Украинциве сега треба да тргнат на се или ништо, Џа или Бу, баражите знаат да бидат многу весели
Босна е според мене во многу поголема каша отколку што мислите: прво, оние тројца кои фалат се голем проблем за екипа како Босна, второ, Португалија имаше многу шанси на првиот натпревар и ако се повтори таа слика, порано или подоцна ќе брцнат гол и ќе го решат. И трето и можеби најважно: судењето на првиот натпревар беше многу тенденциозно, не очекувам да биде поинаку ни сега. Никој не сака светско без Роналдо, тоа е губење пари за спонзорите и организаторите.
Значи, дечките на Ќиро ќе треба да се надминат себе си, за што имаат отворена поддршка од целиов регион, да направат сензација и да пројдат. Има нешто што е на нивна страна: Балканскиот инает, што доаѓа посебно до израз кај босанските тврди глави.
Им посакувам пласман на светско!
Сега до кај сме, мисли Шева да збрца гол или не...?