Barclays Premier League 2010/2011

Кој ќе биде шампион во сезоната 2010/11 во Barclays Premier League?

  • Вкупно гласачи
    472
Статус
Затворена за нови мислења.
B

boki10messi

Гостин
Тоа што не освоивме лани ЛШ два пати по ред и сега ја изгубивме титулата ради повреди и губење 2 клучни играчи за тебе е опаѓање од година во година? Од кога знам за себе сме на врвот во Англија. Па едвај две сезони дали минаа да го заклучиш тоа, да го правевме муабетов во мај 2011 и Манчестер да завршеше бетер од 2009/10 сезоната ќе те сфатев...
Јас откога гледам фудбал, Манчестер Јунајтед е секогаш, буквално СЕКОГАШ во топ 3 најдобри екипи.
 
F

fantomX

Гостин
Едвај чекам да почне ПЛ!!!
Иако лигава полека паѓа медиумски и финансиски и се намалува бројот на светска класа англиски играчи, чат пат некој талент како вилшер/ешли јанг/валкот и тие ...овие веќе етаблираниве само ќе си го одржуваат статусот, ама никој нема да направи нешто повеќе (исклучок е руни да земе balon do'r :icon_lol: ) итн итн...арно ама арапиве ќе ја дигнат колку толку со засилувања, па не е чудно, после 2-3 години (допрва што следат) да дојде меси, роналдо, кака :pos: па да се врати на старото јако ниво, што и не верувам...бидејќи не се форсира а и реално мал е потенцијалот на играчи што допрва треба да носат на грб екипа, репрезентација итн, а се од енглеско говорно подрачје...жално, знам.
Го читам fantomx наназад по темиве, околу оваа проблематика и го подржувам и ќе гласам за него!
Туку да не серам многу...оваа сезона ќе има 4 тима со шанси за освојување на ПЛ (на почеток знаете сите како оди оваа работа).
Е сега, некои се засилија, ко сити што купија еден тон играчи и арсенал гагаџиите :icon_lol: ливерпул исто...додека пак, овие што се двојат од сите (без навреда, ама МанУтд и Челзи се врвот) сеуште не купија нешто звучно, освен хернандес/смолинг и челзи зема некој младич од Сигма колку што памтам и еврејон...
Арно ама, до 31ви август има време...голема екипа (не важи за сити ова во никој случај) купува играч/ѕвезда во 5 до 12 и тука им ги руши сите коефициенти на оние чичковците од вил хил...и им ги тресе г'зовите на противниците, кои секако се со доста солидни екипи, секоја чест!
Но ништо не може да ме разубеди дека и оваа година ќе гледам пак слепа трка помеѓу јунајтед и челзи...арно ама, не од навивачки аспект, него реално, ќе се врати титулата на олд трафорд, поради фактот што карло кај и да отиде прва сезона зима титула во првенство и после ровари низ европа и толку...
додека манчестер, кога можеа лани со флечер и керик во одбрана и без оние дрвана рио/видич да бидат поен позади челзи, пазете се што ќе биде оваа сезона...е ако се повредат пак , нека идат у пичку матер !!!
П.С. ливерпул не е за потценување во никој случај, иако лани беа тиње...за шампиони, може не, ама дека ќе делкаат во дербија, тоа гарант...освен ако стиви џи не му ја пушти на дрогба ко во мај годинава :icon_lol:
поздрав луѓе, па да почне сезона и да се реметиме....

чаос
Само Вилшир од тие можи да биди играч, не знам, пошто не сум го видел. Другите двајца спомнати....тркачки кучиња. Без педигре.

„Младичот од Сигма“ е „за иднина“ маме нивно глупо (од Челзи де овие :icon_bigg)! Само глупаци можат да платат 5 милиони фунти за 17-годишник кој изиграл еден натпревар за вториот тим на чешки прволигаш од средината на табелата. Но тоа е Челзи, поточно, неговиот менаџмент. Се разбира, доаѓа следната сезона, исто и бебето-голман од Запрешич.

Не голема екипа, туку паметен менаџмент. Или можи и глуп менаџмент ама со билдерски мускули во поглед на финансиите. Во тие групи се Манчестерите и Арсенал. Нема друг, барем сега засега, можно е и Ливерпул да влези во вторава група ако влезат арапи и таму, со селаните заедно.

Ако Челзи без Есиен појќе од пола сезона заврши пред Манчестер Јунајтед, што ако е здрав цело време (или барем, максимум еден 2-3 недели да има повреда во тек на цела сезона)? Околу повредиве не се согласуваме.

Не е точно за дебелиот ова. Со лидери на тимот ко Малдини и Сидорф, и талент во нозете ко Пирло и Кака можиш да „ровариш“ низ Европа. Тој тим кој го има моментално, ги нема „екстремните вредности“ кои ги споменав.

А за Стеве и неговите асистентски способности.....зависи од ситуација...на табела. :icon_bigg

Тоа што не освоивме лани ЛШ два пати по ред и сега ја изгубивме титулата ради повреди и губење 2 клучни играчи за тебе е опаѓање од година во година? Од кога знам за себе сме на врвот во Англија. Па едвај две сезони дали минаа да го заклучиш тоа, да го правевме муабетов во мај 2011 и Манчестер да завршеше бетер од 2009/10 сезоната ќе те сфатев...
Ради повреди? Не заради значителното губење на квалитет, без Роналдо и Тевез, тие „2 клучни играчи“? Повреди имаат сите: Челзи играше два месеци без Ешли Кол, пола сезона + еден месец без Есиен(= 5 играчи во тимот), без африканците други еден месец во јануари; Арсенал да не го споменуваме со повредите, јас мислам дека сериозно треба преиспитаат шо доктори и физиотерапевти имаат.
Манчестер Јунајтед не ја освои титулата исклучиво затоа што изгуби многу на квалитет со тие двајца играчи, квалитет кој не успеа да го надомести. Повредите се смешен изговор, дали треба дебаклот на Челзи против Интер да го правдам со тоа што ги немаше Деко и Есиен, со тоа што Малуда играше лев бек? Секако дека не.
Следнава сезона е поинаку, единствен сериозно појачан е Манчестер Сити. Манчестер Јунајтед пак не е многу засилен, ама не е ни воопшто ослабен. Слично е и со Арснел. Додека Челзи е значајно ослабен, појќе на кванитет, но со тоа и на квалитет. Ова значи дека престои уште една година на англиска бламажа во еврокуповите, ама овде зборуваме за англиската лига нели.

Вистински клуб за него.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.720
Поени од реакции
43.767
ПЛ од година во година станува се понеизвесна и понеизвесна.. Нема ниеден тим што отскокнува како фаворит пред другите екипи, така да повторно се очекува мртва трка за титулата до последно коло.. Јас исто така како главни фаворити би ги ставил Манчестер Јунајтед и Челзи.. Едните едвај чекаат да ја освојат деветнаесетата титула и конечно да излезат од сенката на Ливерпул (т.е. веќе се израмнија, но вака би биле титула пред нив), другите сакаат да ја одбранат титулата и да се обидат можеби догодина да направат еден хет-трик :).. Повеќе шанси им давам на Манчестер поради посилната клупа и поискусните млади фудбалери...но нема голема разлика во квалитетот на овие 2 екипи.. Потоа би ги ставил Сити и Арсенал, па после Ливерпул и Тотенхем најдолу.. (од оние со шанси за титулата).. Сити имаат индивидуално најдобар тим во ПЛ, но тоа ништо не значи.. Повторно можат да се посерат ко лани, па ни во ЛШ да не се пласират.. Арсенал ко Арсенал секогаш е еден од фаворитите, сигурно доколку го задржат Цекс во тимот ќе се пласират во ЛШ, за титула не знам, но никогаш не смееме да ги отпишиме.. Исто и Ливерпул, сега со нов тренер и со неколку засилувања, така да јас не би ги отпишал уште од сеа.. Инаку исто така ќе биде интересна и трката за ЛШ, сите имаме 6 екипи со шанси за ЛШ, од кои само 4 можат да обезбедат пласман за следната сезона (мада не верувам Тотенхем да го постигнат успехот од лани, мислам дека ќе бидат под 5то место). Мислам дека Манчестер, Челзи, Арсенал и една од Ливерпул и Сити ќе бидат 4те најдобро пласирани екипи оваа сезона.. Исто така се враќа и Њукасл, од нив очекувам да бидат некаде околу 10тото место, зошто да не и во првата половина на табелата...

GGMU!!
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Тоа што не освоивме лани ЛШ два пати по ред и сега ја изгубивме титулата ради повреди и губење 2 клучни играчи за тебе е опаѓање од година во година? Од кога знам за себе сме на врвот во Англија. Па едвај две сезони дали минаа да го заклучиш тоа, да го правевме муабетов во мај 2011 и Манчестер да завршеше бетер од 2009/10 сезоната ќе те сфатев...
Можеби се малце 2 сезони за да се утврди тоа но Ман.Ју јас не гледам никој да го става рамо до рамо со Барса-Реал-Челзи еве минатата па и оваа година. Остана уште август, а они останаа непроменети, имаат одлична одбрана и напад поготово со тоа Мексиканчето но средината им е второкласна, Сити имаат далеку поквалитетен среден ред. До крајот на преодниот рок ќе мора да го поправат тоа, еден плејмејкер од светска класа им е потребен.. и десен бек, знам ко играм ФМ со нив дека тоа ќе ми биде проблем да најдам асален десен бек бидејќи крпење со Невил,Браун,Ошеј преку цела година е несвојствено.
Челзи се бааги по обаднати но повторно важат за фаворит на задржување на ПЛ.
 
B

BooBojan

Гостин
Ве читам сите и не ми се верува.Сити имал подобри индивидуалци од Челзи,Јунајтед и Арсенал!Не би рекол така.Сетете се дека на теренот играат 11смртници и дека се е можно.
Ако сака некој може да ги споредиме тие 4состави.Плус кај Сити невоиграноста.И мислам дека барем уште една сезона ке бидат позади оваа тројка.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Можеби се малце 2 сезони за да се утврди тоа но Ман.Ју јас не гледам никој да го става рамо до рамо со Барса-Реал-Челзи еве минатата па и оваа година. Остана уште август, а они останаа непроменети, имаат одлична одбрана и напад поготово со тоа Мексиканчето но средината им е второкласна, Сити имаат далеку поквалитетен среден ред. До крајот на преодниот рок ќе мора да го поправат тоа, еден плејмејкер од светска класа им е потребен.. и десен бек, знам ко играм ФМ со нив дека тоа ќе ми биде проблем да најдам асален десен бек бидејќи крпење со Невил,Браун,Ошеј преку цела година е несвојствено.
Челзи се бааги по обаднати но повторно важат за фаворит на задржување на ПЛ.
Имаш право, никој не не става рамо до рамо со Реал, зошто да не ставаат рамо до рамо со екипа која 7 години нема поминато 1/8 финале? :smir:

Челзи? :pos:

За Барса се согласувам, може да се каже дека се моментално класа над нас.

A во врска со рамнењето со овие екипи, треба да изнакупуваме 20 нови ѕвезди па да сме на исто рамниште? Фергусон освои требл со играчи од младинската школа, тоа ми дава целосно право да се надевам дека може уште еднаш да направи нешто такво. Ако не требл, дабл.

За другото, ок, уживај, ми стана јасно уште од кога спомна менаџер и второкласна средина, a за бек, еве чим играш менаџер, мој совет, играј со Рафаел. Јас никогаш не купувам десен бек кога играм со Јунајтед. :smir:
 
Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Ве читам сите и не ми се верува.Сити имал подобри индивидуалци од Челзи,Јунајтед и Арсенал!Не би рекол така.Сетете се дека на теренот играат 11смртници и дека се е можно.
Ако сака некој може да ги споредиме тие 4состави.Плус кај Сити невоиграноста.И мислам дека барем уште една сезона ке бидат позади оваа тројка.
Освен ко ќе играт Челзи. Тогаш игрет 8 смртници + Лампард, Тери и Есиен.
 
F

fantomX

Гостин
Можеби се малце 2 сезони за да се утврди тоа но Ман.Ју јас не гледам никој да го става рамо до рамо со Барса-Реал-Челзи еве минатата па и оваа година. Остана уште август, а они останаа непроменети, имаат одлична одбрана и напад поготово со тоа Мексиканчето но средината им е второкласна, Сити имаат далеку поквалитетен среден ред. До крајот на преодниот рок ќе мора да го поправат тоа, еден плејмејкер од светска класа им е потребен.. и десен бек, знам ко играм ФМ со нив дека тоа ќе ми биде проблем да најдам асален десен бек бидејќи крпење со Невил,Браун,Ошеј преку цела година е несвојствено.
Челзи се бааги по обаднати но повторно важат за фаворит на задржување на ПЛ.
Интер бре Баже кај ти е? Каков црн Челзи, каква црна англиска екипа? Тотенхем одма го отпишувам од ЛШ, другите три англиски екипи можат да дотуркаат подалеку од четвртфинале само ако претходно се задоволат со четврто место во Премиер Лигата. А четвртфинале е срамота.
Зошто второкласна средина? Неинвентивна можеби, не и второкласна. Но затоа ќе го земат Озил и то е то. Која средина ја има Челзи ко веќе го спомна? Ко шо стојат работите, Оби Микел ќе има гарантирано место во првите 11. Не оти толку е добар, туку оти Матич не го бива. :toe:
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Имаш право, никој не не става рамо до рамо со Реал, зошто да не ставаат рамо до рамо со екипа која 7 години нема поминато 1/8 финале? :smir:

Челзи? :pos:

За Барса се согласувам, може да се каже дека се моментално класа над нас.

A во врска со рамнењето со овие екипи, треба да изнакупуваме 20 нови ѕвезди па да сме на исто рамниште? Фергусон освои требл со играчи од младинската школа, тоа ми дава целосно право да се надевам дека може уште еднаш да направи нешто такво. Ако не требл, дабл.

За другото, ок, уживај, ми стана јасно уште од кога спомна менаџер и второкласна средина, a за бек, еве чим играш менаџер, мој совет, играј со Рафаел. Јас никогаш не купувам десен бек кога играм со Јунајтед. :smir:
Зборев за минатото, па дури и кога Ман.Ју освојуваше повторно беше сметан како фаворит од сенка... кога стигна и Флечер да ја добие својата шанса во првата постава се гледа дека Ферги подзаборавил на тоа...

па нормално сигурно САФ поише знае на кое ниво е неговиот тим него ли јас... не реков 20, но како што се сеќавам кога беа донесени во едно лето Нани-Андерсон-Харгривс и уште некој беше, Ферги го направи триплот.

Интер бре Баже кај ти е? Каков црн Челзи, каква црна англиска екипа? Тотенхем одма го отпишувам од ЛШ, другите три англиски екипи можат да дотуркаат подалеку од четвртфинале само ако претходно се задоволат со четврто место во Премиер Лигата. А четвртфинале е срамота.
Зошто второкласна средина? Неинвентивна можеби, не и второкласна. Но затоа ќе го земат Озил и то е то. Која средина ја има Челзи ко веќе го спомна? Ко шо стојат работите, Оби Микел ќе има гарантирано место во првите 11. Не оти толку е добар, туку оти Матич не го бива. :toe:
Интер - Челзи сеедно, и онака се многу назад зад Шпанците. Тоа се мислеше на минатото, сеа таму никој не припаѓа... уште во првиот пост на темава реков дека Челзи изгледа најмизерно од кога и да било од ерата на Роман.
Но без разлика дали Челзи ќе ги фрли Балак,Деко етц. они повторно остануваат пред Ман.Ју, се прашувам дали не е тоа ради средниот ред на ѓаволите.
Што се однесува во ЛШ, очекувам фијаско од Калчо и ПЛ екипите.

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Нова сезона...
Има уште месец време до крајот на овој трансфер период,и нешто повеќе од 2 недели до почетокот на првенството.Неколку трансфери можат да променат многу бидејќи мала е разликата помеѓу Челзи,Утд и Арсенал,екипите со најголеми шанси за титулата,иако првите две малце се понапред од Арсенал.

Челзи,актуелниот шампион,според мене фаворит и за оваа сезона,иако изгубија доста добри играчи/претежно од клупата.Најверојатно ќе купат уште еден играч од средина и би требало да имаат најголеми шанси за титула,со здрав Есиен..:))

Јунајтед не се засили (досега) со некое звучно име.Го земаа мексиканчето и Смолинг,но ги задржаа сите играчи.Ќе видиме колку ќе се способни Сколс и Гигс да изиграт,нивното искуство е од големо значање.Моментално имаат поголема клупа од Челзи,но во квалитет тука некаде се..

Aрсенал,мојот тим...моментално повеќе од трето место е нереално.Иако се засиливме во нападот со Шамак,од кој очекувам околу 10-12 голови,послаби сме во одбраната каде очекувам засилувања,еден искусен централен дефанзивец и по можност голман.Со Косељни и стаклениот Џуру не е ич сигурна одбраната.:))Ако се остварат овие 2 трансфери,шансите за повисоко место/титула и те како ке се зголемат.Се разбира,потребно е малерот со повредиве да се скрши,а и веќе се работи на тоа,со GPS traсking системот,со кој ќе се спречат повредите,иако ефектот од системот ќе се види некаде на почетокот од 2011.

За четврото место ќе се борат Сити и Ливерпул.Сити пак со многу нови играчи,ќе се обиде да обезбеди место во ЛШ.Ливепул исто така со здрав Торес и добра трансфер политика,Хоџсон прави тим кој ќе биде доста конкурентен.Разликата помеѓу овие 2 тима нема да биде повеќе од поен.:))Се надевам дека Ливерпул ќе успее да го фати четвртото место.

Тотенхем ако успее да влезе во групите во ЛШ,ќе се исцеди таму и во ПЛ ќе заврши некаде од 6-8 место.А ако не успее да се пласира во групите,ќе има поголема шанса за повторување на успехот од ланската сезона,иако наголем дострел им давам 5то место.

Од Евертон и Астон Вила очекувам солидни сезони и да се најдат на позициите од 5-8.

Се надевам дека ќе испаднат Стоук,Бирмингам и Блекуп.
 
F

fantomX

Гостин
Интер - Челзи сеедно, и онака се многу назад зад Шпанците. Тоа се мислеше на минатото, сеа таму никој не припаѓа... уште во првиот пост на темава реков дека Челзи изгледа најмизерно од кога и да било од ерата на Роман.
Но без разлика дали Челзи ќе ги фрли Балак,Деко етц. они повторно остануваат пред Ман.Ју, се прашувам дали не е тоа ради средниот ред на ѓаволите.
Што се однесува во ЛШ, очекувам фијаско од Калчо и ПЛ екипите.

Не е сеедно. Интер е европски првак а Челзи е европски....„шеснаестак“. На кое минато? На тоа што Челзи има безброј глупи полуфиналина и едно уште поглупо финале? Во споредба со една титула и едно финале на Јунајтед три сезони наназад? Додуша тоа едното финале им е срамотно, ама ајде, да го бројме. Па и Интер, сите глупи полуфиналина би ги менувал за едната титула на Интер од лани.
Секако дека Челзи е најмизерен сега од преземањето на Абрамович. Пошто нема ништо ново шо да понуди. Лани тоа беше Карло Анчелоти, па излезе нешто. Сезонава? Бенајун? Со душа го чекам тоа чудо... :tv:

Шо е поентава со тавелава? Бројки и бројки само, не разбирам.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.031
Поени од реакции
2.047

Како што јас разбрав, коефициенти за освојување на ЛШ.
Реал секоја сезона е во Топ-3 фаворитите, само што веќе 6-7 години по ред е во најдобрите 16, не и во најдобрите 8. Нека не се радува Баже многу на овие коефициенти, тие нема да му ја донесат титулата на Реал.
За следнава сезона пак ќе биде тесно помеѓу Јунајтед и Челзи, можеби и Арсенал. Не би можел да кажам кој ќе биде шампион од овие 3. Сити очекувам да освои 4-то место. Да, да. Оваа сезона имаат вистински плејмејкер, она што им фалеше лани. Друго е кога играта ќе ја гради еден Давид Силва, па еден Стивен Ајрланд. Не дека вториов лошо се покажа лани, ама сепак за класи зборуваме. Иако со Манчини се е можно. Тој е свесен дека најмалку 5 тима има во ПЛ кои се посилни од целата Серија А во времето кога тој беше шампион со Интер. За Шампиони, па можеби за едно 5 години. Сега не.
 
F

fantomX

Гостин
Како што јас разбрав, коефициенти за освојување на ЛШ.
Како по ѓаволите Челзи е трет фаворит? Како по ѓаволите го нема Баерн Михен овде, а ги има и Челзи и Манчестер Јунајтед?
Очигледно на некои им треба повеќе време за да видат и да сфатат колку е стрмна удлоницата по која се спуштаат најдобрите премиерлигашки клубови во споредба со останатите од континентот. Но се со време...
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.031
Поени од реакции
2.047
Како по ѓаволите Челзи е трет фаворит? Како по ѓаволите го нема Баерн Михен овде, а ги има и Челзи и Манчестер Јунајтед?
Очигледно на некои им треба повеќе време за да видат и да сфатат колку е стрмна удлоницата по која се спуштаат најдобрите премиерлигашки клубови во споредба со останатите од континентот. Но се со време...
Па освен Барселона и Реал Мадрид, нема некој екстра фаворит. Интер имаше добар тим, но со заминувањето на Мурињо очекувам да се променат многу работи. Уште пак ако и Маикон им замине...
Друга работа е тоа што Барселона е навистина добар ТИМ, а Реал Мадрид има навистина добри поединци. Годинава се ќе зависи од Мурињо. Ако тој работи како што знае и ги воигра звездите на Реал, се надевам дека и сезонава Милан ќе ни се падне во 1/8 финале. Па после со Баерн Минхен, кој што го спомна ти, со Демикелис и Ван Бајтен во одбрана, Бут на голот, би бил презадоволен. Мислам дека ја сфаќаш поентата. :)

Заборавив Ливерпул да го спомнам, ама стварно не знам дали се вредни за спомнување. Хоџсон е добар тренер, ама со ваков тим, 4-то место е еднакво на освојување на Премиер Лигата. (Да не бидам целосно оф-топик :))
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom