Баптисти со антихристијански пароли?

  • Креатор на темата Креатор на темата Maran Ata
  • Време на започнување Време на започнување
И?
Мислиш дека ова е христијански однос..
http://au.youtube.com/watch?v=jgiPJttZmnI
Што се обидуваш да докажеш...вакви теми не се никому од корист..
 
Ова видеоклипче намерно го пастирав затоа што отвара една цела нова тема - пацифизам во рамките на религијата.

Зборот пацифизам доаѓа од латинските pacificus — творечки / мир pax — мир и facio — правам.

Тој претставува противење на војната и насилството како средство за решавање на споровите. Опфаќа спектар од погледи што се движат од верувањето дека меѓународните спорови можат и треба да се решаваат по мирен пат до апсолутното противење на употребата на насилство, па дури и на сила, во сите околности.

Првите пацифистички организации се појавуваат во втората половина на 19-ти век помеѓу интелектуалците во Велика Британија и Обединетите Нации на Америка, а голем замав зема во 1880-те и 1890-те години. Подоцна тоа гледиште го прифаќаат и комунистите антиимпериалисти со цел да ги привлечат пацифистите за идејата на комунизмот.

По Втората светска војна пацифизмот навлегува како движење помеѓу широките народни маси. Современата појава на истиот е поврзана со хипи добата кон крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години. Во Америка протестните превземаат дејствија против војната во Виетнам - изгорување на воените книшки, отказ на мобилизираните младежи итн.

Најновите пацифистички организации се блиски до левите политички кругови и најчесто соработуваат со организациите за екологија - зелените.

Симбол на пацифизмот е знакот, изработен од лорд Бартон Артур Вилијам Расел - британски аристократ, филозоф, есеист, математичар, кој за прв пат го користи во 1958 год.

175px-Peace_symbol.svg.png
 
Ова видеоклипче намерно го пастирав затоа што отвара една цела нова тема - пацифизам во рамките на религијата
Пацифизам?

Зборуваш за пацифизам и пацифисти кои тоа го искажуваат кон заблагодарување на бога за тоа што има жртви?

И нели таа нова тема како што викаш - пацифизам во рамки на религија одсекогаш требало да постои... нели религиите се секогаш за мир?
 
Ако е така, немаше да постојат мачениците и гонетите заради верата.
Пацифизмот ептен потсеќа на пасивизам, а тоа е избегнување и правење компромис со светот за да не си ја загрозиме удобноста на креветот и фотелјата.
 
Пацифизмот е екстремност која доведува и до непочитување на властаа и до небранење на својата татковина и својот народ доколку некој го нападне. Баш како што рече Макариос, пасивизам и инертност, кога е во прашање дали треба некој да се одбрани и да му се помогне.

п.с. погледај го клипчето!!!
 
Ова видеоклипче намерно го пастирав затоа што отвара една цела нова тема - пацифизам во рамките на религијата.

Зборот пацифизам доаѓа од латинските pacificus — творечки / мир pax — мир и facio — правам.

Тој претставува противење на војната и насилството како средство за решавање на споровите. Опфаќа спектар од погледи што се движат од верувањето дека меѓународните спорови можат и треба да се решаваат по мирен пат до апсолутното противење на употребата на насилство, па дури и на сила, во сите околности.

Првите пацифистички организации се појавуваат во втората половина на 19-ти век помеѓу интелектуалците во Велика Британија и Обединетите Нации на Америка, а голем замав зема во 1880-те и 1890-те години. Подоцна тоа гледиште го прифаќаат и комунистите антиимпериалисти со цел да ги привлечат пацифистите за идејата на комунизмот.

По Втората светска војна пацифизмот навлегува како движење помеѓу широките народни маси. Современата појава на истиот е поврзана со хипи добата кон крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години. Во Америка протестните превземаат дејствија против војната во Виетнам - изгорување на воените книшки, отказ на мобилизираните младежи итн.

Најновите пацифистички организации се блиски до левите политички кругови и најчесто соработуваат со организациите за екологија - зелените.

Симбол на пацифизмот е знакот, изработен од лорд Бартон Артур Вилијам Расел - британски аристократ, филозоф, есеист, математичар, кој за прв пат го користи во 1958 год.

175px-Peace_symbol.svg.png

Goreizlozhenata baptistichka sekta nema vrska so pacifizmot ni protestantizmot. Sekoja bapristichka "crkva" vo SAD (so iskluchok na Southern Baptist church), e organizacija za sebe i dejstvuva nezavisno od drugite t.n. baptistichki crkvi. Vo dadeniot sluchaj se raboti za konkretna sekta: Westboro Baptist church.
 
Ако е така, немаше да постојат мачениците и гонетите заради верата.
Мачениците и гонетите заради вера постојат не поради тоа што таа вера го проповеда мирот или пацифизмот како што ти кажа и ако така ти одговара туку поради тоа што други не ги прифаќаат. Или најпросто кажано... колку и да имаш воинствена религија бесполезно е повторно ќе бидеш гонет од тие на кои не им одговара.
Пацифизмот ептен потсеќа на пасивизам, а тоа е избегнување и правење компромис со светот за да не си ја загрозиме удобноста на креветот и фотелјата.
За каков пацифизам воопшто зборуваш т.е обид за пацифизам?
Пацифизмот е екстремност која доведува и до непочитување на властаа и до небранење на својата татковина и својот народ доколку некој го нападне. Баш како што рече Макариос, пасивизам и инертност, кога е во прашање дали треба некој да се одбрани и да му се помогне.

п.с. погледај го клипчето!!!
Ќе почнам со кличето - го гледав а тоа можеше и да го заклучиш по мојот псот кој си го цитирала не`?

Ако пацифизмот кој го зборуваш и е прифатен од сите од кого тогаш потреба да ја браниш татковината?
 
Ова видеоклипче намерно го пастирав затоа што отвара една цела нова тема - пацифизам во рамките на религијата.

Зборот пацифизам доаѓа од латинските pacificus — творечки / мир pax — мир и facio — правам.

Тој претставува противење на војната и насилството како средство за решавање на споровите. Опфаќа спектар од погледи што се движат од верувањето дека меѓународните спорови можат и треба да се решаваат по мирен пат до апсолутното противење на употребата на насилство, па дури и на сила, во сите околности.

ПА НЕЛИ ОВА СЕ ИСТИТЕ ЗАЛОЖБИ И НА ХРИСТ

Марко 15 ред6 до ред 16

ред 7 - Таму беше и еден по име Бараба кој беше окован заедно со другите БУНТОВНИЦИ-ПАТРИОТИ - РЕВОЛУЦИОНЕРИ (Зилоти мислам се викаа) бунтовницикои во еден бунт беа извршиле убиство

ред11 - Но религиозните ПРАВО (сла...)СВЕШТЕНИЦИ ГО НАГОВОРИЈА НАРОДОТ дека е подобро да им го пушти Бараба

ред13 - А тие религиозните повторно извикуваа "Распни го "

ред 14 - Пилат пак им рече "Какво зло сторил "

Но религиозните уште погромко извикуваа "Раааааспни гоооо"

ред 15 --- Тогаш Пилат сакајќи да ја задоволи религиозната разулавена толпа (руља ) го ослободи БАРАБА-ПАТРИОТОТ - РЕВОЛУЦИОНЕРОТ ааааааааа Исус откако го камшикуваа Го предаде да биде распнат

ОЧИГЛЕДНО

ВУК ДЛАКУ МЕЊА АЛИ НЕ И ЌУД

СЕКОЈА СЛУЧАЈНОСТ И НЕЕ БАШ СЛУЧАЈНОСТ

ДВЕТЕ ГРУПИ НАДВИКУВАЧИ СЕУШТЕ ПОСТОЈАТ НА ИСТОРИСКАТА СЦЕНА

А ВО КОЈА ГРУПА СПАЃАШ ТИ ?

Пацифизмот е екстремност која доведува и до непочитување на властаа и до небранење на својата татковина и својот народ доколку некој го нападне. Баш како што рече Макариос, пасивизам и инертност, кога е во прашање дали треба некој да се одбрани и да му се помогне.

п.с. погледај го клипчето!!!

А ТЕМАВА Е ЕПТЕН ДОБРА

ПА НАЈГОЛЕМИОТ ПАЦИФИСТ ВО ПОСЛЕДНИ 2000 ГОД

НЕЕ НИКОЈ ДРУГ ТУКУ ХРИСТ

ЕВРЕИТЕ ГЛЕДАЛЕ КОЛКАВА ОГРОМНА МОЌ ИМА

ГО МОЛЕЛЕ ДА ГИ ОСЛОБОДИ ОД РИМЈАНИТЕ

ОВОЈ ОДБИЛ...........ХАХАХАХААА

КАКВА СТРАШНА ДИЛЕМА ..ОВА ДУРИ МОЖЕ И КАКО АНКЕТА ДА СЕ ПОСТАВИ

КОГА БИ СЕ НАДВИКУВАЛЕ - ГЛАСАЛЕ ПРЕД ПИЛАТ КОЈ ДА БИДЕ ОСЛОБОДЕН А КОЈ УБИЕН ВИЕ БИ ГЛАСАЛЕ ЗА:

1) БАРАБА ...ДОКАЖАН ПАТРИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ...ЗНАЕЛ ДЕКА САМО СО СИЛА МОЖЕ ДА ГИ ИСТЕРА РИМЈАНИ

2 ) ХРИСТ.....НАПРАВИЛ ОГРОМНИ ДОБРИНИ ЧУДЕСИИ ....НООООО ОДБИЛ ДА УПОТРЕБИ МОЌ ПРОТИВ РИМЈАНИТЕ

ХАХАХАХААААА
 
Ова беше најболната верска девијација на кое сум налетала во последно време.
Да, чудесно, Америка - слободна држава, нек збори секој што сака, нека креира секој своја филозофија и нека ја крека низ маало, па после зашо ни се раѓаат лудаци, леле мамо како да ги запреме?!
Косичето ми иде да и го искубам на гускава, ај за глупостите од една страна, ама од друга, гледав клипчиња каде што зборуваат и ќерките нејзини...па бива ли да им го упропастуваш животот на децата така....
 
Бива и тоа.
Тоа е последицата од напуштањето на изворната вистини и впуштањето по отривање некои нови вистини. Секое напуштање на вистината ги има посочените последици. И редовно следува прашањето:„..а зошто тоа токму мене ми се случи?...„
 
еве ги божјите слуги на мирот

весник Вест............Година: 2 Број:451 Четврток 1/10/2002

ЦРКВАТА ВО ПОЛИЦИЈАТА

Исус ќе ги чува "Тигрите" и "Лавовите"

Министерот Љубе Бошковски смета дека давањето крст и верска плочка со православна молитва нема да му попречи на мултинационалниот соживот. Припадниците на другите вери и атеистите не ги зедоа плочките

Специјалците на МВР - единиците за специјални задачи "Тигри", за брза интервенција "Лавови", посебната полициска, како и единицата за антитероризам, од вчера се осветени и се под закрила на Господ. На верскиот обред што го водеше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и десетина попови во првата полициска база кај скопската населба Визбегово, на секој припадник на специјалната единица му беше доделена т.н. верска плочка со ликот на Господ и крст, за да ги носат секогаш со себе. На задната страна од плочката е изгравирана молитва што како заклетва во војска ја повторуваа специјалците: "Господи, чувај ме од зло и дај ми сила да ги одбранам мојот дом, мојот народ, мојата Македонија. Амин." Тие три пати по честитката на г.г. Стефан "Христос се роди!", извикуваа отсечно и војнички:"Навистина се роди!" Полицајците ги примаа плочките со симнати капи, бакнувајќи го петрахилот и крстот на попот на нивниот пункт, а потоа и плочката.
На церемонијата министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски ги инаугурира, како што рече, првите полициски генерали во Македонија: директорот на јавната безбедност Горан Митевски во генерал, потсекретарот за полиција Ристо Галевски во највисокиот чин генерал на македонската полиција, неговиот заменик Зоран Јовановски во генерал - мајор, а овој чин го добија и Горан Георгиевски, началниците на "Лавовите" Горан Стојков, на "Тигрите" Горан Здравковски и на ПЕП единицата Васко Стамевски, како и заменик-командантот на "Тигрите" Стојанче Ангелов.
Генералот Галевски му поднесе рапорт на премиерот Љубчо Георгиевски.
Министерот Бошковски се спротивстави дека верското осветување од МПЦ на специјалците, меѓу кои има и атеисти и припадници на други вери покрај православната, е случај без преседан во светот. Тој посочи дека во многу демократски земји, како Франција, Германија, Русија и други полицијата е под закрила на доминантната вероисповед, иако и таму е повеќенационална и со различни верувања и смета дека ваквиот чин нема да му попречи воопшто на мултинационалниот соживот.
Извори меѓу свештените лица ни рекоа дека припадниците на специјалната единица од поинаква вероисповед, а кои биле малубројни, не ги земале плочките, што било нивно право. Тие ниту се бунеле за осветувањето, ниту најавиле дезертерство, ни рекоа некои од старешините на специјалната единица на МВР.
Протојереј Ставрофор вели дека Црквата се наоѓа на вистинското место, меѓу бранителите и смета дека во православна Македонија, со осветувањето никого ниту навредиле, ниту обезличиле. Тој дури смета дека плочката треба да ја носат на градите и муслиманите и католиците меѓу полицајците, зашто на неа бил изгравиран само неконкретен лик кој можел да асоцира на чиј било Бог. "Се надевам дека во иднина, кога работите ќе се средат, до мене ќе стои оџа или бискуп и сите заедно ќе ги благословуваме бранителите на Македонија", вели протојерејот.
По церемонијата, гостите беа послужени со топол чај и започна забавниот дел од програмата. На песната на Блага Петреска оро заводи штотуку промовираниот генерал Горан Митевски, а по него заиграа специјалците.
С.Колевска

***

Странците не му дадоа легитимитет на осветувањето

На осветувањето на специјалците вчера покрај премиерот Љубчо Георгиевски, присуствуваа само високи претставници од МВР, министрите Љупчо Балкоски и Ганка Самоилова Цветановска, од републичкиот и владиниот протокол, раководството на МПЦ, меѓу кои и владиката Наум, кој е близок со со семејството Георгиевски, како и со ВМРО-ДПМНЕ. Од поканетите претставници на ОБСЕ, НАТО и ЕУ, не дојде никој. Немаше никој ни од најавените дипломатски претставници, што беше протолкувано дека не и дале легитимитет на идејата за верско осветување на Специјалната единица на МВР.
Интересно беше што на церемонијата не присуствуваше и вицепремиерката и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Доста Димовска, а од државниот врв немаше ни министерот за одбрана Владо Поповски, ни претседателот на Собранието Стојан Андов. Од кабинетот на претседателот Борис Трајковски исто така немаше никој.
.
.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=20297&idg=2&idb=451&rubrika=Makedonija
 
Дали секоја Баптистичка црква има учење слично на оваа ? Отсекогаш сум сметал дека Баптискичката црква е вид на СЕКТА !!!

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom