Barclays Premier League 2010/2011

Кој ќе биде шампион во сезоната 2010/11 во Barclays Premier League?


  • Вкупно гласачи
    472
Статус
Затворена за нови мислења.

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Barclays Premier League


Нова сезона, нова тема, нови возбудувања. Само со Игорче и Сител телевизија.

Премиер Лигата е професионалната фудбалска лига на Англија и е највисока по ранг. Се состои од 20 клубови и во неа нема плеј-аут, односно последните три екипи отпаѓаат во втората лига. Првите три екипи играат директно во Лигата на Шампиони, додека четвртиот игра квалификации. Петтопласираниот игра директно во Лига Европа (стар УЕФА Куп), додека шестиот и седмиот можат исто така да играат во ова натпреварување, зависно од победниците во Ф.А. и Карлинг купот. Сезоната трае од август до мај, период во кој се одигруваат вкупно 38 кола. Спонзорирана е од Barclays Bank и затоа официјално се вика Barclays Premier League.

Во овој формат е формирана на 20 февруари 1992 година. Моментално Премиер Лигата го држи приматот за најгледана светска фудбалска лига.
Во овој период од 1992 па до денес, вкупно 43 екипи настапувале во Премиер Лигата, но само на четири екипи им успеало да освојат титула - Манчестер Јунајтед, Блекбурн Роверс, Арсенал и Челзи. Актуелни шампиони се Челзи, кои во сезоната 2000/10 ја освоија третата титула во ПЛ (четврта лигашка во историјата на клубот).

Во Англија тимовите се рангираат прво по бодови, па по гол разлика, и на крај по меѓусебен дуел.

Повелете и анкета, и очекувам да има дискусија на ниво, ама познавајќи ве, ќе треба да се отепаме од бришење.

П.С. Ако мислите дека треба уште некој да биде вклучен во анкетата, пишете и ќе размислиме по предлог-прашањето. :)
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Оваа сезона ќе биде најжестока.....

Челзи го брани трофејот,Манчестер Јунајтед сака да го врати пак на своите витрини....Манчестер Сити мислам ќе замеша прсти тука,како и секогаш и Арсенал ќе биде на врвот.
Ливерпул не верувам дека ќе фатат и 4 место,а Тотенхем ќе се бори за место во ЛШ тоа е сигурно :)
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Тешко ќе биде годинава,неизвесно е и тоа многу....конкуренти се Челзи,Ман.Утд,Арсенал и тука ќе се замешаат Тотенхем и Ман.Сити....
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Си гласав за Јунајтед, тимот е сочуван од лани плус дојде Чичарито, брзината му е на завидно ниво, вечер може ќе го видиме во акција :) За мене најважното, се ослободивме од Фостер киксерот :pop: Единствено слаба алка би била средината, Андерсон и Харгривс се повредени па Бугаров најверојатно ќе игра како AMC бидејќи исто така му се множи конкуренцијата во нападот :)
Причина која би ја освоиле титулата е 19ката како и да го пензионираме човеков со титула (Сколс и Невил се мислат уште)



Челзи мислам дека не требаа да го продадат Балак, големо значење имаше, сега го донесоа Бенајун и можеби ќе донесат уште двајца нови фудбалери ама ќе треба клупа за ПЛ, ЛШ, ФА, Карлинг, многу натпревари има во Англија плус не сметајќи ги евентуалните проблеми со повреди. Друга причина е што грото од фудбалери се околу 30-31-32 години.
Арсенал имаат млад и добро склопен тим, но секогаш потпаѓаат на крајот, минатата сезона имаа најлесен распоред до крај, но Алмуниа пaпагалот се погрижи Челзи и Јунајтед да завршат пред нив, така да смена на голман би била за почит :)
Шити ко Шити, ноу комент, и лани требаше да освојат а не дојдоа ни до ЛШ, играчите што гинеа на терен ќе си ги продадат, за нив ќе играат само платенковци, губење важни натпревари во 90 + минути плус, тоа е тоа. Исто така на чело стратег што шопингува како стечаец што зел плата во Тинекс а поддржува цитати како „With the power of the blue moon we will be 4th next season“ и губи две утакмици по ред на пријателска.
Ливерпул нов тренер, нови играчи, не знам, според мене би биле пред Шити зошто колку толку Хоџсон мислам дека знае што прави.

:)
 
B

boki10messi

Гостин
Пошто Челзи е ослабен од лани, мислам дека Јунјтед ќе си ја врати титулата. Ливерпул и те како е кандидат за титулата, тоа ќе се види. За Сити уште е рано, а Тотенхем највеќе можат до 4 место. Арсенал се знае, стандардно, ќе започнат со стил и на пола сезона ќе паднат нагло.

Пошто Јунајтед секогаш е во двата најдобри клуба во светот во последните 5 и повеќе години, очекувам заслужено да си го кренат пехарот.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Ќе биде многу тешко сезонава,многу тешко,не само за Манчестер Јунајтед и Челзи,туку и за сите други екипи на островото.Челзи и Јунајтед без некои поголеми засилувања освен Бенајун и Чичарито повторно ги сметам како 2-те екипи кои ќе се борат за трофејот(како и секоја сезона).Мислам дека шампион ќе биде оној кој ќе изигра најдобро во решавачките дуели со големата четворка,или големата 5-та од оваа сезона.Манчестер Сити со еден куп засилувања ги сметам како сериозен кандидат само за влез во европа(лига на шампиони)за шампионската титула не им давам ама ич шанси.Рано им е за титула,но ако продолжат со овој ритам,не им бега титула за едно 3-4 години.Арсенал како и секогаш,секогаш се бори и на крај ќе падне.Венгер треба да земе поискусни играчи за да претендира за титулата,ма да никогаш не смееш да го потцениш Арсенал.Ливерпул не знам што да кажам за овој тим,за титулата нема шанси,уште од старт ги отпишувам,едниствено ќе се борат за четвртото место со тотенхем и сити кое води во ЛШ.Така да мислам дека оваа сезона ќе биде уште повозбудлива од минатата,и дека шампионот во последно коло ќе се одлучува.Сепак мислам дека Тери ќе го дигне пехарот повторно.:icon_bigg

Come on Chelsea!!!
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.876
Поени од реакции
6.932
Си гласав за моите секако :) ама ништо чудно Арсенал и Ливерпул годинава сериозно да се вмешаат за титулата. Ако Хоџсон му ја најде финтата на тимот плус со добрите засилувања како Јовановиќ и Џо Кол исто и Арсенал ако го задржат Фабрегас плус со Шамак во нападот може да се подобрат за разлика од лани. Сити и Тотенхем најсериозни кандидати за 4-то место, а би сакал да испаднат ВБА, Блекпул и Волфс. А за преноси шо прајме?
 
B

BooBojan

Гостин
И како што вели народот "ново коло нова среча,неком мања неком веча" така ке биде и оваа сезона во премиер лигата.
Сезона во која има 6тима со шампионски состав.Мислам дека сепак за титулата ке се борат 3клуба а останатите за 4место.
Манчестер Јунајтед,Челзи и Арсенал.Според мене еден од овие 3тима ке ја освои титулата.Мислам дека сепак имаат повеке искуство и на клупата и на теренот во играчите за да ја освојат титулата.
Ливерпул,Манчестер Сити,Тотенхем и Астон Вила,Евертон(мислам дека нема шанси да се борат за титулата но мислам дека ке се борат за 4-5 место).Мислам дека од овие тимови сепак Ливерпул ке го освои 4то место.
Накратко ке го напишам можниот распоред на првите 7тима.
1.Манчестер Јунајтед.Мислам дека моменатално токму Јунајтед има најкомплетен тим за титулата.Тимот им е скоро ист од минатата сезона без Фостер и Тошич кои и не се баш изнаиграа а и тимот има добри замени за нив.Плус тимот добива уште млади играчи кои соединети заедно со искусните и оние во врвот на нивната кариера мислам дека ке ја освојат титулата.
2.Арсенал.Ако остане Цеск мислам дека Арсенал ке биде најмалку второпласиран.Но доколку Цеск замине тогаш мислам дека Арсенал ке биде барем под Челзи на табелата.Но сепак времето ке каже за се Арсенал кој оваа сезона ке игра со доста млад состав но сепак искусен но мислам дека оваа година искуството ке ја реши титулата.Арсенал се засили сосема солидно и мислам дека уште еден голман и дефанзивец не се на одмет.
3.Челзи.Вака моменатално според играчкиот кадар мислам дека Челзи е инфериорен во споредба со Јунајтед и Арсенал.Доколку Челзи не доведе барем уште 2ца фудбалери ке им биде доста тешко.Особено ако го знаеме фактот каде минатата сезона Челзи ја доби титулата во однос на Јунајтед.Поразите на Јунајтед во викендите кои се играат после мечеви од лигата на шампионите.Но сепак ке треба да почекаме до крајот на преодниот рок да видиме кој ке биде кој.
4.Ливерпул.Мислам дека Ливерпул ке се врати онаму каде што му е местото во BIG 4.Со новиот тренер плус квалитетните засилувања очекува многу повеке од Ливерпул во оваа сезона.
5.Манчестер Сити.Мислам дека сепак Сити треба да почека уште малку за да игра во ЛШ.Иако се засилија сепак мислам дека тимот нема вистински да профункционира уште првата сезона.
6.Тотенхем.Ако не се засили Тотенхем мислам дека ова ке биде неговата позиција на крајот од првенството.Но ке почекаме уште некое време да видиме како ке настапат Спарси на трансвер пазарот.
7.Астон Вила.Тим создаван и надградуван 4-5 сезони во континуитет.
8.Евертон.Заедно со Вила и Тотенхем станардно квалитетен тим.
И мислам дека Манчестер Јунајтед,Арсенал и Челзи ке бидат на крајот во некои 5бода разилика од 1до 3пласираниот тим.Мислам дека 4-5-6 ке заостанат 10бода зад првата тројка.А 7-8тим 5бода после 6пласираниот тим.
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Како што стојат работите околу трансферите досега, Манчестер Јунајтед е фаворит да ја врати титулата. Со истиот тим од лани. Најблиску очекувам да биде Арсенал, после толку сезони мачење со повреди редно и да ги огрее сонце малку. Не би ме изненадило и доколку освојат, но и второ место би било напредок. :)

Челзи со овие играчи и цела сезона да бидат фит тешко дека ќе е конкурентен. Со уште едно добро засилување би можеле да одат погоре, но пак тешко. Освен ако пак не испаднат многу рано во ЛШ па да се посветат целосно на ПЛ. Сити и Ливерпул ќе се борат за четврто место, а Тотенхем очекувам да биде исцрпен од ЛШ и заедно со Вила и Евертон да се бори за Европа Лига.

Секако со некој трансфер до крајот на преодниот рок би можеле да се сменат работите, но според мене ова е состојбата моментално. :)
 
T

the Carpenter

Гостин
Се сеќавам дека и Барса и Реал понекогаш завршуваа трети или четврти, па никогаш не ги отпишаа од титулата. Ливерпул еднаш киксна малку подебело, и веднаш е понекомпетентен од Сити и Тотенхем.
Прво, ќе почнам од Тотенхем.

Тоа што беше Селта во Шпанија, тоа ќе е Тотенхем во Англија. Ако оваа година бидат погоре од 5 место, јас ќе се фрлам право во Сава (да прошетам малку низ Балканов).
Манчестер Сити се поконкурентни, ама со пари преку ноќ се купува Ламборџини, не се прави шампионски тим.
Манчестер не загуби играчи, ама не ни купи. Лани не беше убедлив, а зошто би бил сега? Една негативност - од лани сите се постари за една година.
Арсенал - ако бидат здрави се најдобар тим. Проблемот е тоа што не знаат да бидат здрави. Со 4343535 подавања и дриблинзи се лесна мета за играчи како Шоукрос.
Челси си е Челси со Карло Анчелоти, без разлика дали ќе купат некого или не. Балак беше голем играч кој оставаше многу, но со себе нема да одземе многу. Така да ... први фаворити се тие.

За Ливерпул нема да коментирам многу. Засега му верувам на Хоџи, ама не верувам дека има сили за шампионат, иако се надевам.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.783
Поени од реакции
11.339
Едвај чекам да почне ПЛ!!!
Иако лигава полека паѓа медиумски и финансиски и се намалува бројот на светска класа англиски играчи, чат пат некој талент како вилшер/ешли јанг/валкот и тие ...овие веќе етаблираниве само ќе си го одржуваат статусот, ама никој нема да направи нешто повеќе (исклучок е руни да земе balon do'r :icon_lol: ) итн итн...арно ама арапиве ќе ја дигнат колку толку со засилувања, па не е чудно, после 2-3 години (допрва што следат) да дојде меси, роналдо, кака :pos: па да се врати на старото јако ниво, што и не верувам...бидејќи не се форсира а и реално мал е потенцијалот на играчи што допрва треба да носат на грб екипа, репрезентација итн, а се од енглеско говорно подрачје...жално, знам.
Го читам fantomx наназад по темиве, околу оваа проблематика и го подржувам и ќе гласам за него!
Туку да не серам многу...оваа сезона ќе има 4 тима со шанси за освојување на ПЛ (на почеток знаете сите како оди оваа работа).
Е сега, некои се засилија, ко сити што купија еден тон играчи и арсенал гагаџиите :icon_lol: ливерпул исто...додека пак, овие што се двојат од сите (без навреда, ама МанУтд и Челзи се врвот) сеуште не купија нешто звучно, освен хернандес/смолинг и челзи зема некој младич од Сигма колку што памтам и еврејон...
Арно ама, до 31ви август има време...голема екипа (не важи за сити ова во никој случај) купува играч/ѕвезда во 5 до 12 и тука им ги руши сите коефициенти на оние чичковците од вил хил...и им ги тресе г'зовите на противниците, кои секако се со доста солидни екипи, секоја чест!
Но ништо не може да ме разубеди дека и оваа година ќе гледам пак слепа трка помеѓу јунајтед и челзи...арно ама, не од навивачки аспект, него реално, ќе се врати титулата на олд трафорд, поради фактот што карло кај и да отиде прва сезона зима титула во првенство и после ровари низ европа и толку...додека манчестер, кога можеа лани со флечер и керик во одбрана и без оние дрвана рио/видич да бидат поен позади челзи, пазете се што ќе биде оваа сезона...е ако се повредат пак , нека идат у пичку матер !!!
П.С. ливерпул не е за потценување во никој случај, иако лани беа тиње...за шампиони, може не, ама дека ќе делкаат во дербија, тоа гарант...освен ако стиви џи не му ја пушти на дрогба ко во мај годинава :icon_lol:
поздрав луѓе, па да почне сезона и да се реметиме....

чаос
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Уфф,ова сезона има да ни одземе 10 години од животот...:)

Ќе биде пеколна сезона тоа е јасно...Челзи сака да го одбрани трофејот,а Манчестер да го врати назад....така да ,овие 2 тима мислам дека ќе бидат главни конкуренти за титулата.
Арсенал,па Арсенал има добар тим,но мислам дека нема доволно сили за да освои ПЛ...повредите си го прават своето.
Ливерпул,не знам зошто толку слаби ги напрајвте...за титула сепак можеби немаат шанси,но за 3 место би требало да се јадат со Арсенал.
Сити,искрено мислам дека ќе се борат со сите сили за да обезбедат ЛШ...за шампиони,е тоа тешко...не се прави за 1 месец шампионски тим.
Тотенхем ќе се бори со ВИла и Евертон за Лига Европа..за ЛШ уште сега ги отпишувам.
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Се сеќавам дека и Барса и Реал понекогаш завршуваа трети или четврти, па никогаш не ги отпишаа од титулата. Ливерпул еднаш киксна малку подебело, и веднаш е понекомпетентен од Сити и Тотенхем.
Прво, ќе почнам од Тотенхем.

Тоа што беше Селта во Шпанија, тоа ќе е Тотенхем во Англија. Ако оваа година бидат погоре од 5 место, јас ќе се фрлам право во Сава (да прошетам малку низ Балканов).
Манчестер Сити се поконкурентни, ама со пари преку ноќ се купува Ламборџини, не се прави шампионски тим.
Манчестер не загуби играчи, ама не ни купи. Лани не беше убедлив, а зошто би бил сега? Една негативност - од лани сите се постари за една година.
Арсенал - ако бидат здрави се најдобар тим. Проблемот е тоа што не знаат да бидат здрави. Со 4343535 подавања и дриблинзи се лесна мета за играчи како Шоукрос.
Челси си е Челси со Карло Анчелоти, без разлика дали ќе купат некого или не. Балак беше голем играч кој оставаше многу, но со себе нема да одземе многу. Така да ... први фаворити се тие.

За Ливерпул нема да коментирам многу. Засега му верувам на Хоџи, ама не верувам дека има сили за шампионат, иако се надевам.
Челзи ги изгуби Балак, Џо Кол, Белети и најверојатно Деко. Може не се првотимци, ама се искусни и можеа да помогнат. Вака немаат никој на клупа и ме чуди како на 15 дена до почетокот на сезоната не се презема ништо.

За Манчестер, демек негативност е шо на пример Нани, Руни, Валенсија, Флечер, Еванс, Рафаел, Видич се постари ? Не беа убедливи ама имаше натпревари каде играа со Флечер и Керик како централни дефанзивци.Мада се е можно, може и да грешам. :)
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Челзи не ми изгледаат како тим кој може да го одбрани трофејот, не се засилија туку ослабнаа.. Ман.Ју ниту они не повлекоа потег кој е за поздрав, се некако опаѓаат од година во година, а кога ќе се сетам само колку моќно делуваа пред 2 год.
Топџиите иако секогаш потценувани пред самиот старт ми се меѓу омилените на островот, би сакал да се движат во насока со врвот на табелата...
Ливерпул очекувам после пауза од една година повторно да ги видиме во топ-4, очигледно сезонава тоа ќе биде уште понеостварлива мисија.
Цела јавност беше свртена кон Сити летово и сеуште е, на ред е да се покажат на дело.... доколку и годинава не влезат во топ-4 редно е Арапите да го напуштат спортот засекогаш и да бараат чаре во друга сфера.
Комплицирана е работата за Спарси, жестока борба со титаните во Европа и истовремено повторување на успехот во лига.

После све ова сумирано стварно немам конкретен фаворит како што тоа беа Челзи минатата година... им давам исти шанси на овие пет екипи исклучувајќи ги Спарси од ова друштво.

--- надополнето ---

со што ја прави ПЛ уште поинтересна за пратење во текот на цела година.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Челзи не ми изгледаат како тим кој може да го одбрани трофејот, не се засилија туку ослабнаа.. Ман.Ју ниту они не повлекоа потег кој е за поздрав, се некако опаѓаат од година во година, а кога ќе се сетам само колку моќно делуваа пред 2 год.
Топџиите иако секогаш потценувани пред самиот старт ми се меѓу омилените на островот, би сакал да се движат во насока со врвот на табелата...
Ливерпул очекувам после пауза од една година повторно да ги видиме во топ-4, очигледно сезонава тоа ќе биде уште понеостварлива мисија.
Цела јавност беше свртена кон Сити летово и сеуште е, на ред е да се покажат на дело.... доколку и годинава не влезат во топ-4 редно е Арапите да го напуштат спортот засекогаш и да бараат чаре во друга сфера.
Комплицирана е работата за Спарси, жестока борба со титаните во Европа и истовремено повторување на успехот во лига.

После све ова сумирано стварно немам конкретен фаворит како што тоа беа Челзи минатата година... им давам исти шанси на овие пет екипи исклучувајќи ги Спарси од ова друштво.

--- надополнето ---

со што ја прави ПЛ уште поинтересна за пратење во текот на цела година.
Тоа што не освоивме лани ЛШ два пати по ред и сега ја изгубивме титулата ради повреди и губење 2 клучни играчи за тебе е опаѓање од година во година? Од кога знам за себе сме на врвот во Англија. Па едвај две сезони дали минаа да го заклучиш тоа, да го правевме муабетов во мај 2011 и Манчестер да завршеше бетер од 2009/10 сезоната ќе те сфатев...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom