ThA-BiTcH
~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
- Член од
- 23 септември 2005
- Мислења
- 4.338
- Поени од реакции
- 62

Барби 46 години на пазарот, и сеуште успешна како некогаш, или да бидеме реални многу поуспешна....
Барби, тоа се 46 години без апсолутно ниту една брчка, со бескрајно долги нозе, со прекрасна облека и раскошно деколте. Нејзините размери се сон за мажите. 46 години ја пушта својата долга коса да и лета слободно, насмевката е секогаш совршена, облеката прекрасна...
Ја сакаа порано, ја сакаат и ден денес.
Сон на секој маж, но и сон на секое девојче...
Јас си чувам една барбика од пред 7 години, што татко ми ми ја купи кога бевме у Грција, многу ми значи.
Сигурно и вие имате по некоја барбика дома?
Што всушност претставуваше барби за вас?
За мене беше повеќе од кукла...сакав да бидам како неа и и се восхитував...можеби ради тоа се офарбав плава:wink::wink:
Како и да,
сакам да напишете нешто за барби, затоа што знам дека била дел од животот на секоја жена и девојка!





