Barclays Premier League Season 2011/2012

Кој ќе ја освои оваа година Премиер Лигата ???

  • Вкупно гласачи
    223
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Што да го купи и они ке станат како Сити -.- преку такво ми е веќе од шеиците кое познавање го имат они од фудбалот па да се мешаат безвеза во овој убав спорт со традиција, што само го уништуваат племето пустинско да им ебам :mad:
Јес да Евертон ја симпатишам оддамна но сакам поштено да си заработи место меѓу најдобрите.
 
GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Што да го купи и они ке станат како Сити -.- преку такво ми е веќе од шеиците кое познавање го имат они од фудбалот па да се мешаат безвеза во овој убав спорт со традиција, што само го уништуваат племето пустинско да им ебам :mad:
Јес да Евертон ја симпатишам оддамна но сакам поштено да си заработи место меѓу најдобрите.

Што има непоштено да си вложиш во некој тим и да го направиш шампионски ?? :tapp::tapp:
 
stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
И Евертон како и некои други клубови во Англија имаат освоено титули. Ама не значи дека некогаш имале некоја слава како што имаат други клубови. Да речеш некој да ги земе Лидс и да им ја врати старата слава, ќе разберам.
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397

Што има непоштено да си вложиш во некој тим и да го направиш шампионски ?? :tapp::tapp:
Тебе можам да те сфатам пошо мислам дека те заболе нешто :pipi:

Како што е непоштено бе?
Не е поштено затоа што тим што цела историја се бори да избори слава и на спортски начин да си дојде до врвот, и ке ти дојде некој од пустината, што бара забава и ке си купи тим за играчка пошо нема каде да троши пари ке дава безвеза суми за играчи.
Зошто да беше поштено бе УЕФА воведи финансиски фер плеј?
Затоа што го уништија спортот баш таквите!
80 милиони за играчи се даваат.....
Што убава идеја даде еден човек не ми текнува кој пред неколку години, се да се лимитира и според незнам кои норми, цената на играчите ке беше по 7-8 милиони за денешните. Не ми текнува како требаше да се изведи тоа.
Не е поштено! Што се бламираш
 
В

Вори

Гостин
А поштено било порано кога некои богаташи вложувале во твојот Манчестер и го направиле она што денеска тој Манчестер е?
Свесен си какви глупости тропаш,знаат од дома дека си се брукаш со глупи постови по форуми?
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.799
Поени од реакции
12.176
Лане беше супер играч.Хоџсон го уништи.Тврдам дека Јовановиќ е еден од подобрите дриблери во Европа,човекот има страшна техника.Ама не доби вистинска шанса во Ливерпул.
Го ставаше во куп натпревари,и чат-пат од клупа.Епа не можеш да викаш дека бил тапа,кога све на све изиграл 200 минути во дресот на Ливерпул.
Не не не. Беше борбен и брз ама дефинитивно не е човек за голем клуб или појака лига. Можеби да дојдеше дури беше помлад и ќе успееше да се развие. Ама вака на 29 или 30 години - јок.
Играше од почеток и беше стандарден па после седна на клупа. Ако некој и беше воопшто уништен во Ливерпул тоа е Рајан Бабел. Мада и за овој се сомневам
 
S

Stivie G

Гостин
Не ми е јасно како се карате за глупости, секој тим си има свои "златни денови", секој има почеток, пример со Сити сега, играат добро тоа е факт, не е чудно за неколку години да имаат мноу фанови, децата кои ке почнат да гледат фудбал сега дел од нив ќе навиваат за Сити поради добрата игра и останатото, сигурно јас кога сум почнал да навивам за Ливерпул тимот не е бил на дното а исто и вие со вашите тимови, затоа престанете да се карате околу тоа кој од кога почнал да има навивачи
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
А поштено било порано кога некои богаташи вложувале во твојот Манчестер и го направиле она што денеска тој Манчестер е?
Свесен си какви глупости тропаш,знаат од дома дека си се брукаш со глупи постови по форуми?
Да сигурен си дека мојот Манчестер богаташи го направиле клуб?
Кој богаташ го направил Јунајтед клуб бе?
Или станал клуб со играчи од своја школа од свои деца, кои преживеал авионска несреќа, кој по трагедијата, од пропаст се спасувал со куче кое собирало пари по градот, и се издигнал уште посилен, или дошол некој од степите и истурал пари? Со години и години се борел да се врати на победничките патеки со пари и купување играчи??? Во екот на студената војна и поделбата на Европа и светот на блокови оди ти најди 3ца богаташи што не се диктатори. Во поново време што испаднаа сите богаташи и ајде клубови ке купуваат ке се заебават со фудбалска традиција долга години и години.
Мојот, клуб е станат со комплетно нов тим донесен за 2 сезони?
И сега свесен си ти што рече? Зошто сакаш друг да избламираш кога не се гледаш сам? Зошто сам се избрука... Бог да ве чува деца...
 
Ова сигурно безпари е,така?Купувањето играчи тогаш сигурно за џабе било,или пак отворање на сопствени школи,финансирање во истите итн.
Пак ќе кажам дека твоите се глупости.Затоа што,ако не парите,тогаш други фактори влијаеле за развитокот на Манчестер.
Сега треба јас да ти викам тебе дека Манчестер станал клуб благодарение на климатските фактори или нешто друго(лупам иначе,да не дојде до забуни).

И по 50 години,можеби Челзи ќе стане ете поголем клуб од тоа што е сега,и ќе биде како Манчестер што е денеска.Тогаш никој нема да кажува дека Челзи станал клуб таков благодарение на Абрамович,туку тогаш сите ќе кажуваат какви успеси правел Челзи,каков тим бил,и остали работи.
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442

The Edge^ сака да ти објасни дека во времето кога Јунајтед почнале со освојување на титули немало богаташи како денешните и дека играчите тогаш се земале во "илјада" еври, а не во "милиони"... Тоа што Абрамовиќ и компанија почнаа да го прават е само лошо за фудбалот, бидејќи фудбалот порано се играл со срце, а денеска се игра за пари... Не се бодите од инат, бидете реални...
 
Значи ти стварно си толку тврдоглав и неможеш да си признаеш што сам се глупираш, човек, дај. Свати ја суштината. Незнам зошто граматичка грешка не ми најде.
Доколку сакаш да ти објаснам еве, не биди лекоум како може без купување играчи, но спореди го денешното купување играчи на Сити и тогашното на Јунајтед па тогаш зборувај да те видам, а не да зборуваш безвезе.

^ Точно
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
The Edge^ сака да ти објасни дека во времето кога Јунајтед почнале со освојување на титули немало богаташи како денешните и дека играчите тогаш се земале во "илјада" еври, а не во "милиони"... Тоа што Абрамовиќ и компанија почнаа да го прават е само лошо за фудбалот, бидејќи фудбалот порано се играл со срце, а денеска се игра за пари... Не се бодите од инат, бидете реални...
Па тим што почна да руши рекорди по висина на трансфери е токму Манчестер Јунајтед.
 
В

Вори

Гостин
The Edge^ сака да ти објасни дека во времето кога Јунајтед почнале со освојување на титули немало богаташи како денешните и дека играчите тогаш се земале во "илјада" еври, а не во "милиони"... Тоа што Абрамовиќ и компанија почнаа да го прават е само лошо за фудбалот, бидејќи фудбалот порано се играл со срце, а денеска се игра за пари... Не се бодите од инат, бидете реални...
Е што прави толку Абрамович жити све?Купува играчи,даваше повеќе пари отколку што треба за некои играчи,ама не ги преплатуваше сите.
Шевченко,Торес можеби да.Другите сите беа скоро со нормални суми купени.
И Челзи не купуваше ѕвезди,Робен и Кежман кој ги знаеше?Или пак Даф?Или пак Есиен и Дрогба?
Не заебавајте,трошел Челзи пари,да.Ама не толку колку што вие мислите и колку што преовеличувате.
Сигурно не повеќе од Реал и Сити сега.Па и од некои други екипи.
Барселона може да фркне 30 милиони за еден Чигирнски,за да наредна сезона го вратат во Шахтјор.Може да фркне и 40 милиони за Виља,ама за тоа никој не збори.
А Челзи ако даде толку пари за некој играч,одма Челзи го уништувал фудбалот и остали срања.
И твојот Манчестер троши и тоа бајги.25 милиони за Нани даде на времето,а за играчот никој жив немаше слушнато.Исто го плати скапо и Андерсон.И уште други примери.
Сите трошат,и не се уништува фудбалот заради Абрамович.Ама добро,мора да има некој дежурен кривец,така да не ми замеравам.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.765
Поени од реакции
9.552
@Вори - Ти предлагам да го гледаш филмот за Јунајтед и ќе сватиш како функционирал Јунајтед тогаш. Тимот не бил подржуван тогаш како и сега од ФА поради тоа што не го одложиле натпреварот со Лидс (мислам беше) поради тоа што тимот играше во ЛШ зо Црвена Звезда па морало со авион да одат и да се враќаат за после ден/два да играат меч од ФА Купот, па се случи кобната несреќа во Минхен каде практично Сер Мет Базби останал без целиот тим, па морал да собира играчи за беспари (тимот немал никакви финансии тогаш) од останатите клубови кои не добивале шанса за после некое време да го врати тимот по шампионските патеки. НИКАДЕ ВО ТОЈ ПЕРИОД ЈУНАЈТЕД НЕ БИЛ ФИНАНСИРАН ОД БОГАТАШИ. Тоа е историјата на Јунајтед и никаде не се замешани богаташи кои ги купуваат најдобрите играчи и за една сезона да се изгради шампионски тим. Спротивно на тоа, Челзи и Сити не градат таква историја. И двата клубови за да дојдат до ова ниво кое се сега дојдени потрошиле астрономски суми благодарение на нивните сопственици, инаку сигурно не би биле тоа што се сега ако бидеме реални. Како мал додаток на горенаведеното за Јунајтед ќе го напоменам и фактот што и Фергусон не освоил никаква титула во првите сезони во тимот, туку постепено градел тим без да прави скапи трансфери за тогашен период и тек после 4 години го освоил ФА Купот, а потоа што направил е веќе познато.;)
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Зошто на времето Јунајтед не ги купувал Ди Стефано, Пушкаш, Пеле, Марадона.. Затоа што имал пари, имал шеици и тајкуни како сопственици.. Ајде бе.. Бест од каде е дојден? Чарлтон од каде е дојден? Лоу? Да не биле world class пред да ги купат Јунајтед? Или излегле од академјата, или биле доведени како релативно по непопуларни и послаби пред кариерата во Јунајтед. Тогаш мојот клуб станал КЛУБ. И на тој начин.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom