнувај. Второ, на Фергусон му беа потреби 7 години за да освои титула во Премиер лига. Во тие седум години се растураа многу работи, меѓу нив и Евертон. Кој ве собираше ко ѓубре во 5 сабајле.

Второ, не ми зборувајте за масони и останати глупости. Па за Пулис се смејат бе. Човекот кој ги повлече играчите од Престон кога синот на Алекс доби клоца. Тоа е случајно или од омраза? манчестер Јунајтед никогаш нема да изгуби од Стоук се додека Пулис е тренер.
А тоа „пеер Пулис е три години во ПЛ“ е најдебилната изјава. Што бре дека е само три години во Премиер? Тоа е показател за нешто? Или дека Манчестер е единствениот тим кој нема изгубено ниту бод од Стоук? Друго?

И трето... ако не ти се дискутира со мене, не прави го тоа. Имаш многу колеги фанови на манчестер Јунајтед, и слободно оговарајте го Ливерпул и нивното трошење пари на дрва како хендерсон. Секој втор збор нека ви биде Ливерпул, што има тука проблем. Правете вицови, правете она. Се додека барселона не ја сретнете во Финале, и тогаш изјавите дека подобриот победил. А во друг случај, Кинг Кени го начекал Манчестер ослабен и другите тимови уште послаби.
Aј сега ти мене кажи ми колку богат клуб беше Барселона кога ја начека Гвардиола, колку добри играчи имаше во тимот и во младинскиот состав, каков претседател имаше Барса (Лапорта) и спореди во какво стање беше Манчестер Јунајтед. Жити се објасни ми како тоа Гвардиола начекал послаба Барселона од Манчестер кој го начекал Фергусон?

Чоече, Ферги и со Абердин имаше успеси пред да дојде во Манчестер, не е само Манчестер со кого освојувал работи.

За повелкувањето на играчите зашто да не ги повлече? Ги дал кај син му да ги тренира, негово право е што одлучува кај ќе ги праќа играчите. И во Хал има 500 играчи на Манчестер пратени на позајмица, и тоа да не е некоја завера? И беа пратени на позајмица со можност да се вратат кога клубот ќе посака. Сака само одредени фаци да ги тренираат играчите и што сега?

А за ова секој втор збор нека ви биде Ливерпул, веројатно ти треба да се запрашаш зошто кога се собираме ние да гледаме Манчестер како игра, само Манчестер ни е во уста, не оговараме ниту па дискутираме други клубови.

А и теши се со Барселона. Моментално Барселона е посилен тим од Јунајтед. Факт е тоа. Ама во 2008мата некако тивки беа од Барселона. Тркалото се врти. Да не ме сфатиш погрешно, под ова мислам и дека Ливерпул ќе ја освои титулата кога тогаш. Ќе дојде смена на генерации и менаџери и во овој тим.

За тоа каде велиш ти правете вицови правете она, чоече, како не можеш да не правиш вицови после вакви слики кажи ми. Манчестер освојува требл, доаѓа на Енфилд и вакви слики има:




Хааа, сега ние имаме и требл и 19 титули. Како да не се смееш?

И само ти не збори за преокупираност или искомплексираност, кога имаш таков јузер, потпис и само против Манчестер контраш. Ко да му вели магарето на зајакот, имаш големи уши.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
А Арсенал како да не му ги пушти на Вест Хем двете утакмици после онаа сезона кога во последното коло му направија услуга на твојот тим и го победија Тотенхем 2:1?
Не, Фергусон не е светец. Ама другите уште помалку...
Арсенал таа година беше очаен и Тотенхем му дишеше во врат, верувај не би му пуштил бодови на никој кога е во таква ситуација.
Да не му пуштивме и на Њукасл бодови сезонава?
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
не сум преокупиран, ниту искомплексиран. Ни со Реал, ни со Барса, ни со Манчестер.
Комплексот е едно нешто, а решението, односно лечењето на комплекси е нешто друго. Зборот што Вие цело време го баравте. Знаеш... кога имаш сиромашен дух, мора да се гордееш со нешто апстрактно, како што се титули на некој друг тим. го посветуваш животот на фудбалски клуб (кога ќе навлезеш длабоко во случајот, ќе видиш дека нема поента тоа). Бидејќи немаш на што да ја потпреш душичката, ја потпираш на нешто кое не е твое, кое можеш да му го турнеш под нос на некој, кој се пали на нешто послабо. Во случајов со Ливерпул. Откако го престигнавте во титули, егото ви порасна до небо. Сега имате голем,а вредност и на вашата личност, и на тимот кој го сакате. Впрочем, преку него.
Затоа, се што правите - правите за и околу Манчестер.
Therefore... ова е мој последен коментар на форумот. Ова е вест која ќе ги израдува многумина. Но, нема загуба. Јас и онака дојдов за да изразам подршка за протестите (ако се сеќавате). Не дојдов да се расправам за фудбал. Иако тоа го правев од разонода. Знаеш, само навивачите на МАнчестер се добра мета. Ги има многу, и кој од кој поглуп. Нема промашај. Со навивачи на реал никад не сум можел да го правам тоа.

Следниот пат кога ќе споменте комплекс и преокупираност, погледнете кон себе си.
Хранење на его со нешто што не е ваше е резултат на комплекс.
Има дефиниции во разни литератури.

Поздрав. До никад!
:drk::vozbud::drk::drk::cuc::drk:
 
G

Gray Foxx

Гостин
Колку треба да си празен за да се замараш со "глупи" фанови на Манчестер ради досада?
И тврдиш дека имаат луѓево сиромашен дух а не ни ги знаеш, ебате лешпер ебате. Па и навивачи на Реал спомна. Ептен фејќер. Најпаметно е да не се цитира оваа бедна дефиниција на човек.
Џену е студент на електро, од фина фамилија со морални вредности. Манс е диџеј, дипломиран не знам ти таму шо, супер дете за дружба и ти ке тврдиш за други човеци. Ебати клошар ебате. Шпон!
--- надополнето: Jul 22, 2011 1:40 PM ---
Исто да додаам за другите. Жан или The General рмба секој ден во ноа армијава за кога некој ден ќе испадне некој воен конфликт вашите пични жили да останат дома да се кријат зад телевизорот и ти беден шпон ќе викаш дека он е од Латинска Македонија и не вреди да го цитираш, или друг бескичмењак ќе му вика дека е Бугар. Ејј која иронија, ќе загинеш некој ден за Македонија а тука некоја амеба форумџиска ќе ти дроби дека си бугар оти зборуваш на акцент кај што си роден. Племе грдо!
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.031
Поени од реакции
2.047
Арсенал таа година беше очаен и Тотенхем му дишеше во врат, верувај не би му пуштил бодови на никој кога е во таква ситуација.
Да не му пуштивме и на Њукасл бодови сезонава?
Не зборам за таа сезона, туку за сезоната после неа. Вест Хем му направи услуга на Арсенал, наредната сезона Арсенал го награди Вест Хем со 6 поени. Случајност, да...
 

Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Е ајде сеа и ние да почнеме да ви ги бркаме фановите. Мислам нема смисла вака ќе останеме јас и Розе на крај :) . Глеам се распишавте па и ја малце поозбилно да си кажам што очекувам од сезонава.
1. Манчестер Јунајтед- Главен фаворит, одлични потези сега за сега на трансфер маркетот, плус незнам до кај е со Снајдер работата и ако тоа се деси Манчестер ќе го намалат коеф и за ЛШ мислам дека. За толку озборуваниот Фергусон можам да кажам само дека иам големо поштување. Искрено човекот се прилагодил на времето и знае како да се стави во позиција и да извлече максимум. И од тимот и од штабот а и од лигата и другите менаџери. Прави се што треба за да победи и гази пред себе без да се замара што и како ќе биде. За разлика од тоа ќе го спомнам Венгер кој е повеќе фокусиран да се утепа од плачење пред медиуми како тоа Манчини и Хави му праеле mind-fuck преку весници. Ме интересира во каква форма ќе почне оваа сезона Руни и мислам дека он ќе биде играчот што ќе им ја реши сезоната. Ако распали, имаат огромна шанса секаде каде што учествуваат.
2. Челзи- Премногу пасивно, меѓутоа делуваат опасно со тоа што нудат големи пари за супер таленти. Ако го земат Агуеро ќе бидат многу опасни напред затоа што за жал очекувам Торес да почне да погаѓа почесто отколку велигденски и празнично. Едино нешто што ги кочи моментално е фитнесот на Есиен. Ја пропушти предходната сезона (поголемиот дел) а како што прочитав, пак имал некоја повреда. Дрогба би требало стандарно да погаѓа. Сезоната ќе им зависи од Торес и секако новиот менаџер кој сите чекаме да видиме како ќе се вклопи во ПЛ.
3. Арсенал- Жалосно :( . Не дека ги сакам нешто многу меѓутоа у никој случај нејќам играч како Фабрегас да ја напушти ПЛ за да иде да игра у екипа што го сметала за неталентиран. Некако ми делуваат како да се наоѓаат на некоја раскрсница и многу ќе зависи од тоа дали Фабрегас и Насри ќе останат. Според мене најголем проблем е Венгер. Човекот ми делува како да живее во некој замислен свет, во кој сите се поштени и никој не се обидува да ти попречи во работата. Епа шефе треба да се разбудиш и малце да ги размрдаш играчите затоа што веќе 5 години твоите момци ги нарекуваат дечиња. Донеси 2-3 засилувања, искусни и стабилни играчи, задржи ги Насри и Фаб и моли се да нема некоја сериозна повреда затоа што сите знаеме каков малер ги пука Арсенал.
4. Манчестер Сити- Како и 90 % од форумов неможам да го гледам тоа италијанско педерче на клупата на Сити. Мислам дека Де Јонг треба да му даде еден high-kick у чело и да го врати кај што му е местото. Многу пари, многу талент, многу грди играчи и многу тапа навивачи. Се надевам прва и последна сезона во ЛШ ќе им биде и дека од оваа година ќе се врати старата 4 на првите позиции. Го растурија пазарот со тоа што нудат смешни пари на уште посмешни играчи. Ќе треба многу време да помине( а може и воопшто да не се смени) за пазарот да се стабилизира. Многу веројатно ЛШ ќе ги поремети малце и ќе паднато под 5 место оваа година. Се надевам...
5. Тотенхем- Нашиот омилен Ари Реднап :) . Интересна екипа, добри се за гледање а лоши за у кладилница. Онака си ме работат како бавча, ја играј ги против ВБА на домашен 1,3 коеф они 0-0, прај пауза 5 кола они се тепаат, ај да им ја фатам формата изиграј ги на гости со блекпул х2 1,22 коеф они 1-0 ќе изгубат:tapp:. Сепак го имаа трансферот на сезоната во Ван Дер Варт ама сега имаат проблеми со Лука Модрич. 5 место си ги личи па се надевам да догураат и до ЛЕ финале, имаат квалитет само дали ќе имаат желба.
6. Ливерпул- Нова сезона нова надеж. Се шалам. Ама ок секоја сезона се улетуваме и до 5 коло сме со скор 1-2-2 и почнува паника да се крева. Меѓутоа оваа сезона може да биде нешто друго. Прва полна сезона за нашиот Кени. Џерард и Кара може во последниот поход за титула у ПЛ. Многу талент (главно британски и тоа е малце страшно и демотивирачки :) ) Нападот најдобар до сега. Средниот ред засилен со повратникот Аквилани, младиот Хендерсон и левачето Адам. Тука е и Даунинг кој се очекува да направи лом со Керол( се очекуваше и Торес и Кин да ја отворат премиер лигава ама Нгог испадна подобар избор). На одбраната се работи. Се очекува барем уште еден играч да пристигне. Реина стандарден а стигна и Дони од Рома. Мотивацијата нема да биде проблем, а се надевам и повредите. Нека ни е со среќа.

Малце се напнав може цела страна да фати ова ама досадно ми беше. Може ќе треба да напраам едит на 15 август ако се деси некоја трансфер бомбица :) . На кој му се чита бујрум. Чекам лајк4иња.
 
F

fantomX

Гостин
„врвот од англискиот фудбалски систем“ - ништо лично до Факе кој ја почнал темава, ама ова мене ми звучи крајно бедно.

Инаку, вака е работава, клубовите сместени во посебен кош по нивните реално можности сезонава по мое...

Манчестер Јунајтед

Манчестер Сити
Челзи
Арсенал

Ливерпул

Тотенхем

неебитнонатаму....
--- надополнето: Jul 22, 2011 2:29 PM ---
Оваа сезона ќе биде најверојатно и највозбудливата и најнепредвидливата сезона.
:LOL:
--- надополнето: Jul 22, 2011 2:35 PM ---
Како според навивањето и кладилниците, лично и јас си очекувам 20та титула, нема што повеќе да коментирам, ама би било многу потешко од лани.

Пеер со Карло правеа муабет додека искачаа од тунел увек коа играа Челзи Манчестер, сигурно и Карло е во подмасонската група.
Шо тоа беше тешко лани за Манчестер Јунајтед во ПЛ?

How can Chelsea think of changing a coach like him?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
„врвот од англискиот фудбалски систем“ - ништо лично до Факе кој ја почнал темава, ама ова мене ми звучи крајно бедно.

Инаку, вака е работава, клубовите сместени во посебен кош по нивните реално можности сезонава по мое...

Манчестер Јунајтед

Манчестер Сити
Челзи
Арсенал

Ливерпул

Тотенхем

неебитнонатаму....
--- надополнето: Jul 22, 2011 2:29 PM ---

:LOL:
--- надополнето: Jul 22, 2011 2:35 PM ---

Шо тоа беше тешко лани за Манчестер Јунајтед во ПЛ?

How can Chelsea think of changing a coach like him?
Не дека беше релативно тешко ама очекувам дека оваа сезона ќе е потешко сепак. Можеби грешам, можеби не :)
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Според мене Јунајтед е најголем фаворит за освојување, не само дека јас навивам за нив. Сезонава очекувам Ливерпул да се вмеша во битката за титулата. Сити според мене повторно ќе се во топ 4 ама тешко дека ќе имаат шанси за титула.

Челзи доколку не земи некое добро засилување и пласман во првите 3-4 места ќе им биде премија. Арсенал ко Арсенал секогаш во вториот дел на сезоната играат ко екипа од средишниот дел на табелата, па од нив очекувам добро да почнат...понатаму ќе видиме.

Од Тотенхем очекувам добра сезона и место за пласман во ЛЕ, а ако ги задржи играчите посебно Модрич и Ван Дер Варт, тогаш ќе може да се надеваат на повеќе.

За отпаѓање типувам на Норвич, Виган и можеби Свонси.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
хаха нема простор за кулирање, уште од сега само оштро со препуцавања а можам да замислам што ќе биде кога ќе почне сезоната и кога Сити ќе си гази се пред себе :icon_mrgr:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom