Доста го реметите детево бе, глеате дека се пали ко младо петле... Давор, тебе никој не ти е крив ако не ги разбираш македонските дијалекти (малешевски у случајот). Доста се расправаш, дај порасни веќе еднаш. Не му иде на Челзи сезонава, и? Пропаднал светот? Лани над 100 гола дадовте. У времето на Мурињо, уште во јануари се знаеше дека Челзи ќе биде шампион. Јас сум навивач на Манчестер од 2000/2001, ги запознав играчите од европското во Белгија/Холандија (пошо на СП 98 во Франција го знаев само Роналдо). Не плачев кога Арсенал растураше со Анри и остала француска багра. Не плачев кога Арсенал 2002/2003 ја заврши без пораз. Не плачев кога екипа како Порто (шо после стана европски шампион) го елиминираше Манчестер во 90 минута. Не плачев кога Мурињо доминираше. Не плачев кога Манчестер испадна уште по групи од ЛШ. Не плачев кога Милан на Сан Сиро го тепаше Манчестер со 3:0. Не плачев кога Барселона победи во 2009. Не плачев ни кога си отиде К. Роналдо. Едноставно, секогаш верував во тимот и тренерот. Многумина од нас без да гуглаат не знаат кој бил тренер на Манчестер пред Фергусон. Кога ќе си отиде Ферги, ништо повеќе нема да биде исто. Да се надеваме на добро.
И нигде не гледам каде Манчестер Јунајтед не се пласирал во ЛШ следната сезона? Ти беше тој еднаш ко почнавме за „големата четворка“? Е то е битно околу таа апстрактна работа наречена „голема четворка“. ПЛАСМАН ВО ЛШ.
Констатирање импотенција на тим и незаинтересираност на тренер не е плачење. То е само, ко шо реков, констатација.
Играчите? Колку се верувало на играчите гледам во тоа шо сега еден цел состав на Манчестер Јунајтед од блиско минато е исмеван од фановите овде. После некој очекува да верувам во „големината на навивањто“ ваше? Во тренерот, поточно менаџерот, верувате пошто јасно е дека знај шо прај. Ама во играчите? Тука не можите да продавате магла. Слично и јас, главно верба ми остана во Карло Анчелоти после дуелите со Интер, во играчите не. Сезонава и Карло Анчелоти е целосно изгубен, а не го ни интересира да се пронајди себе си. Така да, тешка е работата.
Абе се убаво поштуам воа шо им се случува на Челзи, не ги сакам ама ич. Кога би бирал за шампион помеѓу Челзи и Арсенал без размислување би ги одбрал Арсенал. Ама па воа вашево е веќе смешно, го напраивте клубот a mid-table club... Секој има пад во форма, јасно е тоа. Башка клучни играчи беа повредени... Освестете се малце оти кај и да е ке влезат во форма па повторно ке ги браните...
Лига Европа - тим, реално.
Дали си свесен оти ова влечи од дуелите со Интер, ПРЕД освојувањето на ДВОЈНА КРУНА? Јас гледам оти ни ти, а уште помалку останатите сератори овде, не разбирате дека проблемот е многу подлабок.
И кај се изјавиве, оти си толку лош?
Ок нема везе се одјавувам од темава дур не почне Челзи да победува
Се читаме следната сезона, и то ако Абрамович се освести конечно.